Home Live Најубавата македонска водителка сподели емотивна порака за мајка си, со која многу...

Најубавата македонска водителка сподели емотивна порака за мајка си, со која многу си личат: Понекогаш ја отворам устата… (ФОТО)

Милена Антовска е една од нашите најубави водителки и секојдневно имаме можност да ја видиме во утринската на Канал 5. Милена многу често споделува позитивни цитати и начини за справување со анксиозноста, за кои и самата има зборувано.

Милена неодамна се потсети на еден убав спомен од пред 8 години кога првпат облекла венчаница за фотосесија.

„Пред 8 години на денешен ден прв пат облеков венчаница за потребите на една фотосесија која што ми е многу драга затоа што ми е меѓу првите откако работам.

@vladimirgjorgiev_ беше задолжен за шминка и фотографија, а @marija_glavcheva за интервјуто.

Знам дека повеќето од вас ги знаат овие фотографии, ама така некако ми дојде да ги споделам повторно со вас,“ напиша Милена на фотографиите кои ги објави пред неколку денови.

Милена често ја гледаме во друго издание, а вака во венчаница исто изгледа прекрасно. На фотографиите, Вера ѝ коментираше: „Ги изгоре мреживе во недела“, на што Милена врати:

-Хахахаха дека е ден за одмор, па малку да се релаксираме.

Таа во една прилика, во Женски Магазин кажала каква лоша случка има доживеано кога нејзин обожавател ја прогонувал.

Станува збор за ТВ гледач кој бил многу фокусиран на Милена што почнал да ја следи, а за овој случај реагирале и високите органи. Еве што раскажа Милена по овој повод:

– Има интересни ликови кои најчесто кажуваат или пишуваат позитивни коментари, но има и такви што се опседнуваат.

Имаше еден гледач кој постојано ми праќаше писма, со песни и исечоци од весници, не ги ни читав искрено.

Но, работата отиде до таму што почна да ме мал третира по телефон. И на работа, и кај нас дома, и дома кај моите. Многу беше упорен, праќаше и некои пакети. Морав да пријавам во полиција, во две полициски станици, и во Карпош и во Ѓорче Петров.

Тоа заврши откако интервенираше полицијата, ете до таму отиде работата.

За среќа заврши позитивно, се надевам дека нема да имам веќе непријатни случки“, рече оваа наша позната водителка.

Mилена има две ќерки, Лана Марија и Јоана. За породувањето со Јоана, таа во една прилика проговори низ што поминала:

-Јоана сакаше да си се роди на свој ден, на свој празник. Инаку, роденденот не го почувствував, не ни мислев на мојот роденден, бидејќи токму тој ден бев двапати на преглед, лекарите сакаа да ме видат, односно мојот лекар, д-р Јосиф Ѓоревски, кој ме породи и првиот пат со Лана Марија и вториот пат со Јоана, сакаше да бидам таму во близина, бидејќи се очекуваше секој момент да се породам.

Ова што ќе го споделам сега со вас, всушност не го споделив со никој, го знаеја само моите најблиски. Искрено, не ни планирав да го споделам во јавност, затоа што сметав дека нема некоја посебна потреба.

Но, ете вие како вистински професионалци од сосема друга страна сте дознале дека се породив на ГАК, но на одделот каде што лежат пациентки позитивни на ко вид-19.

За жал, по вторпат прележав ковид, но за среќа, со многу лесни симптоми, или можам да кажам дека вториот пат без никакви симптоми, затоа што јас сосема случајно дознав дека сум позитивна на ковид.

Милена сподели еден свој статус кој е од минатата година, но секако може да важи во секое време, а штом го споделила, оваа наша убава водителка сѐ уште верува во него. На сликите, таа има фустанче со шлиц и порача:

– Не дозволувајте никој да ве земе здраво за готово! Оваа мисла во последно време често ме следи…Во моментот кога ќе се случи тоа, веќе се губиш себе, а тој или таа од другата страна зема замав и си дава сила.

Без разлика дали е за работа и во љубовта, никогаш не треба да се даваме целосно затоа што така несакајќи им даваме до знаење дека секогаш сме им на располагање и мислат дека треба да постапуваме онака како што ним им одговара.

Ниту моментите не треба да ги земаме здраво за готово затоа што може никогаш повеќе да не се повторат. Сонувајте, планирајте, реализирајте и што е најважно инвестирајте.

Инвестирајте пред се’ во себе си, во градење и растење на својата личност и што е многу важно, вложувајте во децата. Тоа е најисплатлива инвестиција која може нема да даде инстант повратен ефект, но после години ќе вроди со плод.

Го знам тоа од моите родители. Почитувајте и ценете!“, напишала Милена во објавата.

Милена во една прилика ја покажа мајка си со која неверојатно многу си личат. Милена и мајка си на сликата изгледаа многу среќно и насмеано, а Милена стави стикер на кој пишуваше дека ја сака мајка си.

Сега Милена на својот профил објави интересна слика која токму ја намени за нејзината најголема поддршка.

„Некогаш кога ќе отворам уста нешто да кажам, од мене излегува мајка ми,“ стоеше на сликата, а Милена додаде срценце.

Previous articleНоне летна во градот на слободата и забавата и посети посебен музеј, па веднаш ѝ се пријаде благо (ФОТО)
Next articleРадовановиќ: Ѓоспоѓо Данела, ти и да не сакаш да дадеш оставка, биди сигурна, дека ќе најдеме начин да те смениме