Home Live Колку ниско – другарка моја го фати мојов со женската во гаражи...

Колку ниско – другарка моја го фати мојов со женската во гаражи долу во Карпош 3

Жената може да биде ангел, но може да ти стане и најголем непријател, доколку и ги повредиш чувствата.

Се разбира, ова би можело да се каже и за мажите, но сепак, жените се поемотивни и нивните реакции во ситуации како оваа подолу, предупредуваат на поголема искреност и морал, во една врска.

Во нашиот инбокс, жена од Скопје која сака да остане анонимна, ја пушти оваа своја исповед!

-Онаа народната, жената, мажот последни дознаваат видов дека е вистина. Не дека не се сомневаш, ама едноставно не сакаш да поверуваш дека е тоа така и си живееш во илузија, ама до кога.

Со маж ми сме во брак седум години. Пред тоа, во врска бевме осум години. Од прва година средно, у школо се фативме.

Додуша, моите дома ми велеа, немој ќерко да се врзуваш, не можеш во животот со еден да поминеш, ниту тој ниту ти, ама знаете како е младешка љубов.

Интересно е дека сè додека не се омажив, за мене постоеше само „љубовта моја“ на светов, а мислам и јас за него. Но, откако се зедовме, работите како да почнаа да се менуваат.

Видете што е интересно. Дури бевме во врска, ниту јас имав потреба да искачам без него, ниту тој без мене. Не се двоевме, постојано бевме заедно.

Нит другари гледаше нит ништо. Гледаше само како ко ќе остане сам дома да дојдам кај него, или обратно.

Ама штом се зедовме и му станав целосно достапна, „љубовта моја“ почна да го интересираат другари, излегувања со другари, дружења, кафани, кафичи…

Јас имав комплетна поддршка и разбирање за неговите потреби. Бев свесна дека тој многу од дружбите пропуштил. И го пуштав, не му правев проблеми. Па и јас си излегував со другарки.

Ама излегував дури не забременив. Потоа едно дете, па уште едно. Јас првите пет години од брак бев практично дома. Сега последниве година, две ако успеам некое кафе со другарки.

Нејсе, никогаш се немав посомневано дека „љубовта моја“, освен дружбите со другари, има отидено предалеку…

Почнаа кавги во бракот за глупости, лутење, за друго нешто да не ни зборувам. Не ме ни погледнуваше. И повторно не се сомневав во нешто повеќе од тоа дека еве, нервозен е дека му фалат пријателите, кафаните и толку.

Но човеков последниве месеци почна речиси секој ден да касни од работа и да доаѓа дома доцна. Кога ќе го прашав кај бил, ми измислуваше или дека заглавил на работа, најчесто, или нешто на мајстор со колата, или кладилница…

Кога еден ден ми се јавува другарка моја школска што живее во Лептокарија. Вика, абе го видов овој твојот. Каде ма? Па вика си дојдов околу 6 од работа и да паркирам у гаража доле, кога колата на твојот, седеа со женска особа.

Значи не правеле ништо, не ми кажа другаркава таква работа, ама не значи дека ден претходно, или потоа не го правеле и тоа. За срамота. У кола.

Како да ви кажам, ми се сруши цел свет. Се правам сега дека ништо не знам и ковам стратегија. Не помислувам да му правам вратка или такво нешто.

Сепак, имам јас доастоинство. Но некако ќе му се одма здам сигурно. Пред да побарам развод секако.

Се консултирам со адвокати како да останат децата со мене и како да земам повеќе од имотот. Немаме којзнае што, едно станче, ама да и го оставам ли на некоја пачавра што ќе ја земе после мене.

Тој сега не размислува дека има две деца, а таа ќе го шутне сигурно. Тоа секогаш им се случува на таквите и на крај знам дека ќе ме моли, ама касно ќе му биде…

Името и презимето познати на редакцијата

Фото: Илустрација

Previous articleМалиот Жељко е ист како татко му, ѝ го направи ова на Цеца, а таа веднаш го виде Вељко во него
Next articleСања Барбика скршена од болка, се прости од своја драга линост- израснавме заедно…