Home Live Весна Бејби ифрит лута: Ова е ненормална работа, колку сте вие неодговорни...

Весна Бејби ифрит лута: Ова е ненормална работа, колку сте вие неодговорни (ВИДЕО)

Нашата позната актерка Весна Бејби Петрушевска е активна на повеќе полиња кои се, сепак, на некој начин меѓусебно поврзани, актерската школа, емисијата Агенда 21 која ја води со Игор Џамбазов и нејзината работа во Македонскиот народен театар.

-Одамна работам со деца со тоа што имав пауза затоа што морав да се посветам повеќе на Кирил и Мина. Ја активирав школата пред неколку години и сум опасно фокусирана на таа работа.

Има неколку начини да оставиш белег: на филмска лента, телевизиска архива и театарскиот аплауз. Но, работа со деца и тинејџери е нешто кое остава неизбришлива трага, невидлива, а сепак толку моќна енергија.

Треба да си предодреден да умееш да работиш со деца. Децата се личности и препознаваат кога несебично се даваш себеси. Сакам да ме паметат нови генерации на кои Бејби реално не им значи ништо. Да, знаат нешто што ќе им раскажат родителите, но сами откриваат попатно.

Затоа се важни овие два проекта, „Дајте музика “ кој е сам по себе значаен и престижен, и „Гласна куќа” кој е првиот тинејџерски серијал на овие простори.

Сите млади и мали глумци се од мојата школа. Тоа ме прави особено горда и среќна“, кажа Весна во Слободен печат во една прилика.

Потоа, Весна на прашањето: Од која жена, можеш да кажеш, дека најмногу си ги научила животните „лекции“, одговори вака, во интервјуто за истиот медиум во продолжение:

– Од самата себе веројатно оти никогаш не знам се однапред и сакам да газам на стакло. Како што вели Вирџинија Вулф: Не можеш да го најдеш мирот ако го избегнуваш животот.

Немирен дух, постојано во создавање, креирање, тоа се нештата кои ме инспирираат. Имале влијание врз мене многу жени современици, на пример, фасцинатната империја која ја создаде Опра и не запира, уште работи.

Секако од актерски аспект ме интересира методот на Мерил Стрип и нејзиниот приод кон тоа што го работи. Сосема поинаку гледам јас генерално на сите нешта околу мене.

Друга диоптрија имам јас! Ме фасцинираат женски режисери. Друга ментална матрица се жени режисери. Софија Копола ми е мене најжестока во наративот, иако навидум сензибилна.

-Значи опстанок не значи живот! Исклучително напорна работа. Проект кој само го надоградуваш и немаш простор многу да маневрираш. Секое утро освен што се будам и се заблагодарувам на утрото, втората мисла ми се сметките, како да ги оправиш да одат по правиот пат во едно извртено опкружување.

Ова е ера на полусветови и полуписмени суштества. Мора да сум будна постојано.

Тешко и напорно“, одговорила Весна на прашањето: Што значи да се биде самохрана мајка во современа Македонија?

-Од системот којшто нема концепт и е потполно неупотреблив, од книгите кои нашите деца учат. Многу ме интересира кои се тие профили во комисии кои одобруваат учебници. Вредносниот систем на петка кај нас не функционира.

Важно е што ќе научат, а не што ќе добијат како оценка. Кај нас професорите не се добро платени, а имаат пред себе цел да едуцираат и да се борат со телефоните кои им се најверни другари на децата.

Не знам колку останало во нив да бидат креативни на часовите и да инспирираат оти се е бигор околу нас и во нас. Бигор души сме! Со сè се бавиме, со нашите деца не се бавиме. Би им вовела друг пристап за македонскиот јазик особено!“, изјавила Весна во Слободен печат.

Весна Бејби денес на својот профил на социјалните мрежи, се огласи со видео порака на која отворено кажува што ѝ пречи и луто им се обрати на надлежните на овој начин:

-Имате ли памет бре? Девет средни училишта, еден трговски центар, Џевахир сити? Три месеци не малтретирате со вашата неспособност, дојави за бо м-би. Вие сте ненормални, побарајте помош од стран ски служби.

Од било каде. И дајте си оставки. Аман! Ова е ненормална работа, што вие сè правите. Колку сте вие неодговорни, неписмени и недоветни. Луѓе се во прашање. Деца. Секое дете оди под ст рес кога оди на училиште.

Заради овие дојави. Три згради сега се симнавме долу, вие не знаете колку е тоа од-вратно. Со сирени, стари луѓе, не можат да одат, не можат да се симнат.

Не смеете лифт да употребите. Важно има секој ден дојава, а вие ништо не правите. Можеби правите, не знам. Ама, не гледам дека правите. И дајте си оставки. Нека дојдат некои коишто повеќе знаат.

Previous articleНа овој човек, Здравко му го подари својот стан, а тој сега спие во хотел- откриена непозната приказна за славниот пејач
Next articleЌе се стопите од ова видео, еве како Тијана му честиташе роденден на својот вук, синот на Тамара, Дарен