Home Live Еве кое е најубавото и најпозитивно суштество за Kристина Димитри (ФОТО)

Еве кое е најубавото и најпозитивно суштество за Kристина Димитри (ФОТО)

За најтешката одлука во својот живот, за улогата како мајка, за пробивот на музичката сцена и што значи да си мис, Кристина откри во интервјуто за „Женски Магазин“ во една прилика.

-Мојот прв избор за мис беше на моите 15 години. Се сеќавам многу добро на тој избор, иако бев малечка. Се одржуваше во скопската дискотека „Колосеум“ која веќе не постои.

Тој момент кога слушнав Зимска Убавица за 2013 година е Кристина Димитриевска, нема да го заборавам никогаш. Колку титули и да следеа после тоа, таа првата секогаш ќе биде посебна за мене, зашто тој момент го сонував како малечка.

Кога сме веќе кај изборите кои следеа, собрав доста титули. Би ја издвоила Новогодишна Балканска Убавица на само 17 години.

Искрено никогаш не ми било важно за наградите. Најголемата награда беше што го живеев својот сон.

Јас се подготвувам така што се посветувам на себеси повеќе од вообичаеното, одам на построг режим на исхрана и вежби. И гледам да не си ја трошам енергијата залудно.

Затоа што некои избори се напорни да се издржат. Со долги проби, на штикли по цели денови, неспиење.. Но, големата љубов кон оваа работа ми дава сила и мотивација.

– Јас сум амбициозна и полна со љубов. И таа љубов моментално е насочена кон моите најблиски и зацртаните цели. Сѐ започнува од самите нас, и љубовта и среќата и тагата.

Јас од мојот брак со Даниел го добив најубавото животно дело, а тоа е моето ангелче Давид. Се разведовме затоа што не сме биле еден за друг.. А јас се водам по тој мит, подобро добар развод, отколку лош брак.

Нашите релации се сведени само на бивши сопружници. Животот оди понатаму“, рекла Кристина во Женски Maгазин.

Таа е сега една од најпопуларните на Инстаграм, а таму е потпишана како Кристина Димитри. Во меѓувреме, стана и пејачка и настапи на Макфест.

Она што Кристина го облекла на забавата на естрадниот магазин „Бекстејџ“, сигурно дека привлекло доста внимание, затоа што со оааа уникатна крекација, вака раскомотена , таа изглеала топ.

На прашањето кој ѝ помага во обврските околу детето, со оглед на тоа што таа има ангажмани во професијата, Кристина ја истакнува помошта од нејзиното семејството, особено мајка ѝ, која му е како втора мајка на Давид.

-Брат ми и син ми се како другари. Позната е таа конекција со вујче. Навистина сум пресреќна што имам вакво семејство кое во сè ме поддржува, сподели во една прилика Димитриевска.

Да потсетиме, Кристина најпрвин беше манекенка. Потоа стана фитнес инструкторка. А неодамна реши да се проба и како пејачка, па досега има снимено неколку дуети, но своја песна сѐ уште нема.

Кристина Димитриевска постојано изненадува со својот изглед, знае да ги „раскомоти” нејзините обожаватели, а претставува модна икона за многу девојки по тоа како се облекува, гледајќи по големиот број на лајкови кои ги собира од нив.

Иако сите ѝ се воодушевуваа за досегашниот изглед, Кристина направи промена во изгледот, поточно станува збор за косата која ја офарба дреч-плава.

Иако Кристина беше брунета, новата боја на коса се разликува многу од претходната и повеќе го истакнува нејзиниот целокупен прекрасен изглед.

-Секој од нас сонува некој сон. Битно е кога ќе се разбудиме да знаеме дали да почнеме да го остваруваме или да го заборавиме. После направената математика, почнете да си ја решавате животната задача.

Доколку нешто силно сакате, борете се за тоа. И кога ќе биде најкритично и без надеж, тогаш уште посилно посакајте и не се откажувајте.

Искрено модерно стана да сите девојки имаат некој калап по кој треба да изгледаат. А тогаш се губи смислата на природната убавина и различноста.

Доколку некој има проблем естетски, во ред е да го реши, но сѐ си има граници. Понекогаш и малку може да биде премногу. На себеси засега ништо не би менувала, а во иднина ако имам потреба, зашто да не“, рече Кристина.

Кристина присуствуваше на една забава во која беше облечена во бел краток фустан, а косата ја собра во пунџа. Пејачката секогаш знае како да се среди и да изгледа модерно.

Да потсетиме, во една прилика водителката Ирена Спировска ѝ коментираше на Кристина на една фотографија дека е најзгодната Македонка, што искрено е и така, по тоа што држи цврст став, има прекрасен изглед, но за тоа се доказ и многуте награди кои ги има освоено како мис.

Имено, Кристина објави кратко видео со Снеже Велков, а досега во јавноста не беше познато дека тие двете се дружат.

Она што го напиша Кристина за Снеже е навистина многу убаво, особено кога Снеже доби комплимент од ваква убавица.

„Најубавото суштество и најпозитивно,“ напиша Кристина на видеото на кое двете изгледаа спектакуларно и видно расположени.

Previous articleМиле Кузмановски ја кажа вистината: Парите не ми значат толку многу, му благодарам на Господ
Next articleСашко Коцев со лакирани нокти, во вакво издание не го знаеме (ФОТО)