Home Live По долго време, ќерката на Наум – Анастасија се појави во јавноста,...

По долго време, ќерката на Наум – Анастасија се појави во јавноста, поводот е интересен (ФОТО)

Наум Петрески, нашиот познат фолк-пејаќ е татко на четири деца, Сања и Анастасија која е позната пејачка, ќерките од првиот брак. Од бракот со Зуица Лазова го има синот Стефан и ќерката Македонка.

Наум е веќе и дедо. Анастасија му ја донесе оваа голема среќа во март во 2019 година кога ја роди ќерката Андреа, а сега од неа има и внук.

Инаку, и Анастасија е мажена за колега, а тоа е пејачот на групата „Биоритам“, Владимир Поповски. “Многу сум радосен, немаше посреќен човек од мене кога Анастасија ми ја соопшти убавата вест.

Воопшто не ми беше важно дали ќе ни се роди внук или внука, но пресреќен сум што таа ќе роди девојче. Нека биде убава на мама и талентирана за музика на мама и на тато“, изјави Наум Петрески кога слушна дека Анастасија е бремена по прв пат.

Во една прилика, Наум искрено раскажа колку му бил најголемиот бакшиш во кариерата.

„Тоа беше многу одамна, во Вевчани се има случено, во кафанче помало од студиово, ресторанот го држеше мој пријател и сват во исто време, ептен другари сме.

И нè повика, имаше гости од Србија, од овде, од онде, генералниот директор беше на „Панонка“, и вечерта земавме некаде околу 12.000 тогашни марки и околу 3.500 швајцарски франци“, изјави Наум во емисијата Еден на Еден.

Над 300 песни има на својот репертоар и снима активно . Сепак, фестивалите како што ни рече, веќе ги остава за помладите.

-Ги зедов сите награди по фестивалите што требаше да се земат, време да им отстапиме простор на помладите, јас на фестивал би можел да сум во жири или пак да имам мини концерт додека се чекаат наградите, вели Наум.

Во јуни оваа година, естрадната фолк-двојка Анастасија Петреска и Владимир Поповски станаа родители по вторпат. Пејачката и ќерка на пејачот Наум Петрески, повторно го искусува мајчинството,семејството е проширено за уште еден член, овој пат со машко бебе.

Во првата бременост Анастасија не многу сакаше да открива како ги поминува деновите во блажена состојба и да објавува фотографии на социјалните мрежи, но сега за второто знаеше да објави по некоја фотографија.

Убавата вест ја сподели гордиот татко кој и се заблагодари на сопругата.

Анастасија Петреска е дел од спотот на повеќе изведувачи, а всушност станува збор за праработка на песна од Тото Кутуњо, Insieme, со која има победено на Евровизија, а пееше за обединета Европа во 1992 година.

Повеќе од петнаесет познати ѕвезди на музичката и актерската сцена учествуваат во иницијативата на Цивил која носи наслов „Insieme/Заедно“, песната на италијанскиот поп пејач Тото Кутуњо со која тој победи на Евровизија во Загреб, 1990 година.

Кристина Арнаудова, Адријан Азири, Тијана Тодевска, Ана Стојановска, Мики Јовановски Џафер, Елена Петреска, Лидија Кочовска, Јована Спасиќ.

Ова се само дел од македонските ѕвезди кои се одзваа на поканата на Цивил и во рекордно време го преработија овој евергрин на македонски јазик.

Аранжманот на македонската верзија е на Владимир Дојчиновски-Дојчин и Давор Јордановски, додека македонскиот дел од текстот е на текстописецот Борче Нечовски“, стои во описот на ова видео.

На него, може да се забалежи и пеењето на Анастасија Петреска, која инаку не е многу активна во јавноста, но овој интересен повод заедно со нејзините колеги, ја направи повторно актуелна.

Previous articleСинот и братот на Зоран Џорлев се борат да не заплачат, а еве кои силни зборови ги кажа неговата сестра Софче- Ќе го бранам цел живот… (ВИДЕО)
Next articleТамара и Мачка повторно заедно, насмеани на иста маса, ги спои нешто многу убаво (ФОТО)