Home Live Крива Паланка личи на метропола, додека Скопје уште не е украсено за...

Крива Паланка личи на метропола, додека Скопје уште не е украсено за Нова година- Ване Маркоски се огласи по тој повод (ФОТО)

Ване Маркоски е еден од најпознатите ТВ и радио водители во нашата државата. Долго време не забавува пред малите екрани со неговите емисии кои се со најразлични тематики, а важи и како голем љубител на животните.

Моментално е актуелен како водител на утринската програма на Македонската радио телевизија, а неговиот глас го слушаме и на Македонското радио. Со еден збор, Ване е многу посветен на својата работа.

-Играв со останатите деца само игри каде бев водител, а тие гости. Дома цртав некои радио миксети, микрофони, си правев камери.

Мајка ми ми раскажува дека уште додека сум бил бебе, најомилено нешто ми било да гледам во радиото дома со саати. Интересно.

Имам неколку наши и светски тв и радио лица кои се пример за мене како треба еден човек во оваа наша сфера да се развива. Ги следам, сега е веќе и полесно со социјалните мрежи, бидејќи со дел од нив имам и директна комуникација.

Бев многу темпераментен. Многу ги нервирав родителите, затоа што уште од тогаш сакав да бидам независен од нив, како и секој тинејџер, а тешко ми одеше тоа. Мислев дека се можам сам.

Многу се дружевме. Имаше нормално и неубави моменти, но од сегашна перспектива, имав навистина убави „тинејџ“ денови со убави и среќни луѓе околу мене“, раскажа Ване во една прилика во Хаштаг за своите почетоци.

Инаку, градоначалник на општина Крива Паланка Сашко Митовски, уште пред да биде избран на оваа позиција, порача дека ќе работи посветено за сите кривопаланечки семејства и, како што рече, за сите граѓани на нашата Крива Паланка“, објави во една прилика iportal.mk

Митовски е познат како сопственик и менаџер на два гостителски објекти во градот повеќе од 10 години. Сопруг и татко е на три деца.

Долги години менаџирам со два угостителски објекти кои станаа препознатлив бренд на градот и регионот и не само тука во земјава, туку и надвор од границите.

Желбата да го градам мојот животен пат во Крива Паланка, да создавам и да оставам нешто, по што градот ќе биде препознатлив, ми беа мотив да ја искористам мојата креативност и направив спој на природните убавини, традицијата и препознатливото паланечко гостопримство.

Сметам дека резултатот од моето посветено и домаќинско работење, тука се разбира станува збор за мое и работење на мојот тим, е доволен доказ дека кога се сака, се се може!

Крива Паланка иако е мал град, има голем потенцијал и верувам дека со организирано работење, чесност и посветеност може да биде повеќе од пристојно место за живеење за сите генерации.

Јас и на сите доегашни средби потенцирам дека довербата ја барам од граѓаните, не за да владеам, туку за да заеднички да ја реализираме визијата за модерна, економски развиена и чиста општина“, изјавил Митовски.

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, на неговиот официјален Фејсбук профил, објави фотографии од украсената Крива Паланка, која личи на метропола, на вистинска новогодишна бајка.

– Блескава новогодишна атмосфера го осветли градот, за нови насмевки, радост и незаборавни моменти во пресрет на највеселите празнични денови што претстојат.

Детски радосни лица, исполнети со среќа срца и мигови за паметење – за тоа сме тука, и ние во општината, но и нашинците на кои при срце им е татковината.

Нека сјајот во детските очи и убавата енергија во мислите на граѓаните бидат единствена слика на нашата убава Крива Паланка.

Сегогаш работиме со срце за Крива Паланка“, стои во оваа објава која многумина ја поддржаа, а меѓу нив е водителот Ване Маркоски кој објавата на Митовски ја сподели на Фејсбук.

-Градоначалнициве од Скопје нека земат пример од Сашко Митовски. Нека го побараат да им објасни како може и како треба за да се насмеат и израдуваат луѓето за празнициве“, стои во објавата на Маркоски.

Previous articleГорд на своите наследници- Благоја Грујовски ги покажа двата сина, уживаа во шопинг заедно (ФОТО)
Next articleКалиопи е копија на мајка си, еве каква била таа како млада- пејачката емотивно ѝ се обрати со важен повод- Ти прекрасна, силна жено (ФОТО)