Home Live Виолета Томовска по долго време се појави во јавноста- еве зошто ги...

Виолета Томовска по долго време се појави во јавноста- еве зошто ги расплакала сите (ФОТО)

Познатата пејачка на народна музика Виолета томовска, во изминативе 60 години сними над 1.000 песни, одржа огромен голем број концерти во земјава и во светот, и издаде плочи со тиражи од над 100.000 примероци.

Томовска е голем борец. Познато е дека таа се избори со кан -церот а нејзината позитивна енергија се гледа и на сцената.

Виолетаа е на сцената повеќе од 60 години, и во една прилика за порталот 7дена.мк изјави дека многу би сакала да организира свој концерт, но не може тоа да си го дозволи со својата пензија.

– Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце.

Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт“, изјави Томовска во 2018 година. Taa тогаш додаде дека се надева оти за 60 годишниот јубилеј ќе успее да направи поголем концерт.

– Се омажив многу рано, на 19 години, да не останам немажена . Маж ми беше камерман, па и тој многу патуваше, и јас. Имавме динамичен живот. Имав можност да одам на многу турнеи.

Почнав да купувам облека од странство. Секогаш бев практична при купувањето, да можам да комбинирам со повеќе работи, а особено на овие години внимавам на тоа.

На пример, на едно здолниште, два блејзера, за да можам да менувам. Некои работи пак, си стојат сѐ уште, бидејќи сум немала како да ги комбинирам, но и не било проблем, бидејќи сум била млада – раскажа Томовска во интервју за „Фешнел“.

Но, да сме здрави и живи до тогаш. Важно е што ме држи грлото“, рече оптимистично Виолета чија песна „Молитва“ е вистински евергрин.

На крајот на ноември во 2020 година, се случи тажна случка во семејствто на Виолета Томовска. Засекогаш си замина Зоран Росоманов, зетот на фолк-легендата, сопруг на нејзината ќерка Невенка.

Познато е дека токму Невенка е девојчето за кое е испеана песната „Македонско девојче“, која ја изведе легендата Јонче Христовски. Тој бил чест гостин во семејството на Виолета Томовска, со која и самиот соработувал.

На една од тие средби, кога ќерката на Виолета – Невенка, го славела својот прв роденден, настанала токму оваа песна, тогаш за прв пат изведена тогаш од Томовска и Кирил Манчевски.

Велат, кога со љубов и за љубов се создаваат дела, тие се запишуваат во вечноста. И токму во име на љубовта, нејзиниот сопруг, Зоран Росоманов го подготви најнеочекуваното роденденско изненадување.

Тој направи реиздание на „Македонско девојче” изведено во несекојдневен стил. Создадено за истата личност, да потсетува на специјалните моменти, со вонвременски печат.

Росоманов го собра фантастичниот тим, кој со емоции ја поддржа целата идеја, и тоабеше подарок за неговата Невенка за 50-тиот роденден, во февруари во 2016 година.

-Сум имал среќа тоа девојче да ми припадне мене после извесно време. Триесетина години размислував таа идеја да ја продолжам“, изјави Зоран во една емисија на МТВ за својата сакана претходно.

За овој римејк беше снимен и спот. Ова беше неговиот подарок за сопругата. Зоран организираше сè во тајност за да ја изненади Невенка со преработката на песната и со спот. Сега, таа остана без својата најголема љубов.

Зоки и Невенка беа во брак 30 години. Тој во една прилика, ја раскажа целата случка за изненадувањето што ѝ го направил на својата Невенка. Новата верзија ја испејаа Весна Илкова Гиновска и Наум Петрески.

Невенка гордо продолжи без својата најголема поддршка, но со голема поддршка од пријателите. Таа е сопственик на своја приватна фирма, а најголемата поддршка ѝ е токму мајката која најдобро знае како ѝ е на ќерката.

И Виолета, во 2011 година, ја загуби својата најголема поддршка, Јордан Томовски- Франц кој беше познат снимател, а си замина од овој свет во 2011 година.

Новинарот Огнен Јанески на Фејсбук сподели објава во која е во друштво со Виолета Томовска. На сликата, Виолета изгледа одлично, целата сјае, и времето за неа како да стои. Јанески во оваа објава раскажа дека Виолета ги расплакала сите.

„Со Виолета Томовска. Таа денеска нè расплака сите, пеејќи ја нејзината ,,Молитва”, откако ѝ беше врачена наградата за Жена со трајни вредности, во рамки на манифестацијата Конференција „Жени Претприемачки“, напиша Јанески на Фесјбук.

Previous articleМојата љубов- еве како д-р Милан Ристески ја исфали својата Ребека и кажа што жртвувала (ФОТО)
Next articleТатјана Стојановска во краток фустан, во вакво издание не сме ја виделе (ФОТО)