Home Live Многу пати раскажуваше за детството, а сега покажа и каков бил како...

Многу пати раскажуваше за детството, а сега покажа и каков бил како дете: Би го познале ли Ване Маркоски на сликава? (ФОТО)

Ване Маркоски е еден од нашите најпопуларни водители, и актуелен на социјалните мрежи. Речиси секое утро, тој споделува фотографии од неговото ново работно место, Македонската радио телевизија.

Ване е по се изгледа радосен што денот му почнува со колешките и со гледачите на МТВ, водејќи ја Утринската програма. Тој претходно беше дел од тимот на Канал 5, од каде што си замина претходната година.

Ване за Женски магазин раскажа за одлуката да си замине од Канал 5 и да ја смени средината- во Македонската радио телевизија.

– Секогаш го слушам внатрешниот глас и знам дека тоа ме води во вистинската насока. Промените годат навистина и ги охрабрувам сите да ги практикуваат.

Секако дека имаше и потешкотии целиот овој период кога требаше да ја донесам одлуката. Не е лесно.

Одлука, нова средина, страв, трема, ама ако се издигнеш над сè, со искреност и си ја гледаш својата работа, без да наштетуваш на некој, тогаш сè си доаѓа на место“, раскажа Ване.

Ване на Фејсук често споделува свои лични приказни и раскажува убави спомени од детсвото, како што направи неодамна:

– За едно убаво време… Живеевме во стара зграда, а главната улица пред зградата, беше цела покриена со калдрма.

Спроти зградата трафика “Нова Македонија”, од рано наутро целата “опиена” од мирис на весници, малку погоре продавница каде се мелеше тазе кафе, а одма тука и фурна за леб. Спроти фурната и “Деликатес” – тогаш поим за супермаркет.

Се сеќавам кога сите тие мириси на весници, тазе мелено кафе, тазе леб, ќе се испомешаа наутро. Мирисаше цело маало.

Секое сабајле со свиткани пари во рака, трчав прво по весник, потоа по тазе кафе, па до фурната по тазе лебче и по млеко или јогурт, се сеќавам тогаш беа спакувани во кеси.

Ќе тркнев и до “Деликатес” по уште нешто и се тоа за некои 150 денари… За назад кон дома, редовно си купував и сладолед, млечен со чоколаден прелив, стандард вкус. Знаете на каков мислам.

Го продаваше еден дедо. Имаше фрижидер на самиот тротоар, одма залепен до нашата зграда. Тоа му доаѓаше нешто како награда за пазарувањето…

Доаѓаш дома. Се спрема појадок. Пушташ МТВ, почнува “Ѕвон” и не трепкаш. Колку само летавме, колку бевме среќни, затоа што со ова чуствувавме дека нешто придонесуваме за дома“, напиша Ване.

Ване Маркоски, по многуте приказни кои ги праскажа за неговото детство, сега и покажа каков бил како дете. Тој прифати предизвик кој го прифатија повеќе јавни личности

– Стани дел од предизвикот #СетиСе на СОС Детско Село и ајде заедно да создадеме среќни спомени за секое дете…“, напишал Ване и објавил слика од него каков бил како дете.

Потоа, тој предизвикал неколку свои колешки да го сторат истото. „Ги предизвикувам Дијана Гогова Атанасова, Милена Антовска- Станковска и Јована Костадиновска“, напишал Ване.

Previous articleГолема тага во семејството на Натали Грубовиќ – тажната вест ја пренесе сестра и Радица
Next articleМихајловиќ обожувал народно – неодамна кажа која му е омилена песна и дека Италијанците не знаат да се веселат (ВИДЕО)