Home Live Ани Малинкова се разведе, па си фати дечко, па пак е соло,...

Ани Малинкова се разведе, па си фати дечко, па пак е соло, ама едно нешто не се смени кај неа никогаш

Фолк пејачката Ани Малникова не е веќе соло. Осум години по разводот, фолкерката влета во сериозна љубовна врска!“, објави Вистина.мк во февруари оваа година.

-Фолкерката сега конечно може да се пофали со својот нов љубовен статус, откако на својот Фејсбук, нејзиниот актуелен партнер Ѓорѓи Тренески објави дека е во љубовна врска со пејачката, споделувајќи две фотографии покрај објавата.

На едната обајцата во љубовна пргратка, а на другата ликот на пејачката, која инаку е родена кавадарчанка и е золва, (сестра на сопругот) на поп пејачката Наташа Малинкова, со која се како две најдобри другарки.

Но, сега овие слики веќе ги нема на Фејсбук, што значи дека по се изгледа Ани е повторно соло. Без оглед на брачниот или љубовниот статус, Ани секогаш изгледала средена и стокмена.

-Уште додека бев мала, најважно ми беше да се облечам убаво, да ставам шноли на косата, да и ги земам штиклите на мајка ми и пред огледалото со часови пеев и играв.

Таква останав и денес, на мои 48 години, сакам да изгледам убаво, средено, да пејам и да се веселам – вака за ,,Фокус” раскажува фолк пејачката Ани Малинкова, која во месец август минатата година направила првиот естетски зафат, а потоа продолжила со низа на третмани за нега и одржување.

Вели дека според неа секоја жена треба да биде негувана, а на естетските третмани кои изминативе години станаа популарни и достапни и кај нас, гледа како на рутина која и дава дополнителна самодоверба.

-Подолг период размислував за ботокс, но поради пандемијата постојано одлагав. Во август се решив да ја посетам орданицијата Др. Анчевски, и воопшто не се покајав.

Направив ботокс третман на лице, потоа следеше затегнување на лице и тело со колаген, ласерски третмани за коса, цела низа на мали задоволства кои многу значат за секоја жена.

Се препуштив во рацете на д-р Тања Бурјакоска, без страв, безболно ги минувам сите третмани – раскажува Малинкова.

– Го користам денот за да одам на Водно, препознатлива сум кога одам на стазата, до Средно Водно. Поретко одам до крстот, ама до Средно Водно секој втор или трет ден“, рече Ани во една прилика на Сител ТВ, но и откри дека многу дека многу сака да пее староградски песни и странски балади.

Ани својата кариера ја започнала на 17 години, кога од Кавадарци дошла во Скопје и попчнала да настапува во емисијата „Оваа сабота“ на Димитар Масевски. За оваа емисија таа рече дека била ловец на таленти.

Исто така раскажа дека снимила 5-6 албуми со песни од фестивали и благодарници и награди за кои веќе нема место каде да ги стави. „Јас настапував по свадбени веселби, кршетвки.

Цела Америка ја имам прошетано, нема црква во којашто не сум нстапила, кај нашите иселеници што живеат во Америка, во Австралија на тие турнеи. И во Европа, нашите македонци едвај чекаат да дојдеме и да слушнат македонска музика“, рече пејачката.

Таа спомена и дека пее со својата снаа, Наташа Малинкова, познатата пејачка која живее во нивниот роден крај, Кавадарци.

„Сега немаме лозје, само јадеме грозје, пиеме вино и пиеме ракија.

Кога бев помала, јас 24 часа бев надвор, се дружев и со машки и со женски. Јас повеќе со машки се дружев“, рече Ани за своето детство. Таа рече дека многу се занимава со социјална мрежа ТикТок и се пофали дека има голема гледаност и контактира со луѓе од целиот свет.

Исто така, раскажа и дека видеата ги снима на својата мејк ап лампа и тоа многу ја разонодува. „Вежбам дома аеробик. Со мајка ми си правам муабет и ги гледаме рецептите со здрава храна.

Многу рецепти имаме заедно, а некогаш и ќерките готват. Миењето садови, ми останува на мене. Имам и миленичиња, куче и мачка, и денот ми е исполнет. Овој период го сфаќам како одмор“, рече пејачката.

– Ќерките најмногу сакаат рижото со пилешко, а скам и јас, ама многу сакам и да виткам сармички од лозов лист“, се пофали пејачката за својот домаќинлук.

Ани Малинкова се разведе, па си фати дечко, па пак е соло, ама едно нешто не се смени кај неа никогаш- нејзиниот позитивен дух и умешноста во кујна за која раскажа во емисијата Магазин на Сител.

Previous articleНајмалку еден литар црвено вино е „виновно“ за најубавата песна на Ефто Пупиноски
Next articleИм пуштија муабет дека не се „мирисаат“, ама пак се заедно – Гавазова и Велевска во посебно издание, двете слично облечени- која е позгодна?