Home Uncategorized Ова е синот на Михаил Китановски, партнерот на Татјана Стојановска- многу си...

Ова е синот на Михаил Китановски, партнерот на Татјана Стојановска- многу си личи со татко му (ФОТО)

Михаил Китановски, кој е по професија бизнис консултатнт е инаку долгогодишен партнер на Тв презентерката Татјана Стојановска.

Пред неколку години во Бектејџ, таа рече дека ја освоил со неговиот интелект и шарм, а неодамна Тања во Џентлмен магазин раскажа дека се запознале на летување.

Потоа, нивниот прв состанок бил во Скопје, а Михаил бил романтичен затоа што ја поканил на морска храна и на бело вино.

На неговиот Фејсбук профил тој често објавува слики од нивните заеднички патувања и викенди, а овој пат тој објави слика од семејна вечера на која е и Тања.

-Без наслов, но со повод. Merlot 1992, е описот под фотографијата која ја објави Китановски, а според личностите кои ги означил станува збор за неговото семејство, од кое сега е дел и Татјана.

Еден од коментарите под сликата е токму за семејните вредности и вели:

-Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта,ова значи да бидете таму кога сте потребни најмногу, ова значи да се грижите еден за друг,ова значи да се сакате едни со други дури и во оние денови кога не можете да се поднесете,ова значи никогаш да не се откажете едни од други“.

-Секогаш велам дека е важно ако го најдеш вистинскиот човек, вистинскиот партнер. Не е важно дали е тоа брак или заедничко живеење, како што јас сум во една таква релација на заедничко живеење и без потпис..

Тоа е сѐ она кое што дава успех, без разлика која е формата и релацијата на врската“, изјави Татјана за „Бекстејџ“.

Татјана на широко на Михаил, кој е маркетинг консултант зборуваше во „Еден на Еден“ со Жаре. Миахил ја изненади со видео во кое зборуваше каква е Тања кога е лута. Јавноста, секогаш ја доживува како смирена и сталожена.

-Каква е Тања кога е лута? Тоа многу ретко се случува и кратко трае. Меѓутоа, кога е така, јас гледам да закажам предавање. На Гренланд.

И таму е се океј. На Гренланд“, рече Михаил за својата партнерка. На ова Тања, на многу интересен начин му одгововори.

– Епа, нема подалеку. Да, така е. Си знае Михаил, ме има научено. Не ме чепкај додека не ми помине лутината, ама навистина брзо ми поминува. Јас кога сум лута се објаснувам, да му објаснам на тој зошто сум лута.

Јас се објаснувам, аргументирам. Сега, тој треба да е тука, значи умен соговорникот, да заќути, да ме сослуша и ќе ми помине. Може и да ми опонира, ама важно јас да си се искажам.

Ако има после дискусија од типот: Не сум во право, ќе се најдеме, ама работава е прво јас да си го кажам тоа. “, рече Тања. Потоа следуваше реченица која на Татјана ѝ предизвика силни емоции.

– Драга Тања, сакам да ти се заблагодарам за балансот што го правиш во потесното и во поширокот семејство, во секојдневието, во секој момент, бидејќи тоа претставува еден клучен фактор за стабилност и за мир.

Меѓудругото, за истото, многу те почитувам и те сакам“, рече Михаил во пораката која ѝ ја испрати. Додека го гледаше видеото, на Тања ѝ навреа солзи на очите и за малку ќе заплачеше.

– Ееее, и јас те сакам! Да, да тој секогаш вика, ти си балансерот. Таква сум малку, како совеста. Се нешто така јас правдам, балансирам… Цел живот е тоа, адаптирање, балансирање, дали е тоа брак, дали е тоа работна позиција, за да имаш хармонија.

Два остри камења не мелат жито, што велат. Иако и Михаил е балансер, можам да кажам дека и двајцата доста балансираме каде што е потребно.

Тој по потреба, јас по потреба, Па, тука и се согласуваме, со истиве работи, со исти вредности, со исти ставови за животот…Тој е друг темперамент, јас сум друг темперамент, меѓутоа повеќе вредности не поврзуваат за ставови во животот. Фамилијарност, животна филозофија, едноставност…

Уживаме во хедонизмот во некоја смисла, малку повеќе е хедонист тој од мене, меѓутоа ме научи да станам хедонист.

Многу работи ме научи. Затоа што тој ужива во животот, и сака и другите окоилу него. Бевме на многу патувања благодарение на него и сега ми вика:

Е, кога ти викав да одиме да шетаме, а сега во ко ронава, кај ќе шетаме“, раскажа Татјана. Презентерката никогаш досега не била толку отворена за својот приватен живот.

Михаил има син кој е веќе возрасен, и се вика Владимир, а гордиот татко, по повод неговито 21-ви роденден, му упатил честитка на Фејсбук и споделил повеќе нивни заеднички слики.

Се гледа дека таткото и синот сакаат да уживаат во заедничките патувања, па да одат на концерти на познати групи низ Европа, а она што може да се забележи е дека Владимир доста личи на својот татко и добил доста честитки за роденден.

Previous articleЌе фалиш премногу- Сефер Цаноски се прости од драг човек, познат политичар (ФОТО)
Next articleНа овој човек, Здравко му го подари својот стан, а тој сега спие во хотел- откриена непозната приказна за славниот пејач