Home Live Ќе се стопите од ова видео, еве како Тијана му честиташе роденден...

Ќе се стопите од ова видео, еве како Тијана му честиташе роденден на својот вук, синот на Тамара, Дарен

За своите успеси вна полето на музиката, на актерството и во приватниот живот, нашата позната пејачка, актерка, скопјанката со белградска адреса, во една прилика во интервју за Музика24, изјави:

-Нема тајна, треба да го пратиш своето срце, да бидеш разумен, цврсто да стоиш на нозете, да не правиш многу компромиси, да ги сакаш и почитуваш луѓето и публиката.

Само така ќе траеш, и секако да ја имаш подршката на најблиските. Јас морам да ја имам таа подршка од сопругот од син ми, секоја песна прво му ја пуштам син ми Вук, па ако него му се допадне ја пуштаме во етер.

Сведоци сме дека 21-от век е таков се брзо се случува, па така и самата музика и шоу бизнисот е брз. Тие талент шоуа за млади од една страна се добри, а друга лоши бидејќи тие млади луѓе мислат дека ќе направат кариера.

Знаете што се случува тие од еднаш ќе добијат 40-50 илјади следбеници на Инстаграм и мислат дека целиот свет е нивен, ете тука е моментот на кршење и затоа кратко траат.

Тие треба да ги искористат паметно тие нивни “5 минути”, да стојат цврсто на нозете, затоа што не се единствени има многу такви во морето на пејачи и актери. Сведок сум на многу луѓе кои ги познавам кои победиле на такви талент шоуа, а после неколку месеци никаде ги нема затоа што се расфрлаат со цени.

Јас сум пејачка која ја почна кариерата во претходниот век па така од секогаш мислам дека треба да се цени квалитетот, а не квантитетот.

Затоа тие траат колку јогурт“,изјави Тијана во итото интервју и додаде:

Слушајте и почитувајте ја македонската музика. Да се бара што е можно повеќе да се пушта на радио затоа што имаме многу добри изведувачи и музика. Ова е апел до сите луѓе кои прават музика, правете повеќе македонска музика и оставете ја српската и хрватската музика.

Никој да речеме во Србија не останува рамнодушен на македонската музика, јас живеам таму веќе 22 години и луѓето прашуваат зошто ние немаме таква музика, македонците се најталентираната нација во регионот. Ја знаете онаа стара народна поговорка?

Кога одите во Србија немојте да играте ќе ве надиграат, кога одите во Босна немојте да пеете ќе ве надпеат, а во Македонија немојте ниту да пеете ниту играте оти ќе ве надпеат и надиграат. Македонците се најталентирана нација и тоа треба да го искористме“, рекла Тијана.

Тијана Дапчевиќ (46) со сопругот Милан го има синот Вук (14), a во интервју за српскиот магазин „Informer“ таа проговори за периодот пред да го добие Вук и како се чувствувала тогаш.

Тијана во своето емотивно интервју тогаш кажа: „Отсекогаш говорев дека ќе родам машко дете, мајкин син, кој ќе личи на мене. Тоа е Вук!

Навистина е ист како мене, само граден како татко му. Но, мора да признаам и тврдоглав е и упорен на татко му.

Никогаш не се покајав што имам само едно дете. Вук ми вреди за десет деца. Милан и јас бевме 7 години во брак, го пропатувавме цел свет и посакавме бебе. Долго не успевав да забрем енам по природен пат и си реков: ‘Ако не останам трудна до септември, одам на асис тирано оплодување’.

Таа 2007 година мојата сестра Тамара Тодевска ја претставуваше Македонија на Евровизија, а јас ѝ го работев медиумскиот план. Бев концентрирана на тоа, не размислував за дете и баш тогаш затр уднев.“

-Што се однесува до физичката активност и до исхраната, дојдов во тие години кога решив во сѐ да бидам умерена, да си го најдам баланост. Имам исхрана која ја применувам веќе со години и некоја рутина која ми одговара.

Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана, и ја применувам еве веќе подолго од четири години и тоа ми одговара. Освен начинот на исхрана, редовно вежбам.

Најмногу ме смеат син ми, Хана и Дарен, со нив е игранка без престанка, особено кога се сите тројца на купче, тоа е пресмешно. Вук ѝ прави „будалаштини“ на Хана, Хана му прави „будалаштини“ на Вук, а Дарен сето тоа го гледа од страна, како Тито и Кардељ ги гледа двајцата.

Како цртан филм му се тие двајца, зашто не можат да се доискажат. Секогаш кога се заедно, тоа се смешки. Од што се еуфорични се пресмешни. И многу сакам да ги гледам така на купче, кога се еуфорични и кога си прават „будалаштини“ едни на други.

Кој поголема будала ќе направи од себе, тоа е врвот. Тие се моето богатство и мојата најголема љубов“, кажала Тијана во Женски магазин. Токму нејзиниот внук Дарен, слави роденден, и тијана објавила едно многу емотивно видео во кое на својот внук му го честита овој посебен ден.

Previous articleВесна Бејби ифрит лута: Ова е ненормална работа, колку сте вие неодговорни (ВИДЕО)
Next articleСузана Спасовска искрено кажа зошто е 24 часа на вода- ништо не јаде по цел ден