Home Live После долго време во јавноста се појави Ирена Илиевска, селската убавица од...

После долго време во јавноста се појави Ирена Илиевска, селската убавица од прикаските, направи голема промена и раскажа лоша случка со ќерка ѝ

Во интервју за Црно бело во една прилика рече: „Со непријателот секогаш играј на негов терен, со негова топка, по негови правила“, а на повеќето им е позната како селската убавица од Македонските народни приказни на Канал 5 телевизија.

Покрај тоа глуми и во неколку театарски претстави и ангажирана е со синхронизирање на турските серии.

Младата и надежна актерка Ирена Илиевска иако во приказни се појавува во улога на скромна селска мома, таа и таму плени со убавината.

Ирена вели дека страста за актерството кај неа се родила уште од основно училиште, а први учители и биле двајца наши големи актери Тони Михајловски и Александар Микиќ.

За Македонските народни приказни во едно интервју младата актерка изјави:

-Приказните се дел од нас, дел од нашето минато, минатото на нашите прабаби и дедовци. Го носиме тој код впишан длабоко во нас и треба да го негуваме.

Тие се дел од блиското минатото на овој народ, па од таму верувам дека потекнува и интересот на гледачите за овој тип програма.

До сега Канал 5 тв има снимено речиси 200 народни приказни чија гледаност е сѐ поголема. Мислам дека тоа е доволен коментар за успешноста на проектот. Се надевам дека ќе стануваме се подобри, а гледаноста и бројот на задоволни гледачи ќе расте.

Ирена Илиевска летово сподели каква непријатна случка имала, поврзана со ќерка и:

„Вчера вечер околу 23ч се враќам од театар, од Гостивар, кога ми се јавува мајка ми и ми вели, “Ја носиме Ева во Ѓорче на дежурен, гори од температура”.

Одам директно таму, доктор не гледам, сестрата прашува за возраста на детето, го информира докторот, кој повторно не го гледам и само слушам “На клиника нека одат”.

Му дојде дете, кое гори од температура, на полноќ, не се појави ниту да ја види, ниту да ја слушне, ниту да и провери грло, ниту да праша колкава е температурата, од кога е, па да одлучи дека детето е за на детска клиника!!!

Демонстративно заминувам од Поликлиника Ѓорче Петров и на полноќ се упатувам кон детска клиника на државна. Детето со испиен парацетамол, сеуште гори од температура и едвај гледа.

Пристигнуваме, се пријавувам на шалтер, ми велат пред соба бр.1 чекајте, се вртам и бројам 16глави кои чекаат пред мене!

Предност нема никој, зашто сите дојдени деца ‘”горат од температура”! Си велам сигурно оди брзо, мора да оди брзо. Не! Одеше со максимална брзина што може да ја постигне еден слот!

Прашувам “Колку дежурни педијатри има?”, добивам одговор “Само еден”!!! Еден дежурен педијатар! ЕДЕН ЗА СИТЕ, СИТЕ ЗА НИКАДЕ!!!

По кратко стоење со детето во раце, помислив да се упатам во приватна болница, но Ева почна да ја намалува темпертурата, па решив да почекам. Стигнавме на ред после 2 часа, кои во таков момент се цела вечност!

Можам до утре да зборувам за условите, за протоколите, за неносење маски, за хоророт кој за жал е присутен во една таква установа за деца.

Дојдовме на ред, не и проверија крв на Ева, направија диши диши, видоа грло, констатираа дека е црвено и не препишаа ништо “Почекајте и утре, па во понеделник на матичен”.
Еден за сите, сите за никаде!

Се враќам дома некаде после 2ч.по полноќ, со дете кое повторно почнува да крева температура…ќе почекаме до утре!

Во поликлиника не ми го примаат детето, на детска клиника само еден дежурен педијатар за цело Скопје, важно коцкарниците и бензиските работат турбо, свети цел град!
Viva Las Vegas!!!“

Ирена ретко објавува детали од својот приватен живот на социјалните мрежи, но пред некое време одлучи да направи мало освежување на профилната фотографија на Фејсбук.

Како и секогаш, актерката изгледаше средена, стилизирана, како вистинска убавица и млада дама, но она што е впечатливо на фотографијата е тоа што Ирена има повеќе шминка од вообичаено, навикнати сме повеќе да ја гледаме во природно издание, но во секој случај ѝ стои добро оваа промена.

Previous articleНада Топчагиќ за малку ќе го загубела cинот, поради популаpниот зимски спорт
Next articleВо друштво на лепотици, спортски облечен на свечен настан- Владо Јаневски се пофали со убави новости (ФОТО)