Home Live Две во едно за Анета и за „Молика“, еве како ќе се...

Две во едно за Анета и за „Молика“, еве како ќе се офајдат пред Нова година

Во својата долгогодишна музичка кариера, фолк пејачката Анета Мицевска се покажа и докажа како еден од најдобрите вокали на македонската естрада.

Тоа и донесе многу настапи и набиена агенда како во земјата, така и во странство, а стана ексклузивец и на српската „Гранд“ продукација.

Нејзиниот талент бил забележен уште на рани години, а мајката на Анета, госпоѓа Лиљана Љумаковска во интервју за svet-australia.com проговори за детството на пејачката.

„Анета како дете беше многу мирно и скромно дете. Од најрана возраст, велам најрана затоа што беше многу малечка се уште одеше во градинка, сакаше да пее. Имаше околу три години кога забележав дека пее интонативно точно.

На 9 годишна возраст ја пријавив на популарниот детски фестивал „СИ-ДО“ каде конкуренцијата беше голема. Анета на аудицијата ја отпеја песната „Свирејте ја зајди зајди“ од Олгица Христова.

Жирито беше воодушевено, едногласно беше примена на фестивалот. Таму ја испеа песната „Среќна сум“ и тоа беше нејзино прво појавување на сцена. Нашето мирно девојче на сцена изгледаше многу поинаку“ вели мајката на Анета.

Лиљана истакна дека таа и шиела гардеробата на Анета на почетокот на кариерата.

„Анета уште од малечка беше правилно воспитана и насочена кон вистинскиот пат.

Главно мото во моето воспитување беше да биде добра, искрена и чесна. Да ги сака луѓето и да помага таму каде што може да помогне. Мислам дека успеав од неа да направам вистинска личност вредна за почит“ вели Лиљана.

Мајката на Анета исто така истакна дека многу му е благодарна на затот што го исполнил ветувањето од Анета да направи ѕвезда.

Анета Молика е особено ценета и очекувана во Европските и прекуокеанските земји Австралија и Амеирка, каде со задоволство ја пречекуваат, а салите каде таа настапува се преполни.

Уште еден доказ дека македонските фолк пејачи добро заработуваат е домот на Анета Мицевска и нејзиниот сопруг Џими од групата Молика, кои ги отворија вратите на својот семеен дом во една прилика.

Тие ја угостија екипата на емисијата ВИП сезона на Избор на најдобри рецепти на водителот Ване Маркоски, кој во тоа време работеше во оваа Тв куќа. Во домот тие ги поканија сите членови на групата Молика и со песна и весела атмосфера ја дочекаа новинарската екипа.

На Фејсбук профилите и на Анета и на Џими е споделено видео од нов објект за веселби кој се вика „Молика“, а според презимињата Мицевски кои се означени на ова видео, станува збор за семеен бизинс на Мицевски, како што се презиваат Анета и Џими.

По кризата која доста ја осетија угостителите, сега свадбите, крштевските, матурските, родендените повторно на големо се слават, а угостителите (заслужено по паузата) тријат раце. Во вистинско време, семејството Мицевски го отвара овој објект кој се наоѓа во Битола, и порачува:

Прекрасната комбинација од вкусна храна и пријатен амбиент нека бидат вашиот избор,а ние ќе се погрижиме вашите најдрагоцени моменти да ги направиме незаборавни.

Резервирајте ги вашите свадби,крштевки,родендени,матурски прослави и други фамилијарни забави“.

Всушност, поваа обајава меѓу првите ја има споделено Марио, синот на Џими од Молика од првиот брак, па изгледа дека Марио е младиот газда , а тој и неговото семејство даваат се од себе да го разработат овој бизнис.

И токму Анета и Молика ќе си пеат во семејниот ресторан кој се вика исто така „Молика“ во овој предновогодишен период.

Е, тоа се вика домаќинлук. Ем семеен ресторан, ем домашна група, две во едно за Анета, Џими и за фамилијата.

На Фејсбук тие објавиле слики од предновогодишните понуди, и најавиле дека таму Анета и групата „Молика“ ќе пеат три дена по ред.

Previous articleОвде израснал Саша Поповиќ, оваа стара куќа крие многу посебна приказна
Next articleНоне летна во градот на слободата и забавата и посети посебен музеј, па веднаш ѝ се пријаде благо (ФОТО)