Home Live Мими од „Ѕвездите на Гранд“ со зборови од кои се плаче за...

Мими од „Ѕвездите на Гранд“ со зборови од кои се плаче за својот Филип Нуне: Се молам за тебе!

Младата пејачка Мими Јовановска од Велес го фрли жирито на „Звезде гранда“ во Белград во транс, откако ја испеа „Судбо моја“, и сите станаа на нозе да ѝ аплаудираат, пред две сезони во ова познато шоу.

Еден од коментарите кои што ќе се памети е оној на Вики Миљковиќ, која ѝ рече: „Мими ти си лек”. Мими вели дека за еден од своите најуспешни настапи ја смета песната „Ако згрешам, нека изгорам“ од Пепи Бафтировски.

Новата ѕевзда на „Звезде гранда“, вели дека од мала е навикната на естрадниот и музички живот. „Јас уште од мала пеев по свадби, и кога моите пријатели излегуваа, јас не одев со нив, пеев по свадби“, откри таа во емисијата „Магазин“ на Сител.

Мими и Филип Нуневски минатата изминатово лето свадба, за која наголемо се зборуваше, оти не само што беше весела, туку невестата пееше, а младоженецот свиреше.

Јавноста ги запозна Мими како ѕвезда на Гранд, а Филип пак е трубач на познатите „Нуне брадрас“. Сè уште под емоции од свадбената веселба велат: „Тоа беше посебен момент.

Мими од една страна со микрофонот, јас со трубата од другата страна. Така ја почнавме свадбата, пеевме наша авторска песна. Беше прекрасно“. Тие заедно живеат две години. Затоа и немало адети да се зема невестата од дома, објави Репортер.

„Мими е од Велес, ама ние живееме заедно. Сакавме наједноставно за сите да направиме, оти на Мими родителите живеат во Шведска. Па така немаше земање невеста, таа си беше дома и си ги чекаше гостите.

Сите се собравме фамилијарно и беше најубаво за сите. Интресно е што ние деновите пред свадба имавме настапи, па нашата беше само во редот на сите оние на кој настапуваме“, се шегуваат Мими и Филип.

Мими публиката ја запозна по настапите во Гранд. Немаше настап а да не го фрли на нозе жирито, особено кога пееше песна од Уснија Реџепова. Мајка ми ме пријави на Гранд.

Тоа шоу секако дека ми ги отвори вратите. Искрена да бидам, сите ги ценам, но од Марија Шерифовиќ најмногу ми значеа поените“, вели Мими за „Репортер“.

Филип потекнува од музичко семејство. Од мал свири труба, заради која денес е дел од бендот “Нуне брадрас“.

Дома им било секогаш весело, оти по цел ден се свирело на труба, вклучувајќи го и наивниот татко кој е музичар. Нуне брадарс свиреа со оркестарот на Есма, а и последните песни пред да почине ги сними со нив.

Среќа е за мене да те имам и бескрајно сакам, вели Мими Јовановска во најновата песна „Приказна за нас“, за која беше промовиран спотот.

Партнер на Мими, не само во приватниот живот, туку и во песната е Филип Нуне, кој ја направи музиката, текстот и аранжманот, додека спотот го направи Даниел Јовески. Снимен е на неколку локации во Скопје, но во него се користени и делови од нивната свадба.

Оваа песна е дел од животот на Мими и Филип, се родила со нивна заедничка мисла и љубов, а беше отпеана на нивната свадба, пред три месеци, кога прв пат ја отпеа Мими.

Љубовта што ја носат во себе ја преточија во песна, во која ќе се пронајдат сите заљубени. Приказна која е вистинска, инспирирана од нивната љубов и од убавите моменти кои тие ги доживувале.

-Песна посветена за нашиот прв танц која опишува дел од нас , а верувам дека и многу млади парови ке се пронајдат во неа. Има многу емоции и љубов во неа, како што има во сите кои се сакаат, изјавила Мими.

Ова доаѓа како нејзин подарок за саканиот пред Нова година, и мора да признаете дека е баш оригинален. А Мими за Нуне, во оваа песна испеала:

Среќа е за мене да те имам, и бескрајно те сакам. За тебе се молам јас, ти признавам, ти љубов моја прва. Видеото за овој љубовен спот, можете да го погледнете ОВДЕ. 

Previous articleВака се славеше на мекици кај градоначалникот на Бутел, Дарко- еве кој се беше на оваа забава, се роди уште еден македонски лав (ФОТО)
Next articleТатјана Стојановска- пак манекенка, еве како била облечена и зошто сите погледи кон неа биле свртени (ВИДЕО)