Home Live Градоначалникот на Гази Баба ја поддржа оваа наша пејачка, се појави на...

Градоначалникот на Гази Баба ја поддржа оваа наша пејачка, се појави на забава кај неа дотеран, со сопругата (ФОТО)

М-р Бобан Стефковски е роден на 14.6.1984 година во Скопје. Тој е оженет, татко на две деца,пишува за градоначалникот на скопската општина Гази Баба на Фејсбук профилот ВМРО-ДПМНЕ ОК Гази Баба.

Живеел во урбаната заедница Ќерамидница а сега живее во урбаната заедница Железара.

На универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на Институтот за одбранбени и мировни студии дипломирал и магистрирал при што се стекнал со титула магистер по безбедносни науки.

Работното искуство го започнал како соработник во кабинетот на државниот секретар на Министерството за одбрана, од 2013 година работи во Министерството за труд и социјална политика во кабинетот на министерот.

Пред да стане градочаналник, бил државен советник во делот на прек-ршочна постапка од областа на работни односи и безбедност и здравје при работа.

Бил учесник на многу обуки и работилници од областа на лидерството, менаџментот, дискриминацијата, водењето на прекршочни постапки и др.

Од 2009 до 2013 година бил советник во советот на општината од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, извршувал повеќе партиски функции а од 2018 година е претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба.

Целокупниот активизам на м-р Бобан Стефковски е поврзан со општина Гази Баба, средина во која растел, живее и формирал семејство.

Како резултат на досегашниот ангажман одлично ги познава условите во општината како и потребите и предизвиците со кои се соочуваат неговите сограѓани“, стои во неговата биографија.

– Целиот мој досегашен живот, сите спомени од најраното детство, поминатиот период на основно и средно образование ме врзуваат за оваа општина. Овде се формирав како личност и формирав семејство.

Живеев во населба која иако е непосредно до центарот на градот и недостигаа основни услови за нормално живеење како што доликува на урбана населба. Тој факт поттикнуваше кај мене желба да учевствувам во некакви промени на подобро.

Како советник во Советот од 2009 година до 2013 се залагав колку што можев да придонесам за интересите на граѓаните, секогаш бев достапен за нивните сугестии и предлози.

Истакнав дека е потребно да ја направиме општината современа општина во вистинска смисла на зборот. Многу нешта се приоритетни, уназадувањето ни се случува на сите нивоа како во руралните, така и во урбаните заедници.

Со рационален пристап и домаќинско работење може многу да се направи. Ако сакаме да ги задржиме младите да живеат во општината мора да им создадеме услови.

Спортот е многу важен за нивна заштита, за здравиот живот затоа како градоначалник ќе посветам внимание на спортско-рекреативни комплекси и спортски објекти и истите да бидат изградени пропорционално во општината.

За развој на културниот живот имам посебна визија и извршено консултации со луѓе од фелата со кои заклучивме дека ни е неопходен простор кој ќе го добиеме со реконструкција на културните домови во Ченто и Колонија“, изјавил Стефковски за Курир во август во 2021 година, пред да се кандидира за локалните избори.

За Бобан е познато дека е семеен човек, и дека има два сина Марио и Матео, и во една прилика, тој објави слика од прошетката со синовите низ шумата во Гази Баба и напишаЧ

Секој момент поминат со Марио и Матео е она што ни дава енергија и мотив, на мене и на сопругата. Неделното утро е посветено на семејството, со прошетка низ Парк Шумата Гази Баба која е белите дробови на нашето Скопје“’,напишал Стефковски.

Тој со својата нива објава на Фејсбук, покажал дека ја сака и музиката и со својата сопруга, ѝ дал поддршка на една наша позната пејачка,а станува зор за Бојана Скендеровски.

-Вечерва заедно со мојата сопруга имавме чест да присуствуваме на промоција на новата песна “Ми треба” на македонската музичка ѕвезда Бојана Скендеровски.
Честитки за Бојана и посакуваме уште многу успеси во иднина“, напишал Стрефковски на Фејсбук.

Previous articleОва е сестрата на Живкица, Анита- Ми чуваш грб од кога знам за себе, три деца се растат полесно со сестра како тебе (ФОТО)
Next articleВака се славеше на мекици кај градоначалникот на Бутел, Дарко- еве кој се беше на оваа забава, се роди уште еден македонски лав (ФОТО)