Нашиот познат пејач Ефто Пупиноски, во 2018 година издаде албум со наслов „Носталгија“. Пупиноски тогаш информираше дека станува збор за 11 композиции, внимателно одбрани и изработени за секој кој, како што вели, сака убава песна и квалитетна музика.
– Сакавме да создадеме современи квалитетни песни кои ќе останат. Намерата и желбата беа да отпеам разновидни теми за сите генерациски вкусови и искрено се надевам дека секој ќе си ја најде својата песна – објасни тој неодамна кога го најави проектот.
Во 2014 година, со голем концерт во Универзалната сала Пупиновски ги одбележа четирите децении на сцената и плодната кариера. Тој е еден од ретките наши фолк пејачи што можат да се пофалат дека го направиле тоа во последните години.
Ефто постојано ја изненадува публиката со нови песни. Новинарката Билјана Крнческа во Свет Австралија за новите песни на Eфто, во една прилика напиша: Ефто и после пола век естрадна кариера твори со нескриена жар и пее грлено со нескриена страст.
Последните две песни кои ги објави се доказ на погоре изнесените констатации. Првата песна која е своевидна рапсодија се вика “Свадбен танц” и е нешто ретко убаво што досега сме чуле.
Нејзината раскошна музичка линија е како создадена за да се одигра најубавиот танц во животот на сите вљубени парови. Тоа е наменска песна за свадбени свечености и песна која возвишено ја слави љубовта.
Музиката и аранжманот се дело на Ефто, а за текстот се погрижила новинарката Татјана Петровска која навистина срочила многу убав текст кој наменски ја одредува употребата на оваа песна и истовремено ја прави симболична, силна и љубовно заветна.
Другата песна има сосема поинаков ритам и стил иако авторите се исти. Песната се вика “Ти ме веселиш” и има заразен ритам кој не ви дозволува да мирувате додека ја слушате.
Ефто и во овој стил одлично гласовно владее со комплетната атмосфера, а неговиот темперамент и овој пат ја надградува мелодијата во која употребен е саксофон и кларинет кои ги отсвирил Владо Пупиновски.“, пишува новинарката.
– Она што кај Ефто се уште импресионира е неговата љубов кон музиката. Тој и после толку години естрадна кариера зборува за музика, а не за заработката од неа. Зборува за правдина и статус на својата фела, а не за малв -ерзации и трикови.
Ефто е горд татко на три сина, а е особен весел во неговото семејство, поради тоа што Ефто за првпат стана дедо.
Мирослав Кузман освен што повремено пишува текстови за нови македонски народни и забавни песни зад себе има и три збрики со поезија.
Кузман се занимава и со фотографирање а неговите фотографии се дел од редица монографии, каталози и публикации објавени во изминативе две децении“, објави во една прилика Публицитет.мк
За овој медиум, Кузман раскажал каква необична приказна има песната „Туѓа си бескарјно“, која е најпознатата песна на Ефто Пупиноск, а за која тој го напишл текстот.
– Ја искомпонирав и испеав во далечната 1992 година, но пред неколку години ја најави својата експлозија. Сега се пее по неколкупати на свадби, веселби и на концерти.
Оваа тема на „јутјуб“ има фантастични над три милиони прегледи, ако се земе в предвид дека повеќето домашни хитови имаат едвај половина милион преслушувања – изјави Пупиноски во една прилика, а Кузман на оваа тема кажа:
-Ефто Пупиноски ми се јави на телефон во 23 часот и текстот требаше да биде готов до полноќ затоа што утрината во 6 требаше да лета за Камбера на „Фолк Фестот“ во Австралија. Тоа беше во 1991 година.
И јас се опив со најмалку еден литар црвено добро, јако вино и нешто мораше да излезе. Верувајте ми дека песната ја напишав за триесеттина минути, му се јавив телефонски на пејачот и му го прочитав текстот. Толку беше.
Песната на фестивалот во Камбера ја освои третата награда од публиката и беше тотално непозната во Македонија најмалку 20 години. Потоа, со Интернетот доживеа експлозија.
Во „Туѓа си бескрајно“ нема ништо меѓу редови. Се’ е на виделина. Песната е љубовна до крај. Инспирација од детството и од момчештвото што би рекол Лав Толстој.
Моето родно место Вапила на пролет е како неговото Јасна Полјана,изјави за Публицитет.мк Мирослав Кузман.