Home Live Дунавка се појави со длабоко деколте на настан и ги фрли сите...

Дунавка се појави со длабоко деколте на настан и ги фрли сите во сенка (ФОТО)

Некогашната мисица, манекенката Дунавка Трифуновска преку фотографии покажа како ужива во летото со Ване Цветанов пред две години, носител на неколку функции во нашата држава.

Трифуновска во описот на фотографијата стави хаштази со „среќа“ и „сродна душа“, а фановите беа воодушевени од оваа глетка.

Потоа и Ване Цветанов се огласи на својот личен профил на фејсбук каде сподели интервју од себе и Дунавка и притоа напиша:

„Професионализмот е важен во секоја професија, а професионалниот пристап кон работите говори за одговорноста кон општеството во кое живееме..

По јавното објавување на големата љубов и започнатата искрена љубовна врска, новинарката Весна Миленковска беше единствената која што се јави, честиташе и побара потврда на информацијата.

Тој професионален пристап од страна на Весна Миленковска беше причина заедно со Дунавка Трифуновска да и ветиме ексклузивно интервју. Токму затоа преку ова интервју ги споделуваме радосните вести во целост.

Не чекаат сериозни и одговорни моменти на професионален план, па затоа двајцата проценивме дека е чесно до крај да ја запознаеме јавноста со нашатата приватност, за да можеме целосно да се посветиме на нашите професии и одговорните работи во иднина.“

Тие беа еден од најромантичните парови од јавниот живот и постојано споделуваа фотографии од нивните патувања и убави моменти.

По разделбата со Ване, на Фејсбук се огласи Дунафка која напиша:

Иако Фејсбук за мене не е медиум како и злоупот-ребата на моето име на истиот во определени статуси со цел да бидат сензационалистицки е одобрен, моите одлуки се истите што сум ги донела во јуни минатата година. Истата сум и јас.

Мојата одлука дека минатото не треба да ,,пушта ларви,, во сегашноста ,а ни малку да биде ,,едно,, со иднината, кога ќе биде испочитуван ,тогаш може да гледаме други епизоди.

До тогаш ,господинот треба да се посвети на своите обврски ,своите функции и своите деца. Дали тоа ќе го направиме во локален, европски стил или погубно во идејата ,,како мама каже…,, е личен избор.

Иако носител на јавна функција во овие времиња треба да умее да ја постави своите држаавнички интереси пред личните.
Тоа е мојот став и денес и вчера и пред една година.

Тоа е мој став и во понеделникот кога се видовме пред сведоци на тајна закажана средба од негова страна на која не бев информирана дека ќе биде присутен! Јас тајни немам.

Чувам туѓи тајни, тоа го правам маестрално. Некогаш треба да умееш сам да ги надминеш облаците ,за да го имаш сонцето. Фото бај ми“, напиша таа и објави слика како патува со црногорскиот авио превозник Montenegro Air.

Ване Цветанов,пред неколку месеци беше сменет од функцијата директор кна Советотза унапредување и надзор на ревизијата.

Ова се случи, откако се испостави дека ја ангажирал жена му Дунавка Трифуновска да му помага во работењето.

Трифуновска, која е поранешна мис на Македонија, оди секој ден на работа во оваа државна институција, а како што тој тогаш изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК за ангажманот не земала пари туку работи волонтерски и помогнала многу на институцијата.

На 12 декември, се одржа четвртата по ред манифестација U&Z Influencer Awards, на која беа наградени нови, но и веќе добро познати инфуенсери од нашата земја“, објави Убавина и здравје, кои го организираа овој настан.

Проектот UIZ Influenser Awards има цел да ја истакне инфлуенсерската заедница како и луѓето кои позитивно влијаат на нашите животи преку својата личност, знаење и експертиза и секако содржина што ја креираат и споделуваат на своите инстаграм-профили.

Годинава, како и лани, добитниците беа поделени во две групи: Инфлуенсери со потврдено влијание #InfluencerStars. И инфлуенсери кои допрва ќе се наметнат во заедницата, #InfluenserNewStars

Инфлуенсерите во групата New Stars се пријавија на повикот на „Убавина и здравје“ во девет категории и се потрудија да се истакнат со креативни објави во кампањата.

Секој од нив има различно занимање, интерес и талент. Но едно нешто ги поврзува: сите тие се влијателни на социјалните мрежи. Ги користат своите уникатни вештини за да предизвикаат промени и да ги инспирираат своите следбеници“; објави Убавина и здрравје.

Токму на овој настан, се појавила и Дунавка Трифуновска. Таа била ептен специфично облечена, без град-ник со истакнато деколте и така позирала пред фото објективот на овој медиум, и очигледно е дека предизвикала доста внимание со својата појава.

Сликата можете да ја видите ТУКА

Previous articleЌерката на Црнокрак прослави роденден, а Светлана никогаш поубава- неверојатно добро изгледа на оваа слика
Next articleДебарлиева без шминка, во сосема опупштено издание на третман за убавина- ваква досега не сме ја виделе (ФОТО)