Home Live Тамара и Мачка повторно заедно, насмеани на иста маса, ги спои нешто...

Тамара и Мачка повторно заедно, насмеани на иста маса, ги спои нешто многу убаво (ФОТО)

По седум години брак во кој ги добија ќерката Хана и синот Дарен, поп пејачката Тамара Тодевска и поранешниот кошаркар Александар Димитровски- Мачка се раззделија.

Како што веќе се зборува во естрадните, една од нашите најголеми музички ѕвезди Тамара Тодевска се разведува со својот сопруг, објави Убавина и здравје минатиот месец.

Иако за оваа информација се шпекулира подолго време, тимот на „Убавина и здравје“ доби официјална потврда за оваа вест.

Имено, тие дознале дека славната пејачка и поранешниот кошаркар и Александар Димитревски – Мачка одлучиле да се разделат, но да останат во добри и коректни односи, пред сѐ штитејќи го интересот на нивните две деца.

– Да, точно е дека се разделивме, но ќе продолжиме да одржуваме редовна комуникација. Ние имаме две деца, и многу е здраво и нормално децата да можат да растат и да поминуваат време и со својот татко.

Ова не е ниту прв, ниту последен ваков случај. За мене, искрено, многу важни се децата, нивните права и интереси да останат заштитени.

Јас ја разбирам работата на медиумите и потребата од ексклузивни информации, но во овие моменти најмногу мислам на нив и сакам да останат настрана од оваа приказна, особено од медиумски преписки и слично.

И Хана и Дарен посетуваат училиште, градинка, веќе не се мали, разбираат и одговорноста на мене и Мачка е голема, пред сѐ да ги заштитиме нив, рече Тодевска. Фокус даде свој коментар на оваа тема.

-Јас сум издржала и позитивен и негативен притисок, ќе го издржам и ова, но децата мора да бидат заштитени – кажа таа.

Сепак, нејзините зборови како да потонаа во магла, а етерот го преплавија коментари во кои Тамара по кој знае кој пат е ра спната на крст и кам енувана.

Под објавата на веста за разделбата на социјалните страници на сите електронски медиуми, може да се прочитаат стотици коментари преполни со омр аза, со задоволство дека едно семејство се соочило со тежок период, ситење на туѓата ма ка, јавен ли нч и зл оба од невидени размери на сметка на Тодевска.

Безгрешната критичка јавност, дури и заборавила дека во приказната главни ликови се две мали деца. -Ако се разведува, море дури и малку и е, така и треба…

Коментари од кои човек може да се запраша – Каков е овој синдром и од каде доаѓа оваа омраза кон некого, кого дури и оние кои коментираат никогаш не го запознале.

Изу мрена емпатија, впечаток дека оние кои фрлаат со камења имаат совршен живот и ним, ниту пак на нивните блиски никогаш не може да им се случи било каков животен неуспех и грешка.

Тамара е личност која го посвети животот на музиката. Таа за прв пат застана на сцената како шест-годишно девојче, рамо до рамо со Маријана и Росана на ,,Макфест” а потоа го продолжи естрадниот пат.

Таа е од ретките на сцената која професионално се занимава со музика, и нема приватен бизнис на страна, ниту пак работи во некоја државна институција, како што е случај со многу нејзини колеги.

Живее од песната и за песната. Кога се читаат злобните коментари во кои се ликува поради нејзините семејни настани, кои никој не ги посакува, на совесниот народ му се наметнува прашањето – Што ли толку и згрешила оваа жена на целата нација?

Во интервју за ,,Фокус” набргу откако започна хајката против неа, откако ја згреши химната, која еве и денес уште трае, Тодевска раскажа дека сама е одговорна за работите кои се случиле и дека жали за ненамерната грешка.

Појасни дека има прекрасно семејство, најдобриот сопруг на светот и две деца кои се центарот на нејзиниот свет. Им простила на сите кои ја линчуваа и рече дека со поддршка на семејството чувствува дека може да ги надмине сите предизвици. Но, може ли нашиот народ да го надмине синдромот на омр аза?“, напиша Фокус,

Тамара и Мачка на слика која ја објавил нивниот кум, бизнисменот Сефер Цаноски можеме пак да ги видиме заедно, насмеани, на иста маса. Поводот е роденденот на нивниот син Дарен, кој се славел во друштво на блиските.

Оваа слика на Александар- Мачка и Тамара на која кумот ги означил, е доказ тие се во добри односи, и биле заедно на роденденот на нивниот син кој наполнил 4 години, а фотката ја шерна и Тамара на инста стори.

Previous articleПо долго време, ќерката на Наум – Анастасија се појави во јавноста, поводот е интересен (ФОТО)
Next articleПоследен поздрав до мојот помал брат- Анастасија Ражњатовиќ скршена од болка, голема загуба која ја чувствува и Вељко