Home Live Еве како Маријана го прослави роденденот во Австралија- лудување со Татјана Лазаревска...

Еве како Маријана го прослави роденденот во Австралија- лудување со Татјана Лазаревска (ВИДЕО)

Заедно со нејзината сестра Росана, Маријана Новачевска е позната по многу убави песни, а секакко најпозната и најпеена и денес е „Признавам“, песна која ја знае и млади и старо.

Повеќе од 30 години, живее во Мелбурн, Австралија. Во Мелбурн, исто така живееше и нејзиниот поранешен сопруг, композиторот Тоде Новачевски, кој ги напиша повеќето од хитовите на Маријана и Росана, но за жал се упокои во февруари оваа година.

Маријана времето често го поминува со нејзината добра пријателкја, пејачката Татјана Лазаревска, уживајќи заедно на плажа, на прошетка, на кафе или на шопинг.

Маријна неодамна објави фотографија од плажа и рече дека нема влезено во океанот 30 години, но објави и слики како млад стилист го сменил нејзиниот имиџ кој сите го пофалија.

На Велигден во 2020 година, Маријана стана баба.Снаата на Маријана, сопругата на синот Филип, Анастасиа, во Мелбурн ја роди Ива, првата внука на Маријана и на Тоде Новачевски.

– Добив внуче од внук ми Филип на Маријана. Таа е пресреќна, ова е прво. Се роди баш на Велигден. Малку е лудило ситуацијата, но тоа е што е. Мој Филип, мој внук мое злато и душа, стана првпат татко а снаата Анастасиа првпат мајка.

Среќни сме сите, пресреќни, со солзи на лицето и со грутка во душата што не сум таму. Добро ни дојде наша принцезо, наша Ива“, изјави Росана тогаш за Женски магазин.

Маријана и Тоде имаат и ќерка која се вика Магдалена и во една прилика емотивно ѝ го честиташе роденденот.

– Моја драга Меги, мое сонце, мое се, среќен роденден. Ти си прекрасен благослов, специјална среќа, моја љубов и моја гордост.

Кога и да почувствуваш дека животот е нефер само запамети дека мама и твојата фамилија секогаш ќе се грижат за тебе.

Покрај другото, фала што ја направи мама помлада на овие фотографии“, напиша Маријана за својата ќерка. Маријана е медицинска сестра на Стоматологија, и ужива во својата работа.

Ева е весело дете, многу се смее и сака да јаде. Таа и внучињата на сестра ми Росана, се нашата најголема радост. Двете уживаме во улогата на баби“, изјави Маријана.

Кога Ева наполни една година лани, Маријана со емотивни зборови ѝ го честиташе роденденот на својата мила внука и објави среќни семејни фотографии на кои се гледа колку семејството ужива заедно.

– Среќен роденден локумче, душичке, срцуленце наше, наше се. Да си жива и здрава, среќна и весела“, рече таа. Во еден свој статус, Маријана како да се опиша себеси и својот животен пат. На Фејсбук таа го раскажа следново:

Постојат луѓе кои не играат, како другите што ќе им свираат. Тие не се сечии, било кои и безнадежни. Толерантни се , свои, храбри и не се плашат од предизвиците на животот, понекогаш тврдоглави а некој би кажал чудни, малку удрени и надмени.

Тие луѓе се сепак мали а големи , необични и упорно свои. Е , баш тие луѓе не ја бркаат среќата затоа што среќата се тие самите.

Оваа нејзина мисла ја поддржаа многу пријатели, а меѓу нив е и Росана, сестрата близначка на Маријана која ѝ рече: Сонце мое, душо моја, срце мое, мое се, бравооо!

На Маријана Новачевска денеска и е роденден, а нејизнта добра пријателка Татјана Лазаревска на Фејсбук три пати и го има честитано.

На едната слика, каде што и двете се дотерани во елегантни фустани, Татјана напишала: Среќен роденден, сестро моја.

Пред тоа, таа шернала уште една слика со Маријана на која напишала: Среќен роденден од срце ти посакувам, а на оваа слика, двете пејачки заедно настапуваат и под неа се појавија доста честитки за Маријана.

Коментирала и Блага Петреска која напишала: Ви честитам за дружбата. А на последното видео, Татјана и Маријана слават- тоест лудуваат заедно. Се возат во автомобил и си пеат.

Дотерани се топ, Маријана е во улогата на возач, Татјана како сувозач, и двете така дотерани и расположени се забавувуваат со Ју хитови, а Таткана снима додека Маријана вози и потпевнува. Видеото од оваа журка на Маријана и на Татјана можете да го видите ТУКА.

Previous articleВо друштво на лепотици, спортски облечен на свечен настан- Владо Јаневски се пофали со убави новости (ФОТО)
Next articleЌерката на Црнокрак прослави роденден, а Светлана никогаш поубава- неверојатно добро изгледа на оваа слика