Home Live Калиопи е копија на мајка си, еве каква била таа како млада-...

Калиопи е копија на мајка си, еве каква била таа како млада- пејачката емотивно ѝ се обрати со важен повод- Ти прекрасна, силна жено (ФОТО)

Калиопи Букле во овој период многу ретко се појавува во домашните медиуми, а му беше гостинка на водителот Ненад Георгиевски во Утринска на Телма во една прилика, и ѝ даде комплимент дека изгледа супер и се подмладува, па ја праша, што правиш ти Калиопи, а таа одговори:

-Што правам, впрочем како и сите ние. Си го живеам животот на свој начин. Се разбира опружена сум со убави луѓе, со музика“, изјави таа.

Потоа со Ненад констатираа дека се немаат дружено уште од времето на шоуто Македонски Идоил кој се емитуваше на тогашната А1 телевизија, а Калиопи сега поретко ја има во македонските медиуми, но рече дека се труди да одговори на секое барање.

Јас сум секогаш позитивно насочена, и со мисла и со дух и верувам дека секое лошо за добро е“, рече Калиопи, а потоа на момент престана да зборува за да ја намести камерата, а водителот ја праша:

„Ова кученцето ли е со камерата“, на што Калиопи одгвори: Не, кученцето го нема веќе одамна, а водителот праша: Мислев да не направи некоја белја. Калиопи на ова одговори: Доволна сум си сама на себе со белјите.

Потоа Калиопи раскажа дека имала добри 25 концерти во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а по пандемиата, откако се отвориле можностите таа имала уште концерти во а таа посакува да има уште.

-Се крчка се работи, нема кај мене одмор, се додека не отидам во некоја пензија, ама таму, понатаму, за едно 15-20 години.

Искрена да бидам, Ромео работи на албум во Швајцарија, тој е неуморен, секојдневно создава нешто во своето студио, јас тука дома исто така работам.

Калиопи рече дека е среќна жена што го познавала Тоше Проески и што можела да сподели и време и моменти и радост и тага со него, и рече дека неизмерно многу ѝ недостига, како и на сите нас.

Без оглед што се долги години поминати откако одржала концерт во Македонија, Калиопи како вчера да пеела пред својот народ.

Концертот кој минатиот месец го одржачла во Велешкиот театар, од една страна покажа колку домашната публика ја зажелела, а од друга, колку е цврста таа нејзина врска со верните фанови кои со години стојат пред неа“, објави Женски магазин.

Магичен, емотивен, моќен и весел беше овој концерт, каква што е и самата Калиопи- мајстор во она што го прави, неприкосновен уметник. Со годините, гласот како да ѝ станува уште подобар, почист и посилен.

А, во старите хитови инвестира, правејќи од нив малку поинакви верзии, следејќи го чекорот на времето, а сепак оставјќи го главното да ги води- убавото време во кое се создадени.

Во мај во 2020 година, Калиопи на својот профил на Инстаграм објави емотивно видео со својот татко под кое напиша:

„Кога бев мало девојче, најмногу сакав да гледам како татко ми се бричи … Веројатно заради неговите вешти и елегантни движења ..

Тој секогаш ќе ја искористеше мојата концентрација и фасцинација за да ми стави пена за бричење на носот во неочекуван момент за мене!

Целата среќна и насмеана, ќе истрчав кај братот и сестрата на мајка ми за да си поиграм малку кловн … И сега, после толку години, улогите се сменија … И можеби ова е многу помило и поубаво за мене.

Еден од моите најомилени моменти во изолација … бричење на брадата на тато … И јас се усовршив … Како да пишувам една од моите најубави песни.“. За жал, таткото на Калиопи го напушти овој свет во јуни оваа година.

Калиопи објави емотувна посвета за него: Тато мој… Моја сила, светлост, сјај… Замина и со себе однесе дел од малечката Опи… Патувај кон светлината и биди сигурен дека во моето име врежано е и твоето, засекогаш…

Таа за време на пандемијата објави слика со уште две важни личности во својот живот, мајка ѝ и сестра ѝ. Добрата страна на пандемијата – скапоцени моменти како овој …

Ти благодарам мамо што сè уште му пркосиш на времето и што го чуваш твојот млад дух во себеси и го споделуваш со нас … Те сакаме!“, напиша Калиопи.

Мајката на Калиопи славеше роденден, а Калиопи ѝ се обрати по овој посебен повод, објавувајќи видео од нејзина песна која вели: Ти си секогаш тука кога ќе затреба, и кога не е се од злато.

На ова видео има доста слики од Калиопи со мајка си, а некои се од времето кога таа била малечка. „Ти прекрасна, силна, посебна жено! Те сакам! HAPPY BIRTHDAY MAMA!“, стпи во оваа објава на Калиопи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kaliopi (@kaliopi_official)

Previous articleКрива Паланка личи на метропола, додека Скопје уште не е украсено за Нова година- Ване Маркоски се огласи по тој повод (ФОТО)
Next articleСинот и братот на Зоран Џорлев се борат да не заплачат, а еве кои силни зборови ги кажа неговата сестра Софче- Ќе го бранам цел живот… (ВИДЕО)