Home Live Сашко Коцев со лакирани нокти, во вакво издание не го знаеме (ФОТО)

Сашко Коцев со лакирани нокти, во вакво издание не го знаеме (ФОТО)

– Работам претежно во театар, член сум на Македонскиот ансамбл на Народниот театар, а секако снимам и доста филмови и серии„, изјави во едно интервју за Црно-бело нашиот позмат актер Сашко Коцев и додаде:

– Не би можел да издвојам која од овие две актерски дисциплини ми е подрага и која повеќе би ја работел. Да кажеме дека театарот е мојата ментална дисциплина, бидејќи морам да бидам таму секој ден, да играм претстави и да примам доза од аплаузот на публиката.

Театарот е моето највозбудливо доживување и најголемо животно доживување.

Тоа е еден нов свет кој што не можеш да го видиш и не очекуваш никаква реакција во моментот, па затоа е посебно возбудлив и не би можел да кажам што е ми е подраго.

– Мислам дека понекогаш го побивам законот на физиката и успевам да сум на неколку места во исто време.

Некогаш навечер кога ќе направам распоред за утрешниот ден ме фаќа страв како ќе стигнам на состанок, проба, состанок, студио, снимање, дома, состанок, претстава, стенд-ап во само 14 работни часа.

Верувајте, со организација и со сакање на својата работа е возможно, дури никаде не сум задоцнил досега, макар и на краток небитен кафе-состанок. Може да ме завлечкаат само на шалтер, ама таму ме препознаваат, па ме пропуштаат преку ред.

Инаку, не барам никогаш такво нешто од нив, зашто знам како е да стојам во редица, а некој да дојде и да заврши за 1 минута“, рекол познатиот актер во интервју за pluspharma.mk

– Готвењето по дома повеќе е за оној социјален момент, да се собереме, да се видиме, да седнеме на ручек. Имам 2-3 омилени рецепти, а посебно сум познат како скара-мајстор и тоа веројатно најтенкиот скара-мајстор.

Се готви и од двете страни, ама, сепак, тоа е ретко. Уживам да готвам за да дојде друштво, да има џагор и еуфорија во спремањето. Кога ќе се зготви, не паметам да сум седнал и да се прејадам.

Ст рес? Веројатно неможноста, немоќта човек да се справи со проблемот. Или бурно реагирање на новонастанатите ситуации, без разлика дали е работа или семејство. Дури и неможноста да се стигне навреме, доцниш, почнува да се реагира панично и нервозно, бурно.

Веројатно во организмот се прават различни хемиски реакции кои потоа почнуваат да нè трујат однатре, па веројатно затоа многу болести ги поврзуваат со стресот. Сепак, вие сте постручни во ова, јас лаички си разговарам.

Инаку, има само 2 чекори доколку се јави проблем. Првиот е да пробаш да најдеш решение. А вториот е дека не смееш НИКАКО да се нервираш, зашто тоа не ти го решава проблемот.

Само си нервозен, а проблемот пак си е тука. Еве, на пример, ако доцниш, не смееш да се нервираш, зашто ти секако ќе стигнеш подоцна. Решение е само да тргнеш порано.

Мојата исхрана се базира на месо и салати. Не јадам леб, хамбургер, бурек, симит погача, а ниту тоа што го јадам не е во големи количини (ха-ха). Мислам, се гледа по мене.

Иако и тоа што некои работи ги избегнувам, не е фанатично. Секако дека знам да седнам и на бургер и на бурек. Сето останато за мене е измачување и стресирање на организмот. Посебно кога јадеш сè, па одеднаш стануваш веган или поминуваш на некоја строго пропишана диета.

Секој ден се острам дека ќе одам на пливање, фудбал, вежбалница, џогинг… И, еве, не сум отишол уште. Ми останува само вежбањето пред проба 20 мин., пред претстава 15 мин.

Ги размрдувам сите мускули и зглобови, крвта ми проциркулирува низ мозокот, се додава малку тонус на мускулите, пулсот е качен и сум подготвен за на сцена. Не трошам многу калории со тоа, зашто потоа ми требаат за претставата. На крајот, само се додава громогласниот аплауз и тоа е денот“, реко Сашко за pluspharma.mk

За време на пандемијата, откако неговиот матичен театар МНТ ги откажа сите претстави, и им овозможи на гледачите да ги следат онлајн, Сашко  раскажа дека не му фалат ни настаните кои ги води.

„Не ми фалат настани. Еве вчера водев “Вешта Жена -Тортијада 2020“, изјавил Сашко за игрите со ќерката Јоана за Еден на еден.

„Имам личен стилист, Јоана“, изјавил познатиот актер ни испрати фотографии како ќерката го разубавува секој ден.

А на една од сликите, е во издание какво што не сме го виделе досега.

Имено, тој е со лакираи нокти, за љубов на својата ќерка. Како изгледа Сашко со лаикрани нокти, можете да видите ТУКА. 

 

Previous articleЕве кое е најубавото и најпозитивно суштество за Kристина Димитри (ФОТО)
Next articleСилвана и Тома или Силвана и Радмило – еве која љубовна приказна е вистинска и побурна