Home Live Писмото кое Лора Турунџиева своевремено му го напиша јавно на Маленко, ја...

Писмото кое Лора Турунџиева своевремено му го напиша јавно на Маленко, ја инспирираше мајка ѝ Сузана да се охрабри за едно нешто

Сузана Турунџиева освен што е водителка, пејачка, наставник по музичко, таа е и писателка, и зад себе има неколку романи, а дел од нив се автобиографски, и за нив во една прилика зборуваше во Женски магазин.

Откако пред шест години се упкои нејзиниот сопруг Марјан, Сузана Турунџиева утехата ја наоѓа во пишувањето. Книгата која му ја поствети нему почнала да ја пишува само еден ден по неговата загуба.

За своето издание „Зборотерапија“ кое го промовираше во 2020 година, Сузана вели дека е потрага по нејзиното сопствено јас.

-„Зборотерапија„ е финалниот производ на мојата долгогодишна потрага по сопственото ЈАС… Тоа е разговор со мојата душа… Одговори, кои ги откривав одејќи по најдолгиот и најтешкиот пат… Патот до себе, не заобиколувајќи ниту една кривина. Без шорткат и без отстапки. Како што одлучил животот – така!

Животот е непредвидлива авантура во која не влегуваш со упатство за живот. Не постои правилник за живеење. Нема видео упатства.

Не може ни гугл да ти помогне. Но, ако свртам поглед наназад, (а не го сакам тоа) во мојот живот, мене ми се случуваа „сценарија“ кои многумина ни на филм ги немаат видено.

Јас сето тоа го доживеав, и го преживеав. И останав на нозе. Насмеана, распеана и благодарна на животот за секое искуство кое ми беше дадено.

Терапија ми беа семејството, моите деца, сега и моето внуче, мајка ми како столб и потпора на сите нас, и секако музиката која никогаш не ме напушти, дури и тогаш кога јас ја напуштив нејзе.

Тие се мојата терапија, и поради нив јас не престанав секоја солза да ја претворам во насмевка, и секоја болка и тага да ја лекувам со музика. Дури и во моментите кога бев скршена од болка.

Музиката ме држеше „за рака“ и ме постетуваше дека е тука, и дека секогаш ќе биде со мене, до мене, во мене, за мене…“, рекла Сузана, а потоа се сетила на својот упкоен сопруг.

-Ах, има толку многу спомени… Се трудам да ги негувам и да ги сочувам од заборав сите… Веројатно затоа и требало да ја напишам книгата .

„Не вели збогум“ (која ја промовирав на 40от ден од смртта на Марјан) каде се овековечени најсреќните и најтажните спомени од Марјан.

Во тие редови кои и сама незнам како успеав да ги испишам во тие тешки и тажни денови, помеѓу секоја буква има по една солза. Почнав да пишувам утредента, после пог ребот на Марјан, и не престанав да пишувам 25 дена.

Без престан… Веројатно, тоа беше мојата терапија, и единствен начин да ги преживеам тие празни и болни денови и ноќи… А Марјан? Марјан беше човек кој ме сакаше повеќе од сопствениот живот… Ако некој маж некогаш сакал жена, тогаш тоа е Марјан!“.

Првата ќерка на поранешниот македонски пливач, Александар Маленко и водителката Сузана Турунџиева, Лора, по повод роденденот на својот татко му напиша огромно трогателно писмо кое го сподели на својот Фејсбук.

Во ова писмо, во кое таа го обвини својот татко за тоа дека не се грижел за неа, ја вознемири македонската јавност, а таткото и ќерката потоа се сретнаа и тие слики беа објавени на социјалните мрежи.

Десет месеци откако му напиша јавно писмо на биолошкиот татко Александар Маленко Лора Турунџиева напиша книга. Таа на Фејсбук, објави краток вовед пред објавувањето на првата книга.

„Поводот, за да ја започнам оваа книга, е да ја исполнам мојата дамнешна желба, одн. да го ставам моето детство на хартија. Полесно ми е кога моите мисли ги запишувам, и на некој начин му се доверувам и разговарам со мојот компјутер.

Ничиј живот не е лесен, ниту постои детство, кое е идентично со моето. Сите ние сме различни, но сепак исти. А какво било моето, ќе дознаете понатаму…“, напиша тогаш Лора.

Токму ова писмо ја инспирирало и Туруџиева да стори нешто впечатиливо. Во интервју за Хибрид, таа раскажа за својата книга „Вашите пет минути“, и во изјави следново:

– Ако немам ништо запишано “Вашите 5 минути” е посветена токму на нашите ќерки, тука ја вклучувам и нашата трета ќерка, ќерката на сопругот Марјан, која исто така е една емотивна и голема личност по природа.

Овој роман е прв кој го пишувам без да има некаква врска со мојот личен живот. И дадов виза на фантазијата да си пишува што си сака. Но морам да нагласам дека инспирацијата за него ми беше она писмо кое мојата ќерка на крајот на јануари го сподели со јавноста. Од тука тргна се.

Го земав лаптопот, отворив празен документ и почнав да пишувам. Не знаев дали ќе пишувам за машки или женски лик.ови, ни дали ќе биде тоа приказна со драматичен почеток или ќе ја чекам да се развива.

Ја ослободив фантазијата и како да постоеше некоја сила од Универзумот која ми ги редеше зборовите и имињата“, изјавила Турунџиева, а нејзината ќерка и писмото кое таа у гои напишала на татко ѝ , биле инспирација да се создадат овие редови.

Previous articleИм пуштија муабет дека не се „мирисаат“, ама пак се заедно – Гавазова и Велевска во посебно издание, двете слично облечени- која е позгодна?
Next articleМалиот Жељко е ист како татко му, ѝ го направи ова на Цеца, а таа веднаш го виде Вељко во него