Home Live Кате од „Соната“ искрено прозборе за својата ќерка Ана, како ја воспитува,...

Кате од „Соната“ искрено прозборе за својата ќерка Ана, како ја воспитува, а раскажа и приказна за својата мајка

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков можеби го држеа македонскиот рекорд меѓу естрадните личности со љубовна врска која, замислете, траеше цели 18 година!

Откако беа во врска речиси две децении, во мај во 2019 година, решија да станат и сопружници, па ја направија својата венчавка и семејна веселба, откако невестата беше влезена во осмиот месец на бременоста, напиша Вистина тогаш.

Еден месец подоцна откако го го кажаа судбоносното „ДА“, на 24 јуни 2019 да ја добијата својата прва принова. Младите за неполн месец од бракот станаа родители, откако Кате на свет ја донесе малата принцеза, ќеркичката Ана.

Во една емисија на ТВ 24, Кате рече дека таа и Трајче одамна настапувале заедно како дуо, а идејата да се роди групата „Соната“ настанала сосема случајно. „Се собраа другите колеги да направиме група, со задоволство прифативме познавајќи ги нив.

Постепено почнавме, полека, и еете оваа приказна трае повеќе од 20 години“, раскажа Кате во оваа телевизија. Потоа раскажа и како настанала песната „Се позврши Сербез Домка“.

-Коллу што ми раскажувале, Сербез Донка од Јаричкови, била посбршена за некој друг, меѓутоа, денот ан свадбата кога требало да ја земаат дома, таа преку прозор излегува и бега за саканиот“.

Кате во едно интервју за Естрада плус, зборуваше за својот роден Велес и за тоа како во нејзиниот град се уште се негува убавата музика.

– Има многу музика. Има многу добри музичари. Често знам да споменам , што сме имале среќа кога почнувавме ние имамвме среќа да свириме заедно и настапуваме со повозрасни музичари. Во Велес секогаш се свирела таква, градска музика.

Многу е застапена, била застапена и сеуште е застапена и забавната музика. Верувајте во Велес нема забава каде што нема да се отпее рокенрол, валцер задолжително.

Се уште е застапена навистина многу убава и градска музика“ истакна Кате.

За нив велат дека тие се групата која пред пандемијата не можеше да „здивне“ од настапи по свадби, крштевки веселби. Ако сакаш да ти свират, треба да ги резервираш многу однапред.

Кате гостуваше во емисијата Магазин на ТВ Сител, и таму рече дека својот успех им го должи на своите родители, и им е благодарна за се она што е денес.

-Имаше натпревар на млади таленти во Велес, и ѝ реков на мајка ми дека сакам да ме пријави. Од мала бев многу упорна, и така сум и сега, затоа што упорноста се исплати“, изјави Кате.

Таа почнала да пее од 15 години. Мајка ми рече: Ајде ќе те однесам, ама така, со неверување, со недовеба. Знам дека некое 3-4 одделение бев и пеев некоја песна од Каролина Гочева, од мала ја сакам забавната музика.

И како што беше гужва во салата, настапи тишина. И тогаш се пријавив на тој натпревар, победив, и од тогаш некако музиката ми влезе под кожа, и знаев дека тоа е тоа што сакам да го работам.

„Како мала бев мирна, повлечена, по малку срамежлива, како и сега“, раскажа Кате за своето детство. А инаку професионално почнала да пее и да настапува на само 15 години, и рече дека им е благодарна на професорите кои ја ослободувале од часови.

Потоа кажа дека истото воспитување кое го добила таа од нејзините родители, сака да ѝ го пренесе на својата ќерка. Водителката ја праша како реагира на некултурата на луѓето, и дали се нервира за лошите коментри, а таа рече:

-На почетокот можеби да, но сега не, искуството и времето си го прават своето.

Не читам коментари на интернет, затоа што колку и да си расположен, знае да ти го расипе денот некој коментар.

Ја воспитувам и Ана од мала, бидејќи сакам да биде културна, сакам да поздравува, нели колку што ни дозволуваат можностите и околината, сакам таа традиција да ѝ ја пренесам и нејзе.

Многу внимавам сега и каква музика слуша Ана традицијата во однос на исхраната, ама апсолутно на се внимаваме.

Гледам баш максимално времето да ѝ го посветам. Ние сме така израснати, и сакам и таа така да расте“, рече Кате.

Previous articleБрена откри кој син најмногу им ги троши парите: Кога ќе му стаса порака на телефон дека имам одлив- знам дека е тој
Next articleОва е мајката на Сека Алексиќ- како да ѝ е сестра, а не мајка (ФОТО)