Home Live Горд на своите наследници- Благоја Грујовски ги покажа двата сина, уживаа во...

Горд на своите наследници- Благоја Грујовски ги покажа двата сина, уживаа во шопинг заедно (ФОТО)

Понзат и популарен и кај нас и во дијаспората, Благоја Грујовски во една прилика аправи вистински бум со својата појава кога пред преполната дискотека во Швајцарија.

Се памети дека тогаш фолкерот излезе на сцена со своето кавалче. Присутните буквално ги крена на нозе и со изборот на песни кои ги отпеа. Впрчем, Благоја е првиот наш пејач со кој менаџерот Хари Сековски ја отпочнал соработката пред дваесетина години.

-Со Хари се знаеме многу долго време меѓутоа сум го изумил тоа, но сега Хари ме потсети декаа првата негова забава пред дваесет години ја направил токму со мене во Швајцарија.

Баш ми е драго што ете сум првиот со кој работел и повторно сум вечерва овде во ова преубаво опкружување со многу народ, наши луѓе , изјави тогаш Благоја за порталот Естрада полус.

Пред присутните кои беа во голем број, Благоја отпеа бројни македонски хитовски песни, што негови што стари изворни песни, при што се заврте и оро среде дискотеката “Палма ” во Швајцарија.

-Дури ми беше малку чудно, како ке настапам покрај некој ќе ги наречам модерни изведувачи како Стојне,Цаки кои пеат се, секаква музика. Едноставно се плашев дали ќе има место и за ова што јас го пеам. Затоа што дискотеката не е моја природна околина, додава Благоја.

Без разлика дали е или не е дискотеката негово место, Благоја како и секогаш направи незаборавна забава која долго ќе се памети, каде и да настапи- сите се на нозе и се веселат со неговите песни.

Иако беше новинар во Македонското радио, музиката стана неговата животна приказна, објави во една прилика Репортер кој направи Интервју со Благоја Грујовски.

“Татко ми сакаше да бидам музичар, мајка ми интелектуалец, а не тезгар. И ете им ја исполнив и на двајцата желбата“,вели Благоја во интервјуто за „Репортер“.

Ретко кој знае дека е роден во Белград, дека е дете на студентска љубов, но дека корените му се од Лазарополе. Отсекогаш важел за човек кој остава впечаток кај жените.

Беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, вели Баже.

На Фејсбук профилот на Ирена може да се види дека таа е вистинска убавица, а кога жената е среќна, тоа се гледа на нејзиното лице, а тоа значи дека е и исполнета и сакана, како во случајот Ирена и нејзиниот сопруг Баже.

Во една прилика, Грујовски изјави дека разбирањето и толеранцијата се клулчни за нивниот успешен брак. Помалиот син Марко, има 13 години, а поголемиот Матеј кој го има од поренешната сопруга Татјана Стојановска има 25 години. Благоја рече дека не е строг татко.

– Не можам да кажам дека сум многу строг, имам моменти кога сум малку изнервиран, па ќе свикам. Со големиот и нема потреба да сум строг, тој е веќе големо момче,, дипломиран е.

Девојка не знам дали бара, дали има, нашол, не ми кажува. А со малиот уште имаме доста за расправија, и уште се расправаме со школо. Музика воопшто не ги интересира и двајцата“, рече Баже во едно интервју за Сител за своите синови.

Баже пред неколку дена објави слика со двата сина, Матеј кој е веќе возрасен и Марко, кој е тинејџер. И двата сина на Благоја пораснале во прекрасни момчиња, а таткото ги однел на шопинг и на дружба во трговскиот центар „Ист гејт мол“.

Под сликата, нашиот познат пејач на фолк музика напишал: Веселата дружина, и навистина е во право зашто оваа слика е навистина весела, а постариот брат Матеј, го прегрнал помалиот, Марко.

Previous articleКристина Арнаудова- Работиме со нула денари, враќаме назад во општеството десетици илјади евра
Next articleКрива Паланка личи на метропола, додека Скопје уште не е украсено за Нова година- Ване Маркоски се огласи по тој повод (ФОТО)