Home News Олеснување за скопјани – автобусите ќе се тргнат од улиците, превозниците го...

Олеснување за скопјани – автобусите ќе се тргнат од улиците, превозниците го послушаа премиерот

Премиерот Димитар Ковачевски, денес рече дека е подготвен за разговор за изнаоѓање на решение за проблемот на приватните превозници, но не под закани, уцени и притисоци.

И тој, како и вицепремиееор Битиќи, повтори дека Владата не размислува за одземање на ингеренциите на Град Скопје во делот на сообраќајот, бидејќи тоа ќе значи чекор назад во процесот на децентрализација..

Доколку се случат средби, Ковачевски вели дека ќе бидат во присуство и на претставници од Градот.

-Приватните превозници, имаше едно соопштение, вчера, во кое што кажаа дека доколку немале состанок со претседателот на Владата ќе ги радикализирале протестите.

Она што можам да кажам дека да, јас сум човек кој ќе се сретне со сите што треба меѓутоа не под притисок и не под уцени.

Кога ќе се исполнат условите да имаме дијалог базиран врз основа на факти, врз основа на сите кои што се вклучени и кои што се надлежни да го решат проблемот и кога тој дијалог ќе започне без притисок, односно кога улиците ќе им бидат вратени на граѓаните на Градот Скопје, тогаш може да го одржиме состанокот.

-Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информираше попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Ленин соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.

– Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече тој.

Ленин истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со таа документација да ја презентираат на таа средба.

– Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена.

Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, рече Ленин.

Извор: Канал 5

Previous articleПоследен поздрав до мојот помал брат- Анастасија Ражњатовиќ скршена од болка, голема загуба која ја чувствува и Вељко
Next articleТања Савиќ љубоморна на новата девојка на Душан – Тоа што му го рече за децата би го направила секоја мајка