Home Live Голема тага во семејството на Натали Грубовиќ – тажната вест ја пренесе...

Голема тага во семејството на Натали Грубовиќ – тажната вест ја пренесе сестра и Радица

Познатата манекенка и бинго девојка, на која македонските граѓани се потсеќаат со една носталгија, по едни убави времиња, Натали Грубовиќ, живее во Србија.

Натали Грубовиќ во минатото важеше за една од најубавите македонки, ангажирана на многу модни ревии и кампањи.

Во последните неколку години се помалку може да се сретне во јавноста или да се прочита нешто за неa.

„Јавноста ме знае како бинго девојка, како лото девојка, а малкумина знаат дека јас сум дипломиран филолог по англиски јазик.

Во меѓувреме завршив Бизнис академија, Кембриџ бизнис студии во Белград, ги завршив постдипломските студии на Економскиот факултет во Скопје“, рече во една прилика Натали, во емисијата „Живот со стил“ со Елена Стефановска.

Таа сега е специјалист на маркетиг и ПР, веќе седум години живее во Нови Сад. Натали се омажи за бизнисменот Дејан Глушац.

Познато е дека Натали има уште една сестра, д-р Радица Грубовиќ – Растворцева, која е раководител на Иститут за трансфузиона медицина во Скопје.

Токму Радица денес, на социјалните мрежи објави за нивната голема семејна загуба. Се упокоил таткото на семејството Грубовиќ, познатиот доктор Милош.

„Со големо жалење, ги известуваме сите наши драги роднини и пријатели, дека сабајлево го изгубивме нашиот најсакан татко, Прим. Др. Милош Грубовиќ.

Погребот ке се одржи на 17.12.2022 во 14 часот, на гробиштата во Бардовци, а капелата ке биде отворена од 13 часот

Најмил и најдраг татице, ти благодариме за се, ти беше најдобриот татко, сопруг, дедо, пријател и човек.

Вечно ќе те сакаме и ќе живее твојот спомен во сите нас. Почивај во мир и нека ти е вечна Слава!“, напиша Радица Грубовиќ на социјалните мрежи.

Previous articleМанекенката Маја Глигоровска која стана наставничка сега е пак манекенка- носи скапа бунда, а под неа има што да се види (ФОТО)
Next articleМногу пати раскажуваше за детството, а сега покажа и каков бил како дете: Би го познале ли Ване Маркоски на сликава? (ФОТО)