Home Live Елегантни, а Марина во фустан со шлиц, Алачки и неговата љубов во...

Елегантни, а Марина во фустан со шлиц, Алачки и неговата љубов во специјално издание- празник на душата (ФОТО)

Познатиот хармоникаш Горан Алачки ја прифати кандидатурата за градоначалник на Берово од партијата Интегра на минатогошните локални избори.

Со ова и тој влезе во листата на јавни личности во трката за градоначалници на претстојните локални избори.

Во разговор за „Репортер“, Алачки  рече дека се надева на победа во Берово оти сака овој град да го направи светски туристички центар.

На прашањето од каде и како со паријата Интегра, тој вели: „Јас не ја избрав партијата, туку од Интегра ме избраа мене. Ми се јавија за да ме прашаат и јас решив да ја прифатам оваа работа.

Мислам дека моето име и презиме е доволно познато за бидам на оваа функција. Како уметник поинаку гледам на работите. Сакам да го развијам Берово да биде светски центар, туристичко место“, изјави Горан Алачки за „Репортер“, кој веќе две години живее во селото Владимирово.

На прашањето што ќе биде ако стане градоначалник, ќе ја стави ли настрана музиката, вели: „Јас лани имав седум авионски билети што ми пропаднаа, куп семинари, музички настани, турнеи. Музиката секогаш е дел од мене, но јас планирам целосно да се насочам на оваа работа“!

Откри и дека ја има најголемата поддршка од својата девојка, новинарката Марина Дојчиновска,

со која подолго време е во љубовна врска. на Марина, разделбата со телевизијата ѝ била драстична промена во животот, а екранот го замени со претприемништво.

Можеби и вам ви фали на ТВ-екраните Марина Дојчиновска. Сега е претприемачка, фокусирана на здравиот живот и на сè здраво што ни доаѓа со животот, а поздраво од љубовта, здравје“, објави Слободен печат во една прилика.

Со 57 години, или таканаречените најубави години од зрелоста, веќе може да се зборува за некаква лична мудрост. Некои работи добиваат на важност, вели, други потполно ја губат важноста.

Селекцијата на луѓето околу нас е неминовна зашто учите својата сила да ја чувате за оние кои најмногу ви значат. Со 57 години, ми вели Марина, би требало веќе да научите да кажете секому тоа што треба, во вистинскиот момент.

Го говорам тоа што го мислам, а го правам тоа што го говорам, е Марина. И, толку зазуи тоа, што еве, го извлеков за „влез“ на нашиот разговор“, напишала новинарката Јасмина во овој разговор.

– Хунзите! Тие прекрасни луѓе, како од езотериска бајка… Мојата прва средба со нив, во 2005 година, заради својата фасцинантност го диктираше сето она што потоа следуваше, а резултираше со конекција која трае до денес.

Најдолговечните луѓе на светов, живеат вообичаено околу 120 години, а жените раѓаат и на 65 години, ни ја дадоа на увид нивната филозофија на живеење – дека од овој свет треба да се замине заради старост, а не заради болест.

Уште понеобична е културната матрица според која тие живеат – нема навреди, лаги, измами и кражби, а следствено на тоа, нема затвори.

Но има блажени насмевки на нивните лица, респект и љубов кон секого и подготвеност да се дадат на увид тајните за долго и квалитетно живеење, според нивните древни рецептури и поглед кон денешнава современост.

На пример, тие сметаат дека богатството на еден човек се мери според тоа – колку стебла кајсии има во дворот! Кајсијата за Хунзите е статусен симбол и најголемата скапоценост се златните капки на маслото, исцедени од семките на истите тие кајсии.

Не е необично што луѓето таму го нарекуваат маслото течно злато, во случајов – најквалитетното течно злато на светов. Земјата на Хунзите како планетарен феномен за долговечност и здравје, досега беше позната во јавноста како „ка-нцер фри“ зона.

Во последниве месеци, откако трае пандемијата, тие се здобија со уште една ѕвездичка, опстојувајќи до денес како „корона фри“ зона.

Она што го препорачуваат нивните лекари е почеста употреба на златните капки хунза масло, во текот на денот- особено при првите сигнали на кашлица или болка во грлото“, изјавила Марина.

– Со Горан си ги разубавуваме животите еден со друг веќе осма година. Се сретнавме двајца страсни светски патувачи, меѓу две патувања во Скопје. Потоа продолживме патувањата да ги планираме заедно и да ги споделуваме убавините на живеењето што ги носат зрелите години.

Едно големо НЗС е нашата година на раѓање – генерација 1965, тоа носи генерациски сличности во резоните и погледот кон светот. Добро е кога на наши години ќе се сретнат двајца луѓе кои точно знаат што сакаат, реализирани во сите важни животни сфери, со расчистени сметки и платени фактури кон минатото.

Тоа е предуслов за квалитетно функционирање на една врска“, кажала Марина за својто партнер. На нивните Фејсбук профили, тие знаат да објават заедничка слика, а најновата нивна вели: „Празник на душата“.

Марина на оваа слика е многу дотерана, со долг фустан со шлиц, а елегантно изгледа и Горан и од авион се гледа нивната заедничка среќа и љубов која ја делат секојденвно.

Previous articleВики Миха, ќерката на Синиша ги расплака сите, ова е последната слика од татко ѝ во болница (ФОТО)
Next articleНовинарот Сарма од „Сител“, мажот на Цаци Арсова, објави необична приказна со своите колешки, Цаци не е во приказната (ФОТО)