Home Live Ќерката на Црнокрак прослави роденден, а Светлана никогаш поубава- неверојатно добро изгледа...

Ќерката на Црнокрак прослави роденден, а Светлана никогаш поубава- неверојатно добро изгледа на оваа слика

Светлана Црнкокрак важи за жена со неприкосновена убавина, препознатлива по својата гламурозност и со богата кариера во светот на модата достојна за почит.

Светлана, меѓу другото, е посветена сопруга и мајка на две ќерки, која успешно ги менаџира и деловните и семејните обврски. За неа, правилниот начин на исхрана и физичката активност се столб на одржувањето на здравиот живот“, објави неодамна Слободен печат.

Со Светлана разговарале за тоа како се грижи за своето здравје, дали практикува диети, дали има некои ритуали при јадењето, за нејзината омилена и не баш омилена храна…

– Еден од најважните фактори за здравјето на човекот е начинот на исхрана. Живееме во време кога буквално сѐ ни е достапно, почнувајќи од нутриционистите преку кои дознаваме и се едуцираме за правилен начин на исхрана, па сѐ до намирниците и начинот на нивно подготвување.

Се сеќавам како малечка дека имаше некои намирници, на пример, од овошјето бананите или ананасот кои беа „луксуз“ да ги купи секој, затоа што беа поскапи во однос на цената на другите производи, но и поради фактот што не беа достапни насекаде за да се купат.

Во денешно време, има буквално сѐ да се купи. Што се однесува до изборот на храна, мислам дека не постои нешто што не би го јадела. Буквално сѐ сакам да пробам. Инаку, омилена ми е морската храна, рибата и морските плодови.

Ги сакам и тестенините и месените јадења, но некако ги избегнувам од причина што се нездрави, а и покалорични.

Исто така, ја обожавам пиперката и секое јадење што се приготвува со пиперки – пинџур, ајвар, лутеница, полнети пиперки, пиперки со лук…

Лукот и кромидот ми се неизбежни во подготвувањето на храната, иако имам забелешки дека пречи на мирисот, а за тоа најчесто Мики знае да се побуни, но поради фактот дека е многу здрав и треба редовно да се консумира, успевам барем малку да го сокријам при подготвувањето во храната.

Во однос на изборот на храна што ја приготвувам дома, практикувам, како што кажав претходно, да нема мешање на протеини и јаглехидрати. Често готвам грашок, гравче, леќа, месо печено или динстано, никако пржено, а рибата е застапена барем два пати неделно во нашата кујна.

Избегнувам пржена храна, во принцип не ја сакам, а и воопшто не готвам таков вид храна“, рекла Светлана во ова интервју за Слободен печат, а потоа додала дека понекогаш се опушта:

-Секако, кога сме на патувања, кога престојуваме во хотели или на некои прослави, а и во деновите на празници си дозволувам повеќе да каснам, но, тоа го компензирам отпосле со чистење на организмот, што се состои во следново – барем еден цел ден консумирање само зеленчук и овошје и вежбање, се разбира.“

-Се сметам, бидејќи првенствено, од страна на приватниот живот, јас сум среќно мажена жена со големо разбирање од мојот сопруг, имаме две дечиња и тие ми се секако на прво место.

Во однос на мојата кариера, се чувствувам целосно исполнета, со сето она што сега ми се случува, а секако и со она што досега го имам постигнато како модел кој својата кариера ја започна уште на 18 годишна возраст.

Можеби многумина не знаат, но јас завршив средно медицинско училиште и по професија сум акушерка и тоа ми е една неостварена желба што не значи дека нема да се оствари.

Јас секогаш си велам дека има време, сега сум се уште во модата, но сакам да го работам тоа, бидејќи ги сакам бебињата и децата и тие навистина ме исполнуваат.

Велам дека секоја жена треба да се почитува и да се цени пред се себеси. Доколку тоа го нема, се друго е неуспешно во животот. Успешната жена не треба да биде само успешна во кариерата, туку и во семејеството и на сите полиња што ја окружуваат.

Доколку жената е среќна и е исполнета во она што го работи, мислам дека успесите сами си доаѓаат. Нормално, добрата организираност и поддршката од семејството е секако многу потребна.

Од пистата се симнав пред многу години (се смее). Сега се случува да одработам по некоја модна фотосесија. Успевам да изгледам добро така што секогаш наоѓам време за себе.

Тука е пред се здравата исхрана, фитнесот, позитивните мисли, позитивните луѓе што ме окружуваат и огромната поддршка што ја добивам од моите најблиски. Кога тоа ќе се вклопи во една целина, успехот секако е неизбежен“, кажала Светлана во едно интервју за Фешнел.

Ќерката на Мики и на Светлана Црнокрак, Моника прославила роденден, а гордиот татко Мики, објавил слики на својот Фејсбук профил од својата убавица и напишал: Среќен роденден Моника Црнокрак, а сликата е од дипломирањето на Моника.

А и Светлана Црнокрак објавила своја нова слика, тоест нова профилна слика, и на неа изгледа неверојатно добро, како да се подмладува. „Најубава, боженствено изгледаш, блескаш“, се коментарите под оваа слика кои сосема го оправдуваат изгледот на Светлана.

Previous articleЕве како Маријана го прослави роденденот во Австралија- лудување со Татјана Лазаревска (ВИДЕО)
Next articleДунавка се појави со длабоко деколте на настан и ги фрли сите во сенка (ФОТО)