Home Live Jулија по големата загуба, се враќа во нормала: Некои работи ни се...

Jулија по големата загуба, се враќа во нормала: Некои работи ни се случуваат со причина

Мајката на Андријана, Јулија, по соземањето од болната вистина, собра сили и ги опиша последните моменти од животот на својата ќерка, со што се соочувала и која била нејзината најголема желба:

„Драги пријатели, моето девојче,моето Ангелче, од овој свет отиде гладна и жедна. Толку многу имаше желба да јаде нормално, но тоа беше многу тешко, затоа што организмот не примаше.

Јас се трудев, секој ден ѝ спремав, она што и прија и за што ќе изразеше желба… Но да не пишувам што се случува кога силните хемии ке ги уништат органите.

За нашите искуства од оваа голгота, некој друг пат, за да им послузи на другите, ако се најдат на тој пат.

Сега ве молам, сетете се на оваа моја молба, јадете и пијте за душата на Андријана. Сетете се на неа и поканете го моето Ангелче со вас да јаде, зашто телото замина, но душата е жива.

Ќе речат многумина дека тоа се само обичаи, но во духовноста има друга вистина. Моето Ангелче постојано ми се јавува, добивам неверојатни пораки… Ох во сиот бол, Му благодарам на Бога, што навистина е Ангел Небесен.

Таа имаше голема желба да јаде плескавица, еден сочен хамбургер, кебапчиња…

Со години се хранеше здраво, дома не јадевме месо, освен риба… Но како напредуваше нејзината состојба, кај неа имаше желба да јаде како сиот свет, макар да проба некои вкусови, а не можеше, изјави Јулија во една прилика.

Јулија моментално работи во својата емисија „Будење со Јулија“ и се гледа дека водителката ужива во својата работа, а нејзината позитива ја шири помеѓу сите што ја гледаат на ТВ екраните, но и гостите кои присуствуваат во емисијата.

Пред 3 дена, Јулија ја започна емисијата на посебен начин и откри како всушност таа гледа на животот и откри некои свои перспективи, кои кажуваат многу.

„На почетокот би ве прашала, дали и како стасавте на вашите работни места, ако ја гледате емисијата од вашето работно место или можеби се прашувате како ќе стасате на одредена дестинација, ако допрва имате план да го напуштите вашиот дом и имате некакви задачи.

Некако сите се во некој грч, во некој метеж, кога, каде, дали ќе стасаме навреме, дали ќе добиваат пенали од нивните претпоставени.

Јас денеска тргнав многу рано од дома и покрај тоа што од оваа страна каде што доаѓам јас на работа, немаше некој метеж во сообраќајот, си стасав на време.

Ова е начин и можност да можете по малку да пешачите и да се ставите во луѓето кои што ќе почнат токму од овие моменти, можеби до некаде не ни треба кола да стасаме.

Ова е предизвик за некоја нова навика, затоа што ние всушност многу тешко ги менуваме навиките, ќе се случат вакви некои работи, се случува некој аларм, кој вели дали можеме да се прилагодиме и да се навикнеме на нешто друго.

За да создадеме нова навика е многу тешко, само замислете си ако сте навикнати да пиете кафе од сабајле и знаете дека тоа кафе не е така здраво.

Колку е тешко да ја промените таа навика, да речеме да почнете да пиете топла вода со сода, како што е препорачано за чистење на организмот.

Или некој убав чај да си спремите. Тешко луѓето се одвикнуваат од своите навики. Некои работи ни се случуваат со причина, од едноставна причина да нѐ освестат дека навистина можно е да направиме некоја промена во нашите животи, драги мои.

Најтешко е кога нешто ќе ви се наметне со сила, па тогаш да почнеме да ствараме нови навики, но како и да е, кога знаеме дека сѐ се случува со причина, значи не треба да се сомневаме дека некои работи ќе дојдат на своето место, само треба за сѐ малку трпение.

Во тие сегменти од нашиот живот кога ние го учиме тоа наше трпение, со трпение можеме да си наметнеме и некоја нова навика, нешто што можеби одамна сакаме да го направиме, а не сме го направиле.

Си мислиме, ете има време, но како што гледате, времето поготово ова време во овој период од овие посебни години и тоа вртоглаво ни лета, нема време за чекање, едноставно кога ќе решиме нешто, времето е сега.

Затоа, да не си бараме изговори за некои работи. Без акција, нема промена, драги мои,“ ја започна Јулија својата емисија „Будење со Јулија.“

По ова може да заклучиме дека таа навистина има позитивна мисла, водилка која ја носи низ животот, а со овие зборови кои го започна уводот во својата емисија кажува многу.

Previous articleДац ја сака како своја ќерка, ова е убавата Јана, ќерката на Весна (ФОТО)
Next articleСо Џеј ги делел кифлите во школо, бидејќи немал што да јаде – Овој човек раскажа колку му бил чесен пријател на пејачот