Home Live Кристина Арнаудова- Работиме со нула денари, враќаме назад во општеството десетици илјади...

Кристина Арнаудова- Работиме со нула денари, враќаме назад во општеството десетици илјади евра

Кристина Арнаудова долго време работеше на проектот „Проект куќа со Кристина“ во кј на социјално заг-роените семејства од корен, со нејзиниот тим им ги ренорвираат домовите, а овие емисии се емитуваа на ТВ Телма.

Таа во едно интервју за stepbystep.org.mk, зборуваше каква била таа како дете: Се сеќавам дека многу сакав да читам книги.

Доста рано научив да читам и пишувам и обожавав да ми читаат и да читам. Сакав да рецитирам и да докажам дека можам да ја научам најдолгата стихотворба без грешка.

Омилена ми беше учителката по македонски јазик, се викаше Блага, а подоцна и мојата класна раководителка Марија. И двете ме заштитуваа и сакам да верувам дека ја оправдуваа мојата немирна енергија и темперамент кој од кога паметам се бореше против конформизмот.

Уште пред да имам деца, мечтаев како многу ќе им читам и ќе им раскажувам. Тоа го правиме скоро секој ден.

Максим обожава да му читам и раскажувам, а тоа го прави и мојата мајка, неговата баба. Се надевам дека и Матео ќе стане љубител на книги и приказни.

Децата треба да учат низ игра. Сакам да учат низ песна и низ детска игра, и тоа го правам тогаш кога Максим сака, не сакам на сила, бидејки тоа е загарантиран начин да се создаде отпор.

Се водам според моите искуства и спомени, како сум сакала јас да учам, а како не сум сакала. Не смееме да заборавиме дека тоа се деца а не возрасни луѓе, и не смееме да им го скратуваме детството“, рече Кристина.

-Мојата другарка Ивана беше иницијатор на тоа. Веќе бевме почнати со градење кога таа дојде кај мене и ми рече, дека има многу компании кои би се вклучиле, и дека мене ми би мило полесно кога тие би знаеле дека ќе имаат реклама потоа.

И реков, ок, ако тоа значи дека на тој начин ќе направиме многу куќи, и ќе овозмоѓиме на многу деца да живеат нормално, ќе снимам емисија. Не бев воопшто спремна.

Се јавив кај Мартин Трпчевски, Мартин 99, и го замолив да ми помогне. Јас и тој двајцата, сами, со најлимитирана техника, една камера, и еден микрофон, снимавме скоро сè.

Александар Ристовски Принц упаѓаше на помош, исто така, и продукцијата на Јован Лесански….Сè беше организирано од денес за утре. Немаше големи продукции и оргзнизации, асистенти, сценарија, режии….

А се работи за голем, комплексен проект, со многу денови снимање, и огромен материјал за монтажа. Имавме 10 денови активно снимање, оние кои се бават со ТВ продукција знаат што значи тоа. Не е дека седнуваш на столче во студио и одработуваш емисија.

Башка, јас прв пат во животот се најдов во таква улога. Никогаш немав напишано сценарио, секогаш се водев по чувствата и импровизирав. Можеби тоа е вистинскиот рецепт за успех, не знам. Да те води срцето, повеќе од умот. Господ ги чува храбрите“, изјави таа за почетоците на емисијата во Женски магазин.

Кристина на Фејсбук објасни со што се соочува нејзиното здружение Проект среќа кое помага на социј ално загрозените семејства, со колку буџет располагаат и колку враќаат назад, во општеството.

-Драги пријатели, донатори и добри луѓе, во моментов работиме на три проектни активности паралелно. Првиот е -Топол Оброк за Секое дете, Вториот е – Храна за секое семејство за празниците.

И Третиот- Детска новогодишна програма со децата од ДДС Неверленд, бесплатно детско драмско студио за деца со помалку можности.

Од овие три активности, само ДДС Неверленд работи со делумна поддршка на Општина Центар. Останатите проектни активности ги работиме со буџет од 0 денари.

Со Потрошени 0 денари, враќаме назад во општеството, кај граѓаните десетици илјади евра во храна, облека, топол оброк за деца. Затоа Вашата поддршка толку многу ни значи, бидејќи Вие , граѓаните и мал број на компании сте нашиот единствен партнер и ветар во грб!

Благодариме за поддршката, и останете со нас, за и овој декември да го направиме среќен за стотици семејства“, е напишано на Фејсбук профилот на Проект среќа, а овој статус го споделила Кристина.

Previous articleПрофесорката Алексиќ објасни: Скопје cмpди на лаги, Македонија вpecкa
Next articleГорд на своите наследници- Благоја Грујовски ги покажа двата сина, уживаа во шопинг заедно (ФОТО)