Home Live Професорката Алексиќ објасни: Скопје cмpди на лаги, Македонија вpecкa

Професорката Алексиќ објасни: Скопје cмpди на лаги, Македонија вpecкa

Татјана Алексиќ бава и негувана жена, секогаш елегантна и средена. Овој впечаток на јавноста ѝ го остави и додека беше дел од еден Тв проект како водителка.

Алексиќ е инаку професорка по македонски јазик која ѝ е позната и на јавноста по нејзините чести гостувања на ТВ, но и како колумнист.

Татјана во една прилика на својот Фејсбук профил даде свое мислење за измените во образванието, за кратење на некои предмети кои ги најави Владата пред две години, но и за тоа како треба да се сака Македонија.

Многу следбеници на Фејсбук го поддржаа нејзиното мислење. Ова е статусот на професорката кој тогаш многу медиуми го пренесоа:

– Колективната свест има тенденција да одржува сеќавања. Различни национални однесувања варираат според различната колективна свест и освестеност на одредена нација, поврзана со уредувањето на системот но и со ДОБРИНАТА на поединецот.

Добро би било добро да се осветиме за општо добро, дека една космички грандиозна суштина на битисувањето, каква што е националната историја, не може да се менува. Невозможно е бришење на колективна свест и меморија!

Македонецот е добар човек, има многу добрини во колективната меморија на македонскиот народ, добрини и кога лошо се однесувале кон него.

Деминутивите од Македонец се резултат на вековно акумулиран гнев поради трагичната историја и сопствена немоќ да си ја видиме големината.

Аугментативите од Македонец, величааат општа именка, но конкретно, големите Македоничишта во одреден историски момент делувале, дејствувале и правеле добрини за својата татковина, без да се самовеличаат и креваат прашина (освен гемиџиите, кои кревале прашина кревајќи во воздух странски објекти, за да ѝ го свртат вниманието на Европа).

Кратењето наставни содржини, па нека се во име на најсовршени реформи, особено кога се работи за предмет кој е хронолошки прецизен и потпрен на датуми, е препотентност, а всушност немоќ, импо тентност да се сфати големината на сопствената историја.

Ако нешто, временски потврдено, се избрише од учебниците по историја, ќе изникне од други учебници, од литературата, од спомениците, од кулите и камењата допрени од учителката на сите науки – историјата.

Да ја оставиме на раат историјата да си хроникува, не чепкаме туѓа, не даваме да нѐ чепнат, а за чепнатото од минатото ќе се сеќаваме…

Да се заљубиме во Македонија, нашата убавица со најубавото лозје, со рајски вина опеани во македонската поезија, да ѝ наздравиме на денешен ден со голтки непремолк“, изјави професорката.

Во својот нов статус, професорката Алексиќ објасни како живееме ние сега, и како таа го гледа нашето општетсво од свој агол.

-И розовото го оцрнивме. Поглед низ розови очила повремено е потребен, но не и неопходен! Човекот треба да научи да живее гледајќи им на непријатностите директно во очи.

Очите се можност за перцепција, две можни перцепции управувани од еден мозокот – магичната кутија и едно срце – светиот грал. Кога ќе им се расипе енергијата, ни паѓа ,,мрак на очи”.

Е тогаш се гледа пискот каде има говор, се слуша смр деа каде има мирис, се вкусува тишина таму каде е гласноста.

Скопје см-рди на лаги, Македонија вpecкa преку наси-лно затворена уста! И Кандид на Волтер во вакво ,,Елдорадо” би станал песимист. Колективен ,,мрак на очи”…

Previous articleСилвана и Тома или Силвана и Радмило – еве која љубовна приказна е вистинска и побурна
Next articleКристина Арнаудова- Работиме со нула денари, враќаме назад во општеството десетици илјади евра