Home Uncategorized Радовановиќ: Ѓоспоѓо Данела, ти и да не сакаш да дадеш оставка, биди...

Радовановиќ: Ѓоспоѓо Данела, ти и да не сакаш да дадеш оставка, биди сигурна, дека ќе најдеме начин да те смениме

Градот Скопје, во изминатите неколку месеци, се соочува со досега невидени проблеми, кои им го отежнуваат функционирањето на граѓаните.

Скопјани многу очекуваа од новата градоначалничка Данела Арсовска, но сега, многумина коментираат дека ова е најслабиот градоначалник од кога во градот функционира локална самоуправа.

Капката во чашата ја прели проблемот со приватните превозници, кои освен што престанаа да возат, го блокираа главниот град, поради огромен долг кој не им е исплатен, а за кој градоначалничката вели дека не постои.

Па така, од ветувањата во предизборната кампања за бесплатен превоз, сега скопјани се соочуваат со преполни автобуси, кои ги чекаат многу подолго од вообичаеното.

Во интервју за Канал 5, Арсовска вечерва истакна дека не треба да им се дозволи на неколку поединци кои како што вели „работат во свој интерес“ да манипулираат со група на граѓани кои чесно сакаат да го заработат лебот.

– Има јавен повик, кој е чесен, искрен и кој сака да работи на начинот на којшто треба да ја работи може да се пријави. Градот повеќе нема договор со „Слобода превоз“ и „Мак-експрес“.

Тие го раскинаа договорот со тоа што престанаа да ја испорачуваат услугата за скопјани. Едните бидејќи повеќе месеци наназад не го испорачуваа минимумот од 80 проценти, а другите бидејќи престанаа во целост да возат, вели Арсовска.

За ефикасноста на јавниот превоз во главниот град, градоначалничката вели дека се работи за претпријатие што било оставено во незавидна состојба.

– Некој шпекулираше со бројки, вие може да имате и 1 000 автобуси во Скопје што можат да се вклучат во ваква дејност, но фактот е дека огласот во 2021 година на којшто овие лица аплицирале бил за околу 80 автобуси.

Минатата година кога бил тој повик биле 87 автобуси, дополнително на што треба да има одредена резерва, прашањето што треба да се постави е што се случило со јавно сообраќајно претпријатие, додаде градоначалничката Арсовска.

Арсовска потенцираше оти останува на ставот дека ќе има бесплатен јавен превоз во Скопје.

– И во овој случај повторно има многу нешта кои се фактор во целата имплементација на проектот. Да, остануваме на тоа и сметаме дека може да функционира и дека може да им се понуди на граѓаните сето она кое сме го ветиле.

Да, програмата навистина беше амбициозна, но во оваа програма исто како и секаде во останатите места на светот каде што е имплементиран таков проект, не сметаме дека е невозможен, додаде Данела Арсовска.

Познатата новинарка, Ирена Радовановиќ, реагираше на денешното интервју на Данела Арсовска, на својот профил на социјалните мрежи:

„Ја слушнам Данела, освен политички говор, друго не слушнав.

Не знам дали особава е свесна дека направи хаос во градов. Ни го укина зимскиот возен ред на автобуси. Автобусите возат по летен, односно празничен возен ред.

Доаѓаат преполни на автобуска, па луѓето чекаат следен и тој преполн, па следен и тој исто преполн. Тоа е губење саат време додека стигнеш до дома.

Башка што луѓето кои се возеа со приватни автобуси, со еднострана одлука ги укина, што предизвика протест на приватните, а граѓаните ги остави без превоз.

Таа ако има грам мозок и ако беше при свест, прво ќе го исплатеше неисплатениот долг кон приватните, оти таа го наследила договорот кој мора да го испочитува.

Второ, откако ќе го исплатеше долгот, ќе распише тендер. Да не зборувам за нејзиното ветување дека ќе донесе нови 240 автобуси и јавниот превоз ќе биде бесплатен.

Ѓоспоѓо Данела, ти и да не сакаш да дадеш оставка оти не се свесна дека си неспособна, за ова малтретирање што ни го направи, биди сигурна дека ќе најдеме начин да те смениме.“

Previous articleНајубавата македонска водителка сподели емотивна порака за мајка си, со која многу си личат: Понекогаш ја отворам устата… (ФОТО)
Next articleКога маж ми ми кажа дека му е тешко во брак му се лутев, а сега сфаќам дека е во право, посреќни сме од било кога