Home Live Во друштво на лепотици, спортски облечен на свечен настан- Владо Јаневски се...

Во друштво на лепотици, спортски облечен на свечен настан- Владо Јаневски се пофали со убави новости (ФОТО)

Владо Јаневски, кога не работи е сосема повлечен од јавноста, во својата куќа која ја нарекува тврдина, во маалото кое го опеа во еден од своите хитови. За Чаир, во истата песна, тој раскажа дека често е досадно место.

Но, за него очигледно не е, затоа што откако изјави дека со жените завшрил, вели дека научил како да му биде забавно самиот со себе. Кога има повод, тој е медиумски активен и отворен за муабет.

Трачевите постојано го следат и вели дека не го допираат ниту има потреба да ги демантира, затоа што вистината понекогаш и не е битна.

Има многу приказни кои се врзуваат за Владо во изминативе години, а дел од нив откри во едно интервју за за Женски магазин.

Секој треба да си го работи своето: пејачот да сними песна и спот, да отпее концерт а потоа е ред на чаршијата да реши што и како ќе си прави занимација со јавните личности.

Нема лутиш, кој ја избрал оваа професија нема право да се лути кога ќе го озборуваат. А вистината ионака никому не му е битна. На народот му треба вентил, дневен трач за со кафе за да си ја разбие монотонијата на секојдневната рутина и да се оттргне бар на момент од грижите.

За тоа служат трачевите и со помош на таблоидите, порталите и социјалните мрежи се таргетираат познати пејачи, спортисти, политичари…

Тој што сака да ги побива и демантира трачевите не ќе да е баш мудар и подобро да си најде друга професија кај што нема да го чепкаат, хахаха.

На прашањето: Што правиш кога немаш ангажмани и настапи, Јаневски одговорил на овој начин:

– Ништо, што помалку тоа подобро. Се кријам во мојата куќа во Чаир која ја претворив во мала тврдина за никој да не ми пречи. Всушност, другите ја викаат тврдина бидејќи има електрични капии, безбедносни камери и слично, ама јас си ја викам оаза.

Тука ми е најубаво, бидејќи одамна научив да ми биде забавно самиот со себе. Но, ова е изјавено, пред да се пресели во Гевгелија, во градот за кој рече дека живее помирно и поубаво.

Поп пејачот по повеќе од шест децении живот во Чаир, Скопје, каде што е роден, се пресели во Гевгелија. Музичарот кој годинава наполни 62 години, веќе извесен период живеел во стан во Гевгелија, а за животот таму има само пофални зборови, објавио Фокус минатата година.

-Мислев дека ќе ми биде убаво во Гевгелија, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво, изјави тој во утринската емисија кај Вера Мештеровиќ, потврдувајќи ја веста дека не живее повеќе во Скопје.

За животот во помал град, раскажа дека е многу смирувачки за него, луѓето биле кротки и нашол спокоен живот.

-Токму тоа ми треба за баланс во глава. Не дека имам многу пријатели таму, имам мирен живот, во станот имам гитара, кога ми треба клавир за компонирање на нова музика, одам во казиното Фламинго, тамошниот менаџмент ми дозволува да го користам нивниот клавир.

Во Скопје доаѓам за гостувања во емисии или на концерт, но прва мисла ми е враќањето во Гевгелија. Спокојниот, мирен живот таму е спротивност на шоу бизнисот – откри Јаневски.

„Можеби не се случува нешто многу околу мене, живеам еден мирен, многу спокоен живот, не е ни од далку бруно како што луѓето замислуваат, ниту гламурозно- кој знае како си го тераат животот ова пејачиве…

Воопшто не е така. Јас барем обожавам така да живеам, мирно спокојно. Затоа и се преселив во Гевгелија, таму ми е многу спокојно, четири брзини поспоро него во Скопје. Мислев дека ќе ми биде убаво, не знаев дека до толку ќе ми биде убаво.

Штом отидам во некој друг град на концерт, прва мисла ми е-назад во Гевгелија, не ми е назад во Скопје, и веќе во глава ми дојде по дифолт, да си вртам десно за Гевгелија. Не толку што е потопло, толку е мирно, луѓето се кротки, тоа ми одговара“, изјавил Владо.

-Не дека има нешто многу пријатели, не дека некој многу бурен живот имам, ама токму она што ми треба, еден спокоен, мирен живот, којшто е спротивност од шоу бизнисо.

Значи ако шоу бизнисот е брзо, лудо, бучно, интензивно, Гевгелија е се што не е, Гевгелија е се обратно“, додал тој.

На Фејсбук профилот на Владо Јаневски, се појавија слики од настан на кој бил, тоест во ТВ студио. На нив, Владо е спортски облечен, во фармерки и јакна во сива и сребрена боја и се пофалил со убава вест:

-Во специјалното празнично издание на емисијата „Стисни плеј“ на МРТВ на Владо Јаневски и на уште неколку негови колеги им беа доделени награди насловени “Македонска музичка константа” за повеќедецениски континуиран придонес во домашната популарна музика“, стои на Фејсбук профилот на Владо.

На сликите тој е со водителките на ова шоу, Алесандра и Јана кои се дотерани како за новогодишна прилика и се гледа дека ужива во нивното друштво.

Previous articleПосле долго време во јавноста се појави Ирена Илиевска, селската убавица од прикаските, направи голема промена и раскажа лоша случка со ќерка ѝ
Next articleЕве како Маријана го прослави роденденот во Австралија- лудување со Татјана Лазаревска (ВИДЕО)