Home Live Ноне летна во градот на слободата и забавата и посети посебен музеј,...

Ноне летна во градот на слободата и забавата и посети посебен музеј, па веднаш ѝ се пријаде благо (ФОТО)

Ноне Неделковска неодамна се појави во емисијата Еден на еден кај Жаре, но секако не во живо туку со видео повик од брод и таа се јави за да го изненади Јован Јованов кој беше гостин во оваа емисија. Јован и Ноне се инаку пријатели уште од времето.

– Еден специјален поздрав до Јован Јованов. Слушам дека Јован си во Македонија и нормално, морав да пратам еден прекуокенски поздрав, моментално пловам за Јамајка.

Се надевам дека убаво си поминуваш дома, нормално дека чувството е незаменливо кога си со своите најблиски.

Но, имам едно прашање до тебе, а тоа е дали би правел концерт и дали додека си во Македонија би направил уште неколку хитови?“. Ова беше прашањето кое Ноне му го постави на Јован а тој ѝ одговори вака:

-Може Ноне, ако и ти дојдеш гостинка, да знаеш“. А инаку Јован изјави дека добива пораки дека сакаат да се врати на естрадата, а истото го рече и Елвир Мекиќ кој гостуваше заедно со него во студиото.

Откако почна пандемијата, таа беше долго време во Велес, и често споделуваше инспиративни мисли, но и фотографии на Инстаграм.

„Не може да се научи ширењето на позитивна енергија – не може од човек да излезе она што го нема.

Постојат луѓе кои мислат дека ширењето на позитивна енергија може да се научи, дека постојат фрази, зборови или реченици кои ја создаваат позитивната енергија.

Не е така. Енергијата, позитивна или негативна, се наоѓа во човекот. Не може од човек да излезе она што го нема. За да можеме да шириме мир, мораме најпрво да имаме мир во себе.

За да можеме да шириме радост, мора најпрво да ни биде срцето радосно. Во спротивно, и зборовите за најголема утеха звучат како напад, од устата на незадоволниот човек“, напиша Ноне.

-Денот го почнувам мирно и тивко и преферирам првото утринско кафе да го пијам сама, за да можам да си го организирам денот во мисливе.

Работа на брод има малку поразлично темпо на живот, секој ден ми започнува во некој друг град, со тоа доаѓаат и различни обврски.

Ме мотивираат многу работи, но еве ќе одвојам една од нив. Ме мотивираат препреките во животот“, рече Ноне за Женски Магазин во една прилика, а во истиот медиум таа објаснила зошто заминала на брод.

Таа е родена велешанка, и еден ден ја фатила криза за дома и рекла- доста е. Ама секогаш кога ќе си дошла дома после месец и пол сакала да си оди. Така било речиси секој пат.

Но, по некое време, откако олабавија мерките и се отворија патиштата, таа со радост објавуваше нови слики од тоа како лета со авион на нова дестинација, а потоа како ужива на својата работа како консултат за убавина на брод.

Ноне за десет години се гледа со две дечиња, како среќна мајка и сопруга. Кога Ноне го прослави 35-от роденден на брод објави слики за сите оние кои спред неа се зло бни.

„Драги зло бни луѓе. Се надевам дека малку ќе се заду шите од мојот сјај“, им порача Ноне на хеј терите.

Ноне на својот профил на Инстаграм им дозволи на следбениците да ѝ поставуваат прашања за сѐ што ги интересира, бидејќи ѝ било досадно.

Дел од одговорите беа поздрави, дел зезање на сметка на Ноне, но имаше и онакви кои нѐ заинтересираа посебно.

Ноне знае од време на време да сподели по некоја мудра мисла на социјалните мрежи, а во една прилика таа рече:

Жена е женственост, став. Жена е љубов, инспирација, нежност. Мајка, иднина.

Жена е многу подлабоко, искрено, свето. Жена не е само она надворешното, туку тоа во неа, поради неа.
Жена е почеток и крај на сè.“

Пред некое време, таа покажа една посебна жена во нејзиниот живот, а тоа е мајка ѝ. На сликата на која Ноне е со мама Мимоза, се гледа колку таа личи на неа, и ѝ посака среќен роденден.

-Моја мама, те сакам. Среќен роденден“, напиша Ноне.

Ноне долго време беше во Македонија, па се шушкаше дека наводно си нашла некој и затоа останала подолго време. Но, Ноне ги демантираше овие наводи кога објави слика со долгата црвена коса и се пошегува дека моментално е во врска со неа.

На Ноне толку многу ѝ се допаѓа косата што таа вели дека е заљубена во неа. После тоа, Ноне летна од Македонија и моментално е во Амстердам, градот на слободата и забавата.

Ноне објави видео во кое се снимаше самата себе и убавините на овој град, па напиша: „Погодете кај сум.“

Секако, тоа што се прави во Амстердам, останува во Амстердам, па Ноне си посети специјален музеј, а за кој музеј се работи може да видите подолу на сликата.

Веројатно затоа ѝ се пријаде благо на Ноне, која веднаш по излегување од ресторанот си купи шпански крофни со многу крем.

Previous articleДве во едно за Анета и за „Молика“, еве како ќе се офајдат пред Нова година
Next articleНајубавата македонска водителка сподели емотивна порака за мајка си, со која многу си личат: Понекогаш ја отворам устата… (ФОТО)