Home Live Татјана Стојановска во краток фустан, во вакво издание не сме ја виделе...

Татјана Стојановска во краток фустан, во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)

Татјана Стојановска е една од нашите најуспешни водителки и презентерки, лице кое секојдневно „влегува“ во секој дом, глас што се препознава од прва.

Дали сте свесни дека сте своевиден бренд и како успеавте во сите овие години да не го поматите со ниту еден скандал или непрофесионален гест?“, ја прашале во една прилика во Слобиоден печат, а таа одговорила:

-Кога човек работи професионално во една професија и се надградува чекор по чекор, и со искуството кое си доаѓа со годините расте во професијата и почнува да плива сигурно во неа, резултатот е неминовен.

Секако за една јавна личност да се одржи толку многу години во професијата, важни се и карактерните особини на личноста.

Ненаметливоста, културата во однесувањето и надвор од професијата, поведението, почитта на сите луѓе кои се вашата публика, оставањето позитивен впечаток во опкружувањето, сето тоа е габаритот кој ја издигнува една јавна личност во бренд.

Одржувањето на сето тоа не е нималку лесно. Гледачот е барометарот, тој го проценува сето тоа и го препознава.

Во мојата професија е многу важно да ја добиеш довербата на гледачот, да те почитува, да ти верува и да си подготвен да го одржиш сето тоа низ годините во континуитет и со ист интензитет.

Тајната е во тоа да си едноставен, приземјен, близок до гледачот, кој во однесувањето со луѓето е пријатен, човечен, еден од нив. Доколку гледачот ја почувствува арогантноста, надменоста и недостапноста кај една јавна личност, таа личност сигурно нема да опстои долго на јавната сцена.

Ние работиме за гледачот да ја добие информацијата точно и навреме и од нашата интерпретација зависи како ќе ја прими.

Затоа е важно како ќе биде пренесена, како ќе биде интонирана таа информација за да те разбере секој.

Кога ќе се приближиш до гледачот, кога тој те прифаќа како пријатен лик кој секојдневно му влегува во домот тогаш можеш да речеш дека си успеал.

Но, никако не смееш да го злоупотребиш тоа, да ја изгубиш довербата, затоа што за да траеш долго треба да останеш ист, тој каков што те прифатил и ти ја дал довербата гледачот.

Нашата професија е специфична по многу нешта. Прво, на пребирливиот гледач треба да му се допаднете и да ве прифати со ликот, со изразот, а потоа и со изговорот, со правилната дикција и интонација.

Ние се обраќаме на различна публика, по возраст, по ниво на образование, важно е да те разбере секој. Тоа се оние работи на кои им укажувам на помладите. Поборник сум за почитување на правоговорот, користењето на стандардниот литературен македонски јазик.

Укажувам на грешки кои ги прават во таа насока. Оние што почнуваат во професијата им треба таков совет и со задоволство го прифаќаат кога ќе им биде даден. Телевизијата е специфичен медиум, се гледа сè.

И ликот, и гестикулацијата и гласот се важни. Со тоа ние допираме до гледачот. Потребна е умереност во сите тие работи. Потребен е баланс на изразот на лицето, држењето на телото, висината на гласот, брзината на изговарањето, интонацијата на речениците и самодоверба и сигурност при интерпретирањето.

При тоа и изгледот е многу важен. Ненападна шминка, фризура, облека. Почитување на кодексот на облекување, допадлив, но и умерен изглед, со кој му даваме и почит на гледачот.

Секако, секој кој се нафатил да работи во една професија, за да биде успешен треба и да ја сака таа професија, да го има тој нерв. Да биде подготвен секогаш да биде на ниво на задачата.

Во нашата професија потребно е да биде подготвен да ги апстрахира и моменталните лични проблеми и моменталното расположение и да не го прикаже тоа со неговиот лик и глас на екранот.

Секогаш сум била личност која приватниот живот сум сакала да остане приватен, но секако како јавна личност донекаде тоа и не е можно. Ја сфаќам потребата на новинарите да се интересираат за приватниот живот на јавните личности и сум го почитувала тоа кај нив и сум дозволувала да напишат нешто и за тоа.

Важно е човек да си го чува интегритетот, да ги заштити и своите блиски. Ако јас имам јавна професија, немаат моите блиски луѓе потреба да бидат јавно експонирани. Гледам колку можам да ги заштитам“, изјавила таа во Слободен печат.

Татјана е инаку елегантна дама, и речиси секогаш носи убави фустани и костуми, но е секогаш одмерена и облечена главно во долги фустани. На има една слика на нејзиниот Инстаграм профил, на која е различна.

Имено, Татјана таму носи краток фустан, тоест пократок од обично, и е во сина боја и мора да се признае дека супер и стои, впрочем како и се што ќе облече.

Previous articleВиолета Томовска по долго време се појави во јавноста- еве зошто ги расплакала сите (ФОТО)
Next articleРестоpан од Битола беcплатно ќе дава по 50 порции дневно, свинско, пилешко – познато е каде и кога