Home Live Манекенката Маја Глигоровска која стана наставничка сега е пак манекенка- носи скапа...

Манекенката Маја Глигоровска која стана наставничка сега е пак манекенка- носи скапа бунда, а под неа има што да се види (ФОТО)

Маја Глигоровска (40), од модата заработуваше и живееше убаво. Ама ја исполни својата животна желба животот да го продолжи како одделенски наставник. И така, вели, секоја втора симпатична девојка на социјалните мрежи е самопрогласен модел.

Сепак, нејзин совет до младите манекенки е да не чекаат избор или ревија за да изгледаат добро, туку да инвестираат во своето здравје и топ-форма.

Со синот Тино се најголеми другари, а дали направила естетски третман и дали има нов партнер во својот живот, откри во едно интервју за „Женски магазин“.

– По 10 години активна работа како манекенка и фото модел не можам да кажам дека се оттргнав од манекенството, едноставно тоа беше период кога ми се случија пресврти на многу полиња.

Родив дете, создадов семејство и некако постепено се смени фокусот на моето внимание, па се повлеков додека се стабилизирам. Понуди за работа како фото модел имав, а имам и ден денес.

Сметам дека таков е природниот тек на работите, не познавам манекенка или фото модел кај нас која се пензионирала работејќи како модел. Сите ние имаме други таленти или интереси.

Мојата желба отсекогаш беше да работам како наставник со деца, сметам дека ја познавам нивната психа и дека сум добар педагог. По манекенството секој си го наоѓа својот пат. Ова беше мојата најголема желба и не згрешив при изборот.

А манекенството е моја прва љубов и секогаш ќе остане. Ќе сработам и во иднина сѐ што сметам дека е за мене предизвик и дека ќе ме исполни во моментот. Но моето животно мото е – никогаш не вели никогаш!

На работа како и сите мои колеги кои поминале низ потребните филтри, не сум примена веднаш. Сум работела на проба како замена, секако по завршено соодветно образование, јас сум дипломиран педагог.

Сум ја сакала и ја сакам работата со децата, се трудев и добив решение на неопределено, но продолжив да си работам со ист жар и постојано внесувам нешто ново на часовите за да им ги направам поинтересни.

Тоа што е сѐ поголем бројот на атрактивни наставнички ме радува, тоа значи дека внимаваат на себе и на својот изглед. Клучно е да се сакате себеси за да им бидете пријатни и на останатите!

Децата се најискрените суштества, среќна сум и исполнета кога поминувам време со моите ученици, секојдневно учиме.. тие од мене, јас од нив. Работат со нив е големо богатство кое плени да се чувствуваш убаво и исполнето.

Но животот е непредвидлив и затоа е убаво човек секогаш да се надоградува и едуцира, едноставно ништо не се знае. Манекенството не беше мој животен сон.

Во овие води запливав случајно, откако мојата драга пријателка Лила Филиповска ме поврза со луѓето од лотаријата кои ме ангажираа како следна лото-девојка..

Оттука почна сѐ и ми се отворија сите врати“, рече Маја, а потоа, зборувала за својот син Тино кој е тинејџер и за него рекла дека е центар на нејзиниот свет. Инаку, Маја е разведена.

– Тино е центарот на мојот свет, па сум среќна што работејќи во образование сум во тек со сѐ со што тој се соочува, наоѓаме методи како да ја совлада материјата на предметите.

Го поттикнувам да се афирмира и социјализира преку различни активности истовремено укажувајќи му дека во животот има многу препреки кои треба да ги помине и да се соочи со нив.

Ние двајца имаме одлична комуникација пред се’ сме другари кои искрено разговараме за се’, така ми овозможува да сум во тек со секој негов настан и да можам правилно да го усмерам во секоја негова постапка.

Син ми го учам дека во животот е најважно да си чесен, вреден и кон сите да биде човек пред сѐ и неговиот успех ќе е неминовен.

Да бидам искрена сум слушнала коментари од типот на”наставничка ќе им била некоја манекенка”, тоа се случува пред да ме запознаат родителите на нови првачиња, но штом почнеме со работа нема предрасуди во врска со мојата предходна професија.

Јас не сум само убава жена туку и посветен наставник, не дозволувам да се делат децата, ги учам дека сите се рамноправни, работам на нивната самодоверба, разговарам со родителите на што да обрнат внимание во воспитувањето дома. Во координација сме 24 часа“, изјавила Маја.

Маја која одамна не се занимава со манекенство, сега е пак моделка. Таа ставила слики од модна ревија каде што носи бунда, и тоа се гледа дека станува збор за скапи бунди.

Под бундата, Маја има мини фустан и без оглед што долго време не е активна на модните писти, Маја остана згодна и убава и под бундата навистина има што да се види, секоја чест за Маја.

 

Previous articleСе огласија од семејството на Михајловиќ: Ова е прерано и неправедно…
Next articleГолема тага во семејството на Натали Грубовиќ – тажната вест ја пренесе сестра и Радица