Home Live За да имате нозе како Вера Мештеровиќ, треба многу да се потите,...

За да имате нозе како Вера Мештеровиќ, треба многу да се потите, водителката директно си покажа (ФОТО)

Вера отсекогаш имала харизма, став и глас да се покаже пред екраните, едноставно е родена за оваа професија, што докажува фактот дека многу гледачи ја следат и фалат.

Кај Вера, освен што ја бива во тоа што го работи, таа е и многу згодна и секогаш дотерана и облечена според најновите трендови, што е инспирација за многу млади девојки.

„Огромна позитивна, движечка сила, единствената безусловна љубов, мојот мир, мојата сила, мојата гордост, мојот успех, мојата најубава искрена насмевка, мојот елан ми се моите децата.

Невозможно е да не ја споменам мајчинската мотивација која е нераскинлив дел од мојата личност, опис на моето реално секојдневие“, рече Мeштеровиќ во една прилика за Женски Магазин.

„На темата развод немав коментар ниту за време на процесот, а дури сега ретроспективно уште помалку немам коментар.

Обично се пишувале невистини поврзани за мојот приватен живот каде што информациите биле вадени од контекст, но и тоа е дел од јавниот живот.

Луѓето кои се до мене знаат што е вистина и тоа е најважно, немам никому за зошто да се правдам, објаснувам ниту да се докажувам“, објасни Мештеровиќ.

Многумина би ѝ позавиделе на Вера на среќата и на позитивниот став.

Вера често објавува стори од нејзиното работно место, Канал 5 телевизија. Во една прилика објави стори во 6 наутро, на изгрејсонце, а Вера, како и нејзините колеги кои водат утринска програма, треба рано да стане.

А инаку, таа објавила уште едно стори од нејзиниот стајлинг кој го избрала за на утринска програма, а со кој сигурно дека ги расположила своите гледачи. Таа објави селфи, а она што е највпечатливо е длабокиот шлиц на Вера.

Поранешната мисица добро знае што им треба да на гледачите за добро утро, и секоја чест за оваа нејзина смела комбинација која супер ѝ стои.

Имено водителката Вера секогаш изгледа стокмено без разлика дали е пред камерите или на друго место.

Таа обраќа внимание и на најмалите детали, а како што викаат „Убавината се крие во малите работи”, се чини дека нашата водителка навистина знае да го примени тоа на себе.

-На секоја жена ѝ годи кога добива комплименти, не сум ни јас исклучок. Чест и задоволство е, но и голема одговорност, многу погледи вперени, очекувања, многу девојки, жени кои гледаат пример во мене, а и како мајка и децата исто така гледаат, не е воопшто лесно, но е животен предизвик.

Па се трудам да бидам добар пример, подобра верзија од себеси преку моите јавни ангажмани, настани, настапи освен на убавината да ставам акцент и на интелектот во смисол да не се запоставува тој дел.

-По завршувањето на работните обврски во телевизија, продолжувам со ангажманите – снимање, фотосесија за фирмите со кои дополнително соработувам и ги рекламирам. Честопати посетувам настани кои се дел од мојата работа.

Инаку, во текот на една работна недела се трудам трипати да практикувам физичка активност која вклучува вежбање, пешачење во природа, одење во спа-центар, да посетам козметички салон каде што се опуштам со масажа, истовремено со нанесување пакувања со алги, кои многу ми помагаат за кожата…

Сите тие активности се трудам да ги завршам до 16 часот за во попладневните часови да им се посветам на децата, изјави Вера за Слободен Печат.

Вера инаку често оди и на разни настани, покрај јавната работа, и притоа снима и прави реклами за некои производи за лице или облека.

Така и овојпат, Вера присуствуваше на еден настан, а на сликата ги покажа слабите нозе и краткиот фустан. Всушност, Вера во рака држеше ливче на кое имаше напишано:

„Без пот, нема бериќет,“ на што Вера искрено си кажува како си ја одржува својата линија.

Previous articleКога маж ми ми кажа дека му е тешко во брак му се лутев, а сега сфаќам дека е во право, посреќни сме од било кога
Next articleОва е сестрата на Живкица, Анита- Ми чуваш грб од кога знам за себе, три деца се растат полесно со сестра како тебе (ФОТО)