Home Live Легендарниот Ју пејач кој си ќари 34 години помлада жена на необичен...

Легендарниот Ју пејач кој си ќари 34 години помлада жена на необичен начин, наполни 77 години- никој не би му ги дал

Жељко Бебек почна да се занимава со музика на 17 години, но тоа не го вбројува во професионалните чекори. Тој ги брои годините од моментот кога првпат стапнал на сцената.

Во првите десет години од кариерата бил член на групата „Бијело дугме“. Популарниот бенд жареше и па-леше на овие простори, а Бебек засекогаш го одбележа со својот глас.

По разделбата, тој продолжи со исто толку успешна самостојна кариера. Бебек долги години е во брак со сопругата Ружица. Тие се венчаа во 2002 година во Дубровник и набрзо ја добија ќерката Катарина, а потоа и синот Звонимир.

Тие се запознале случајно на еден од концертите на Бебек, кога таа му побарала автограм. Бебек на својот Инстагртам профил честo објавува слики од своето семејство.

Бебек е сопруг на Ружица и татко на Катарина и на Звонимир и неговиот Инстаграм е полн со слики како бере грозје, како скија, како спортува. Изгледа дека годините ништо не му можат.

Во изминатите дваесет години, Бебек не пропушти ниту еден важен момент во животот без да го снима.

Сите тие моменти, од родендени, патувања, па дури и од просторијата за породување, неодамна се појавија во видео што ја придружува песната „Направи ме среќен“.

Песната ја опишува вистинската личност на легендарниот рокер.

Во разговорот novilist.hr Бебек го открива неговиот музички пат, кој започнал во старите училишни денови, и кој го водел кон успешна соло кариера.

-Долго време ги снимав сите убави моменти од мојот живот, Ружица, децата, патувања низ светот, сите важни датуми, па ги уредувам во кратки филмови што ги чувам на посебен диск, за да можам да ги прегледам во секое време.

Имам околу триста филмови во таа моја архива. Големо задоволство е за нас дома, како и за многу наши пријатели, да гледаме клипови од животот кои беа снимени со многу љубов“, изјави пејачот.

Згодната сопруга Ружица е најголемата поддршка на Бебек повеќе од две децении. Ружица е негова трета сопруга. Иако меѓу нив има разлика во години, парот е сепак еден од највљубените на регионалната сцена.

„ Сфатив дека нашите очи се сретнаа и дека, како што сакаат да кажуваат, кликнавме веднаш. Мислам дека во тој момент донесов одлука дека ќе направам сè за да ја придобијам, да ја убедам да остане засекогаш со мене”, рече тој во едно интервју за Нова ТВ.

Парот се венча во 2002 година, а внимание во јавноста кренаа кога објавија раз- голени фотографии што ги објавија во пресрет на годишнината од нивната венчавка.

Пејачот беше во брак три пати и од првиот брак ги има ќерките Силвија и Бјанка, а од третиот брак со Ружица има ќерка Катарина и син Звонимир кои тргнаа по музичките стапки на неговиот татко.

Тој е многу близок со своите деца, а ќерката Силвија му подари три внуци. „Секако сум подмладен со тоа што минував време со моите внуци Тина, Леон и Ема, децата на мојата ќерка Силвија, која ја имам од првиот брак, и зетот Марко.

Одлични се, сите одат на училиште, но сите се помлади од Катарина. Посебно уживам во нивната љубов и лојалност кон мене како нивниот дедо. Се чувствувам убаво и како татко и како дедо. – вели Бебек.

Неговиот син Звонимир е гитарист во бендот со кој свири Бебек, па и работата им овозможуива да бидат заедно постојано.

Тој има 20 години, и веќе станува популарен меѓу девојките, а дел од коментарите на социјалните мрежи се дека секоја мајка би го посакала за зет.

Жељко Бебек верувале или не го прослави својот 77 роденден. Неговата сопруга Ружица (43) на социјалните мрежи ја сподели атмосферата од роденденската прослава. – Среќен роденден љубов – напиша таа и објави неколку семејни фотографии.

Ретко кој му му дал на овој познат пејач толку години, особено затоа то покрај себе ја има младата Ружица, која е 34 години помлада од него, а и поради фактот што легендата Бебек навистина добро се држи.

Previous articleМихајловиќ обожувал народно – неодамна кажа која му е омилена песна и дека Италијанците не знаат да се веселат (ВИДЕО)
Next articleБрено, не ти доликува ова како ѕвезда од вашиот калибар – Фановите за првпат разочарани од пејачката