Home Live Им пуштија муабет дека не се „мирисаат“, ама пак се заедно –...

Им пуштија муабет дека не се „мирисаат“, ама пак се заедно – Гавазова и Велевска во посебно издание, двете слично облечени- која е позгодна?

– Како дете чекав што побрзо да пораснам. Прв ми подаде рака Игор (музичар од мојот роден град Прилеп)со него ја снимив песната “Сонувам”, изјави во една прилика Елена Велевска во интервју за estradaworld.blogspot.com.

-После тоа мојата прва касета ја снимав со Дејан Момироски музички продуцент и соработник со кој работам 20 години.

Последниве години имам свој ПР тим кој многу ми помага.Најголемата подршка во тоа време кога почнував,а имав 15 години беше и остана моето семејство.

Додека моите другарки изглегуваа и бркаа симпатии,јас без да знаат моите родители одев во ресторани кои работат со музика во живо и сакав да гледам како се работи,кои песни се пеат,запишував и ги учев песните кои беа актуелни.

Така музичарите го забележаа мојот интерес кон музиката и имав простор да испеам некоја песна.Упорноста и истрајноста ме донесоа овде каде што сум.

Јас не сум конфликтна личност, ни во приватниот, ни во професионалниот живот.Го почитувам секој оној кој се труди да направи нешто. Мојата цел е преку песна да се зближиме,музиката нема граници,да си помогнеме со што ќе се прошири соработката на музичкиот пазар.

Ние како Балканци можеме многу,а со песна е многу полесно.Колку по пријателски однос со колегите толку успехот за сите е неминовен“, рекла Велевска во ова интервју.

Живееме во време каде што е многу тешко да издадеш песна,видеоспот,јас немам никаков проблем она кое е добро да го споделам на социјалните мрежи, со мојата публика, што не можам да кажам дека е така и кога моите колеги се во прашање.

Фокусирана сум на мојата кариера и на семејството, немам време за да бидам дел од нешто кое не сакам, каде што не ми е местото.

Изминатава пролет, во Прилеп се одржал фолк фестивал на кој пеела Елена Велевска и Сузана Гавазова. Двете пејачки, за кои често се зборува дека се скарани и не се трпат, го докажаа спротивното.

Инаку, двете фолк диви за време на пандемијата најавија заеднички настап.

Сузана Гавазова и Елена Велевска тогаш одржаа заеднички онлајн концерт за фановите, и бројните шпекулации дека двете познати фолк пејачки се скарани со овој концерт паднаа во вода.

А инаку, на настапот во Прилеп и двете се сликале заедно гушнати, а Велевска оваа слика ја објавила на Инстаграм и напишала: Две македонски диви. Инаку, ова е причината што тие две не беа во добри односи.

Претходно пак, Елена Велевска во едно интервју за „Ексклузив“ изјави дека со колешката Сузана Гавазова не се најдобри односи, но и дека на некој начин секогаш ќе бидат ривалки бидејќи се во иста професија.

Велевска во интервјуто истакна дека со нејзината колешка „се скарале“ бидејќи требало заедно да снимаат дует.

Меѓутоа, Елена трипати била во студиото за да го снима својот дел, Гавазова не се појавила, објави Вистина во една прилика.

„Јас секогаш ќе ја доживувам како колешка.

Неодамна бевме договорени да снимиме дует, јас трипати појдов во студио да го сработиме, но таа некако не сакаше да се соочиме.

Тоа ми покажа многу различен став од оној кој го имав претходно за неа. Иако ми е колешка ние никогаш не би можеле да не бидеме ривалки, а да сме во овие естрадни води“ изјави неодамна Велевска.

Гавазова и Велевска позираа заедно, и двете оваа слика ја објавија на Инста стори. И двете се слично облечени, во мини фустани кои се светкави, и не се знае која е поубава и позгпдна.

Previous articleАни Малинкова се разведе, па си фати дечко, па пак е соло, ама едно нешто не се смени кај неа никогаш
Next articleПисмото кое Лора Турунџиева своевремено му го напиша јавно на Маленко, ја инспирираше мајка ѝ Сузана да се охрабри за едно нешто