Home Live Дебарлиева без шминка, во сосема опупштено издание на третман за убавина- ваква...

Дебарлиева без шминка, во сосема опупштено издание на третман за убавина- ваква досега не сме ја виделе (ФОТО)

Долги години на ТВ екраните е Билјана Дебарлиева, и важи за една од нашите најпопуларни презентерки и водителки. Таа е една од оние наши јавни личности на кои многумина им се восхитуваат.

Дебарлиева е во складен брак со Јован Дебарлиев веќе долги години. Кога славеа 25 години, нејзиниот сопруг Јован на социјалните мрежи објави нивна заедничка фотографија додека ја одбележувале годишнината во еден скопски ресторан.

Токму тоа беше и причината, естрадниот магазин Бекстејџ да поразговара со неа. Таа сподели интересни ситуации од нивната младост и истакна:

– Јован не смееше да ме држи за рака додека се шетавме, затоа што не сакав луѓето да зборуваат дека имам дечко. Потоа додаде: Децата пораснаа и се тргнаа од нас. Секој по својот пат. Со Јован останавме сами, сами одиме и на одмор…

Дебарлиева е горда мајка на Ана и на Мики. Она за што секогаш добива комплименти, освен изгледот, е и дикцијата и негувањето на литературниот македонски јазик пред Тв гледачите.

„Тие се во возраст кога веќе не сум во ситуација да им дозволам или да им забранам нешто, едноставно сами го прават својот избор; но со претходна добра основа што сме им ја дале и јас и мојот сопруг.

Телефонот и компјутерот се за забава, но и за извршување училишни работи и други обврски. Без нив не се може во денешно време“, има изјавено Билјана за своите деца за „Деца.мк“.

За сопругот Јован, таа вели: „Се запознавме во Охрид. За време на летниот одмор, сосема случајно се запознавме. Јас на гости кај моите братучетки, а тој кај неговите другари охриѓани.

И така веројатно требало да биде. Од една сосема случајна средба, тоа прерасна во убава приказна која трае и денес“, раскажа Дебарлиева.

Дебаарлиева неодамна објави слика на Фејсбук на која таа игледа фантастично. Билјана е во улога на модел, таа рекламира познат домашен моден бренд и многумина ѝ честитаат што така добро изгледа.

Билјана на Фејс неодамна сподели една новина која многумина изненади. Имено, таа кажа дека по 11 години си оди од Канал 5 и дека за последне пат се појавила на оваа фреквенција.

-Денеска беше моето последно појавување на фрекфенцијата на Канал 5 ТВ, медиум кој ми ја даде довербата во изминативе 11 години.

Ви благодарам за досегашната соработка, а благодарност и до Вас драги колеги за сите убави зборови, насмевки, шеги и уживањето во утринскиот ритуал на пиење кафе.

До нешто следно… ќе ми фалите“, напиша таа. Дебарлиева тогаш не сподели каде ќе оди следно, и дали повторно ќе го гледаме нејзиниот убав лик и ќе го слушаме нејзиниот убав глас.

Но потоа, за првпат откако си замина од Канал 5, објави на која ТВ фреквенција ќе продолжи. Имено, таа ја води емисијата „Фактор здравје“,= на ТВ 24. За овој трансфер, Дебарлиева доби многу честитки на Фејсбук од пријателите откако ја објави најавната шпица, а сега веќе објавува и сегменти од емисијата.

Билјана Дебарлиуева на Фејсбук споделила објава на козметички салон, каде што таа се разубавува, а на оваа објава пишува: Здрава, негувана и совршено хидрирана кожа.

Професионалната нега е исклучително важна за одржување на здрава и убава кожа. Со Билјана Дебарлиева направивме комбинација од третмани за чистење, хидратација и стимулација на регенеративните процеси во кожата“, стои во објавата на Скинити.

А Дебарлиева, на оваа снимка, може да се види во сосема природно издание, без шминка, како се опушта на третман на лице. И без шминка, и кога не е облечена како за пред камери, Билјана е секако многу убава жена.

Previous articleДунавка се појави со длабоко деколте на настан и ги фрли сите во сенка (ФОТО)
Next articleБрена откри кој син најмногу им ги троши парите: Кога ќе му стаса порака на телефон дека имам одлив- знам дека е тој