Home Live Дами прва класа – Никој порано ги немаше споено Вера Мештеровиќ и...

Дами прва класа – Никој порано ги немаше споено Вера Мештеровиќ и Татјана Стојановска, а сега се дружат (ФОТО)

Водителот Ване Маркоски, кој минатата година направи трансфер, од Канал 5 во Македонската телевизија во својот најнов статус порача:

– Еден ден неминовно сите ќе си заминеме од овој свет. Ти и сите што ги познаваш околу тебе. И во краткото и ограничено време помеѓу овде и таму, бројот на нештата за кои треба да ти биде гајле е ограничен.

Всушност, тие се сосем малку на број. Па, оттука, ако не водиш сметка и ако ти е гајле за сѐ и за секого, без да избираш за кого и што ќе ти биде гајле – тогаш, пријателе, ќе го извлечеш подебелиот крај.“

Познато е дека тој е многу хумана личност и пред извесно време на Фејсбук порача:

-Никогаш немојте да ги мразите луѓето кои зборуваат лошо за вас. Тоа е најдобрата лекција која може да ја научи човек за да биде среќен, без разлика на тоа каква професија и да има.

Факт е дека за тие луѓе треба да ви биде жал, да ги сожалувате, па на некои кои се подготвени, дури и да им подадете рака и помогнете. А, зошто?

Затоа што среќен човек зборува и презема работи кои зрачат со убава енергија и се полни со убави зборови и мисли, а тажен човек баш спротивното, рефлектира мрачни, лоши и одв-ратни работи, па ги пренесува на надворешниот свет, наоѓа „жртва“ во било кој што ќе му се појави во моментов на патот, а тоа е најдобар показател во каква состојба му е душата моментално и колку страда.

Затоа помогнете кај што можете, бидејќи ако не им треба помош, нема преку правење на такви работи, потајно да ви го кажуваат тоа“, напиша на Фејсбук, Ване.

На ова, коментираше неговата колешка Татјана Стојановска, со која до скоро работеше заедно со него во Канал 5.

– Многу убаво кажано, чиста вистина. За жал кога ги читам коментарите на луѓево на статии објавени за било која јавна личност, можам да констатирам дека голем е процентот на несреќни, нереализирани и неисполнети во животот.

И жал ми е навистина за сите нив, и сочувствувам. За да пишуваш такви погрдни зборови за луѓе кои лично не ги познаваш, навистина треба да си мнооогу несреќен и незадоволен во животот“, рече Татјана.

Познато е дека и на неа и пречат неубавите коментари за нејзиниот приватен живот во јавноста.

Татјана Стојановска во една прилика за „Слободен Печат“ на тема што прави денеска раскажа на читателите како ѝ минуваат деновите.

Таа во текстот го спомена својот партнер, Михаил Китановски со кој живее, но и синот кој е веќе свој човек и живее сам.

-Си пијам нес кафе со една лажичка шеќер, попарено со топла вода и без млеко.

Ако Михаил сѐ уште не е излезен по работа, нему му приготвувам чај со мед и лимон и додека се расонуваме и уживаме во кафето и чајот, правиме план за денот“ , рече Татјана.

Потоа раскажа дека се подготвува за вестите кои ги чита три пати во денот, и кога ќе дојде дома гледа филм или серија со Михаил, а понекогап одат и на дружба со нивните заеднички пријатели.

Во овој разговор, Татјана го спомена и својот син, за кој рече дека неколку месеци не живее со нив.

-Ако не сум на работа, денот го користам да прошетам во природа, а најчесто деновите кога сум слободна ги користам за да одам на гости кај син ми, кој живее сам последниве неколку месеци, па или одиме на ручек заедно, нешто да пазариме и да се подружиме“, изјави Татјана.

Таа раскажа дека си легнува околу 23 часот, и сака да види што има ново на социјалните мрежи, а откри и дека во последно време сака да слика и дека тоа ја опушта и ја релаксира.

Татјана на својот Фејсбук профил објавила интересно видео, во кое е пак манекенка, тоест е во улога на модел и носи фустан и бунда, а според она што може да се заклучи од оваа објава е дека убавата Тања не заборавила како се чекори по модната писта.

Всушност настанот е организиран од „Елена Лука“, а на овој настан присуствуваше и водителката Вера Мештеровиќ која, како и Татјана се појави на модната писта.

Иако досега никој ги немаше видено овие две грации заедно, Вера на својот Инстаграм профил објави слика со Татјана, а во описот додаде: „Ladies.“

Кога ќе ги погледнете и двете, ќе забележите дека водителките си личат една на друга, не само заради тоа што носат бунда, туку и по цртите на лицето.

Но, кој и да не се согласи дека си наликуваат, дефинитивно Вера и Татјана се поврзани поради тоа што и двете зрачат со убавина на свој начин.

Previous articleСо него беше до самиот крај и му pоди пет деца, а потоа го призна и вонбрачниот cин- Оваа убава Италијанка ја сакаше Синиша Михајловиќ
Next articleВодителката Јана во бел фустан со шлиц, откри дали ѝ е во план по втор пат да се мажи (ФОТО)