Home Live Илина плаче по Игор- Види што ми направи, срам да му е...

Илина плаче по Игор- Види што ми направи, срам да му е (ФОТО)

Илина Арсова , нашата позмата алпнистка и уметник, на крајот од 2019 година објави: Мисијата „7 врвови“ е завршена! Македонското знаме е на врвот Винсон на Антарктик со ладни раце, но топло срце.

Со ова искачување, станав прва жена од нашата земја и една од 60 во светот кои ги искачиле највисоките врвови на сите континенти, според Меснерова листа, што е врвен успех во планинарските спортови.

Нека ова биде поттик за сите вас да верувате во невозможното”, беше објавата на нашата Илина Арсова, а го реобјави Фешнел. Илина, за овој медиум раскажа доста интересни работи, и меѓудругото изјави:

-Благодарение на моите родители кои ни ја всадиле љубовта кон природата, уште од мала падините на Водно беа мојата комфор зона. Потоа следеше извидништвото каде истото се потврди и секако екстремните спортови кои доста рано станаа неразделен дел од моето постоење.

(На 14 години посетував обука за падобранство, на 16 почнав да летам со параглајдер а некаде од 20-тата почнав со качување карпи и повисоки планини).

– Ова е комбинација од повеќе спортови и вештини. Во фаза на подготовки тренирам разни спортови за подобрување на општата физичка состојба, додека низ креативна работа и останатите предизвици со кои секојдневно се соочувам, ја тренирам и зајакнувам психата која е исто така многу важна при искачувањето на големи височини.

Вистинската победа е да се вратиме дома живи и здрави. Во одредени моменти потребно е да се остане истраен, да се надминат кризите и со тоа извојуваме победа над самите себе.

Стравот е секојпат мој сопатник, и „доле“ и „горе“. Убаво е да се анализира стравот и со него сојузнички да се делува.

Од емотивни стравови на осаменост, страв од заљубување или впуштање во нова врска, до реално физички стравови каде сме биле во опасност од многуте ризици на кои сме изложени во планина како што се бури, лавини, опасен терен, падови и сл“, кажа Илина за Фешнел.

– Со секој искачен врв се повеќе се згроз увам од насоката во која се движи човештвото особено во урбаните средини со наметнат прекумерен конзумеризам.

Се воодушевувам на едноставноста на животот на локалното население кое живее во пазувите на планините како и оние рурални средини кај нас, каде вистинските вредности сеуште се донекаде зачувани“, додаде таа во Слободен печат.

Апсолутно дека не е се’ освоено и не може да се освои. Мојата филозофија е дека човек не може да освои планина туку планината да му дозволи да стапне, или не на нејзиниот врв.

Исто така станува збор за различни спортови и различнни предизвици кои јас ги практикувам како планинарење на големи височини, искачување карпи, алпинизам, ски алпинизам и слично. Секоја дисциплина си има свој предизвик“, рекла таа во друго интервју, за Слободен печат.

-Започнувам како студент на ликовна академија во 2001 година, со потајни сништа за искачување на големите планини.

Од 2002-ра година почнувам да качувам карпи и посериозно да се бавам со високогорско планинарење и алпинизам, истовремено се бавев со параглајдерство а ги зајакнував и вештините за скијање по длабок снег.

Низ годините овие две насоки многупати се преплетуваа и надополнуваа за да дојдат до една неразделна врска и меѓусебна инспирација. Доколку се почитуваат правилата на игра, ризикот го сведуваме на минимум.

Животот ни е на коцка секојпат кога ќе излеземе на улица. Свесна сум дека во моите експедиции сме изложени и на опасности кои не зависат од нас. Многупати сум се уплашила и сум си рекла дека нема повеќе да го правам тоа, но поривот кон нови авантури бил секојпат појак“, додала Илина.

Илина Арсова која е сега разделена од Игор Џамбазов, и е на докторски студии во Тенеси, ставила интересно стори на Инста, а истото потоа го шернал и Игор Џамбазов.

Таа го означила него и со плачлив глас и со насолзени очи вели: Види што ми направи, срам да му е!

А потоа, Илина ја открива „финтата“, и откако ќе ги изговори тие збророви, покажува кромид, кој е познат по тоа дека од него солзат очите.

Илина готви нешто вкусно со кромид и пушта солза, и така настанало ова стори кое е забавно за оние кои ги следат Илина и Игор.

Previous articleСилви Плевнеш искрено раскажа како познат скопски доктор ѝ помогнал да ја спаси својата мајка
Next articleНајмалку еден литар црвено вино е „виновно“ за најубавата песна на Ефто Пупиноски