Home Live Тања , водителката на „Фолк џубокс“ откако смени имиџ се помдлади, со...

Тања , водителката на „Фолк џубокс“ откако смени имиџ се помдлади, со овие фустани со шлиц им ја разубавува неделата на гледачите

Фолк џубокс е емисија во која се популаризира македонската народна песна и новата и постарата, а која има, да не се лажеме, огромен број свои фанови и покрај турбо напливот на турбо фолк-песните од северното и источното соседство“, објави Вечер прес во една прилика.

После оној на времето многу омилениот „Иселенички џубокс“, сега гледачите имаат задоволство да уживаат во оваа емисија која одлично и низ муабети со пејачите ја водат Орце Гелевски и Татјана Петровска.

Велат, дека имаат проверена, докажана и примамлива концепција. Тие како водителски тандем поодамна се пронајдоа во оваа работа, а позитивните критики стигнуваат од сите страни.

Секако и за изборот на пејачите. Па, така, минатата недела со македонска песна не орасположија Јордан Митев и Стојне Николова, а сега има албум со слики од Зуиа Лазова, Милица Кузмановска и Ефто Пупуноски.

Познато е, за мене лично, целиот мој работен стаж, досега околу 36 години во МРТ – посветен е на народната музика и навистина се чувствувам горд што сето ова време го посветив на оваа мошне значајна материја за македонскиот народ, за македонската култура.

Се надевам дека со сé она што имам дадено досега, имам барем мал придонес во негувањето, создавањето и афирмацијата на фолклорот и фолклорната традиција.

Да потсетам на некои проекти и емисии: престижната манифестација „Фолк хит на годината“ и „Фолк хит на деценијата“, популарните емисии „Иселенички џубокс“, „Плетенка“, „Патувај песно“ и моментално „Фолк џубокс“, уметнички директор на „Тетовски фолк фест“.

Потоа, бев 15 – тина години уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, водител на јубилејни концерти на доајените на македонската песна – Александар Сариевски и Васка Илева и многу други емисии,проекти и концерти.

Моментално покрај другите обврски во Забавната редакција на МТВ, пред сé сум преокупиран околу емисијата „Фолк џубокс“, околу уредувањето на содржините и учесниците во емисијата, која неколку години доста успешно ја водиме со мојата прекрасна колешка Тања Петровска.

И нормално, првото утринско кафе во текот на работните денови го пијам со моите колеги и колешки, со кои навистина имам убава соработка и со кои пред сé разговараме.

Коментираме за нашите проекти, за нашите емисии,за убавите реакции, но нормално и за проблемите, со кои сите ние се среќаваме и како сето тоа да го решиме и надминеме„, изјавил Орце Гелевски во Женски магазин во една прилика.

На секој од нас очигледно потребен му е малку мир, спокојство, опуштеност со убава музика, филм или книга на крајот на денот и во текот на неделата.

Многу малку време останува за сето ова, но сепак сакам да слушам убава музика, да прочитам книга со интересна соржина и да бидам искрен, години наназад неможам да наидам на филм кој ќе ми го привлече вниманието, како порано со незаменливата филмска класика и филмови со историска содржина.

Затоа моментите со убава книга се почести во моето слободно време“, изјавил Гелевски за Женски магазин. Но, ако погледнете на Фејсбук профилот на неговата убава колешка, тој е полн со интересни фотографии.

Има доста слики од моментите на снимање на оваа емисија, а последните дсе од 11 декември, заедно со Стојне Николова и со Јордан Митев. Има и поединечни слики на кои Татјана потсетува како изгледала порано.

Но, новата профилна слика на Тања, како и оние од последното снимање навистина привлекуваат внимание. Ако се спореди изледот на Тања порано и сега, јасно се гледа дека нашата позната водителка како што минува времето, така станува поубава.

На една слика, таа е со син краток фустан, а на другите, со црн долг фустан со шлиц и навистина изгледа атрактивно на нив.

Откако го сменила имиџот од црнокоса во „павуша“, Татјана се разубаве и се подмлади.

Previous articleРестоpан од Битола беcплатно ќе дава по 50 порции дневно, свинско, пилешко – познато е каде и кога
Next articleСилви Плевнеш искрено раскажа како познат скопски доктор ѝ помогнал да ја спаси својата мајка