Home Live Михајловиќ обожувал народно – неодамна кажа која му е омилена песна и...

Михајловиќ обожувал народно – неодамна кажа која му е омилена песна и дека Италијанците не знаат да се веселат (ВИДЕО)

Синиша Михајловиќ, кој играше и беше тренер на бројни тимови од италијанската Серија А и беше познат по своите спектакуларни слободни удари, се упокои по долга бор ба со ра кот.

Михајловиќ паузираше од функцијата менаџер на Болоња во Серија А во септември, откако тие не успеаја да забележат победа во првите пет првенствени натпревари.

Србинот стана менаџер на Болоња по вторпат во 2019 година и беше на чело додека се бореше со леукемијата.

Тој го издигна своето име како дел од тимот на Црвена Sвезда во Белград кој го освои Европскиот куп во 1991 година.

Потоа, се пресели во Италија следната година кога се приклучи на Рома и продолжи да игра за Сампдорија, Лацио и Интер.

Тој беше дел од тимовите што ја освоија титулата во Серија А со Лацио во 2000 година, а потоа и со Интер во 2006 година во неговата последна сезона како играч.

Неговата тренерска кариера започна во Болоња во 2008 година, а играше во Катанија, Фиорентина, Сампдорија и Торино, како и во Милан, каде беше на чело помалку од една година.

Неговата играчка кариера вклучуваше долги периоди во Сампдорија и Лацио, а тој исто така раководеше и со Србија.

„Се боревте како лав на теренот и во животот… вие сте и секогаш ќе бидете победник“, напиша италијанската премиерка Џорџија Мелони.

Упокојувањето на Михајловиќ, потврдено од неговото семејство преку соопштение, веднаш се најде на врвот на веб-страниците на главните весници во Италија, каде што играше во поголемиот дел од својата кариера.

Тој, исто така, раководеше со голем број клубови, вклучувајќи го и Милан.

„Збогум шефе, секогаш ќе живееш во нашите срца“, напиша Болоња на Твитер.

„Рајот доби уште една легенда. Синиша многу ќе ни недостига“, беше пораката од Милан.

Вчера и денес, медиумите пренесуваа штури информации дека неговата состојба со болеста се влошувала.

Неговиот менаџер и доктор не ја потврдуваа оваа информација, а последна вест беше дека членовите на семејството се повлекле од социјалните мрежи.

Сепак, денес стигна најнепосакуваната вест од Италија, за сите кои го обожуваа фудбалскиот виртуоз, кој знаеше и од преку 40 метри да ги тресе противничките мрежи.

Колку голем човек е Миха, покажа пред десетина дена, кога се појави на промоцијата на книгата „Убавината е бесценета“ од неговиот поранешен тренер Зденек Земан.

На Синиша Михајловиќ не му беше лесно, но сакаше да му даде поддршка на човекот од кој научи многу.

Најтрогателен беше моментот кога се појави Синиша Михајловиќ. Земан и Миха се поздравија, а потоа се прегрнаа… Таа прегратка траеше долго, додека избувна голем и долг аплауз.

На Твитер денес, се појави слика од ова последно јавно појавување на Синиша Михајловиќ.

Емотивна порака испрати и фудбалскиот сојуз на Србија.

Синиша Михајловиќ денеска нѐ напушти на 54-годишна возраст по битка со опасна болест.

Популарниот Миха беше една од најголемите легенди на Црвена Sвезда, со која во 1991 година се искачи на врвот на Европа и светот. По повод неговото упокојување се огласи и неговиот поранешен клуб.

-Со големо жалење ги известуваме ѕвездите дека легендарниот Синиша Михајловиќ денеска нѐ напушти.

Неговото име засекогаш ќе остане запишано со златни букви во историјата на Sвезда, бидејќи Миха беше дел од познатата златна генерација на нашиот клуб која се искачи на европскиот и светскиот врв во 1991 година.

Голема ѕвезда и човек со неверојатно срце и сила се упокои на 53-годишна возраст. Нашиот клуб изразува најдлабоко сочувство до семејството Михајловиќ. Нему нека му е вечна слава! – напишаа од Црвена звезда.

Пред само 1 година, Синиша давал интервју за „Ало.рс“ и проговорил за народните песни, колку ги обожава и која песна му го прави меракот.

На прашањето на новинарот, дали сака добра и квалитетна народна музика, Синиша одговори:

-Јас само и слушам народна музика, во кола, и кога трчам, постојано слушам народна музика. И народно и она новото, како поп, она поновото.

Реља, Раста, синовите тоа слушаат, а јас повеќе сакам народна музика.

Која песна ја нарачуваш во кафана?

-Има многу песни, јас oсобено го сакам Љуба Аличиќ, „Циганин ал најлепшији“, „Ти не личиш ни на једну“ ама за тоа треба да се напие.

Италијанците не знаат да се веселат, како ние што се веселиме. Не можеш таму во Италија да се веселиш, кога тие не знаат да се веселат, не ги разбираат тие песни ама за наша душа, да.

Потоа, новинарот го праша, како се чувствува, со оглед на тоа дека зад него стои тежок период, а Синиша рече:

-Супер сум, да знаев дека ќе бидам ваков, ќе се разболев порано. Јас тренирам, морам да бидам во форма. Кога не тренирам, тогаш трчам, работам со фамилијата, со жена ми, со децата… Никогаш не ми е досадно, рече Синиша.

Целото интервју може да го погледнете во видеото ОВДЕ.

Previous articleМногу пати раскажуваше за детството, а сега покажа и каков бил како дете: Би го познале ли Ване Маркоски на сликава? (ФОТО)
Next articleЛегендарниот Ју пејач кој си ќари 34 години помлада жена на необичен начин, наполни 77 години- никој не би му ги дал