Home Live Рестоpан од Битола беcплатно ќе дава по 50 порции дневно, свинско, пилешко...

Рестоpан од Битола беcплатно ќе дава по 50 порции дневно, свинско, пилешко – познато е каде и кога

Од почетокот на оваа година, состојбата со инфлацијата во целиот свет, стана усложнета. Таа почна некоонтролирано да расте, како последица на поскапувањето на цените на енергијата и бензините.

Граѓаните се соочуваат со големи проблеми, како да се истурка месецот, а тоа особено се чувствува кај нас, поради стандардот и ниските плати.

Производителите на храна добија поевтина струја од 1 декември од Владата, додека автобуските превозници возат со нафтени деривати кои се поевтини и до 40 денари од литар во споредба со летниот период, кога ги поскапеа меѓуградските и меѓународните билети за патување.

И покрај брзата реакција за зголемување на цените од компаниите, кои доведоа инфлацијата во земјава да се искачи до 19,5 отсто, сега многу транспортери, производители и трговци со тешко срце се одлучуваат да ги намалат цените на нивните производи и услуги.

Министерот за економија Крешник Бектеши денес изјави дека намалување на цените на основните прехранбени производи ќе има од следната недела, кога ќе бидат потрошени залихите во магацините, бидејќи производите набавени пред 1 декември биле по повисоки цени.

Бектеши и владата се договорија со производителите на храна да ги намалат цените за најмалку 10 отсто откако ќе бидат префрлени на поевтина струја од 1 декември.

„Во нивните магацини имаа залихи на производи и домашни производи кои користат дистрибутер и производи кои се увезуваат во нашата држава. Тие залихи се набавени со различни цени. Новите залихи се набавуваат со други цени кои се пониски од претходните, што значи дека претходните залихи треба да се потрошат“, изјави министерот Бектеши.

Тој денеска повтори оти очекува со владината мерка за префрлање на производителите на поевтина струја да се намалат цените на прехранбените продукти од 7 до 12 отсто.

Во едни вакви услови, кога некои граѓани неможат да си обезбедат ниту основни намирници, ресторан од Битола со потег од кој јавноста е воодушевена!

Тие денес објавија дека во рок од еден месец, секој ден, ќе даваат по 50 бесплатни оброци:

„Со Бог во срцата и љубов во душите за сите луѓе, РЕСТОРАН ОСКАР, во соработка со ПЕКАРА АЛЕКСАНДАР, во периодот од 16.12.2022 г. до 16.01.2023 г, секој ден,освен неработни денови ќе дава по 50 тополи оброци (пилешко,свинско и тестенини) за сите, кои имаат потешкотии да го обезбедат.

Ручекот ќе се служи во 14 ч, кај Јавор, секој ден,освен неаработни денови, во горенаведениот период.
СРЕЌНА НОВА ГОДИНА И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ, сакани, наши сограѓани.

БОГ СО СИТЕ НАС И ЗА МНОГУ ГОДИНИ!“, напишаа од ресторанот Оскар, на нивниот профил на социјалните мрежи.

Previous articleТатјана Стојановска во краток фустан, во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)
Next articleТања , водителката на „Фолк џубокс“ откако смени имиџ се помдлади, со овие фустани со шлиц им ја разубавува неделата на гледачите