Home Live Мојата љубов- еве како д-р Милан Ристески ја исфали својата Ребека и...

Мојата љубов- еве како д-р Милан Ристески ја исфали својата Ребека и кажа што жртвувала (ФОТО)

Пејачката Ребека јанковска- Ристески и нејзиниот сопруг Милан Ристески се еден од најскладните парови во нашата јавност. Ребека и Милан се родители на три маши деца: Маркија, Макарији Доротеј.

Кога прославија годишнина од бракот, Милан кој инаку во јавноста се експонира само поради својата работа како лекар, ѝ посвети неколку убави реченици на својата сопруга на Фејсбук.

-На денешен ден, 2006 година, жена ми и јас на нашата венчавка. Во Ноември 2006 се породи и пак си се врати во форма, потоа, во 2013, пак се породи, и пак се врати во форма.

Јас никако да се породам…Шега на страна. Ти благодарам љубов моја, што ме трпиш, иако не сум лесен за трпење. Те сакам исто како и во 2006, и во 2013, напиша Милан минатата година.

Маркијан, најстариот нивен син е роден во 2006 година, а потоа ги усреќија и близнаците, Макариј и Доротеј кои се родени во 2013. Ребека во една прилика има изјавено колку Маркијан ги сака и ги чува своите браќа.

Ребека раскажа како почнала нивната љубов, и призна дека била турболентна, минатата година за порталот ММС.мк. Сепак, таа и Милан ги поминале сите препреки и денес се заедно, среќни и побогати за уште три члена.

-Оф, многу има за кажување. Навистина има многу работи. Но, најважно од се е почетокот на врската. Кај нас се случи хемија.

После секој нов ден понатаму е тест. Првата година врската ни беше падни стани, но Мики беше доста упорен ама издржа. Упорен и забавен, мудар, секогаш знаеше што да направи.

Ми носеше ружи, па јас и ден денес во кутија ги чувам латиците од ружите. Навистина е потребно љубов и разбирање, и секако компромис.

Нема врска без проблеми само што треба да смири топката а тоа да го сакаат и двајцата. Ако има љубов секој проблем се решава, се балансира.

-Имаше периоди кога јас многу патував и настапував а сега е обратно. Јас повеќе сум дома а тој работи. Се треба да се надмине. Јавноста ги знае нашите проблеми, отворено зборев за состојбата за нашиот син Маркијан.

Ете тоа нам ни беше тест. Во такви ситуации многу од браковите не успеваат, сум читала дека 80 проценти од браковите не успеваат. Но, ете ние успеавме. Затоа пак ке кажам ако е тоа вистинското ќе биде. А нас ете не бидна.

Можам да кажам дека нам тоа и ни ја зацврсти љубовта. Кај нас немало женско- машки работи и дома и надвор.

Се задно сме работеле кој кога може. Затоа кога ја има љубовта годините си поминуваат и не ни забележуваш колку поминале“, рече Ребека за ММС.

За уште една своја годишнина, 15-та, Милан го сподели претходниот статус, а Ребека напиша неколку реда за него:

Едно сме. Љубов чиста многу милна. Те сонив, сретнав и вкусив пред 26 години. Денес 15 год.од бракот пред Бога.

Се уште си тука“, напиша Ребека за својот Милан. Таа ја сподели нејзината постара песна која се вика Едно.

Милан сега се пофали со достигнување на својата сопруга Ребека и рече дека е горд на неа, а таа оваа објава ја сподели и својот Фејсбук профил:

– Во организација на Жени Претприемачи, во Музејот на Македонската револуционерна борба, денес се одржа петтото издание на изборот на Жена на годината.

Во избор на 10 категории, со преку 400 номинирани жени, а во категоријата Најголеми достигнувања во развојот на општеството, мојата љубов, од 4 жени во истата категорија, според избор на ФБ гласачката популација, ја освои наградата за Најголеми достигнувања за општеството, за што цели 15 години напорно работи, жртвувајќи ја свесно својата кариера.

Горд на Ребека Јанковска- Ристески“, напиша Милан на свијот Фејсбук профил Секоја чест за Ребека и за нејзиното семејство!

Previous articleОва е мајката на Сека Алексиќ- како да ѝ е сестра, а не мајка (ФОТО)
Next articleВиолета Томовска по долго време се појави во јавноста- еве зошто ги расплакала сите (ФОТО)