Home Live Новинарот Сарма од „Сител“, мажот на Цаци Арсова, објави необична приказна со...

Новинарот Сарма од „Сител“, мажот на Цаци Арсова, објави необична приказна со своите колешки, Цаци не е во приказната (ФОТО)

Славица Арсова- Цаци и Александар Спасовски Сарма во последните години важат за најпознатите новинари и ТВ презентери во Македонија.

Како што е познато на целата јавноста, Александар во живо на вестите на Сител ја побара Славица за жена, а таа веднаш прифати и во тоа веме медиумите могу пишуваа за ова запросување.

Познатиот ТВ пар од Сител како круна на нивната љубов ја добија ќеркичка. Решија да ја крстат Мила, која е вистинска убавица.

За оние кои што не знаат, Славица е ќерка на нашата позната Тв новинарка Розета Асровска, која долги години својот „занает го печеше“ во Македонската радио телевизија, а Розета и денес е синоним за успешно Тв лице.

Професионална, убава и шармантна се само неколку епитети кои може за се кажат за Цаци.

Секогаш средена и одмерена со совршен стил кога и да се појави на малите екрани.

Славица Арсова е една од најпознатите ТВ лица која веќе долги години го води Дневникот на Сител, и е и главен уредник на информативната редакција во Сител.

Иако Цаци ретко зборува за својот приватен живот, во едно интервју за „Слободен печат“ таа одговарајќи на прашање за што би ги потрошила последните пари таа вели:

– Последните пари би ги потрошила на нова чантичка со детска апликација, за ќерка ми, рече Цаци.

Славица често ја гледаме во елегантни изданија, а тоа често е кошули и сако. Истот важи и за нејзиниот сопруг Александар кој пред камерите секогаш е среден.

Главна тема на разговори и коментари по едни од вестите на „Сител“ пред дест години беше брачната понуда што новинарот Александар Спасовски- Сарма и’ ја упати јавно на својата девојка и колешка Славица Арсова.

Сарма тогаш се јави на линк за да ја каже временската прогноза, а таа ги водеше вестите. Intervjua.com.mk во тоа време го направи првото интервју со него по тој храбар и романтичен потег…

– Накратко кажано, првиот ден поминува главно на телефон во одговарање на повиците и пораките со честитки на нашите пријатели и колеги.

Не знаеја многу луѓе. Знаеше само дел од продуцентскиот тим и техничарите кои ги реализираа вестите. На снимателот што го снимаше линкот на терен, како и на линкаџијата, им кажав кога се поставивме за да го реализираме вклучувањето.

Ако не се смета помошта што ја добив од човекот кој работеше во златарницата каде го купив прстенот, може да се каже дека го избрав сам. А, изгледа и го погодив. Барем така вели Славица.

Некое време ја чекав првата можност за јавување во живо и се подготвував само малку повеќе од вообичаеното. Тоа што се погодија вестите на Василица, беше случајно.

Се запознавме кога Славица се врати во „Сител“ од студиите во Америка. Немаме се’ уште точни термини. Тешко е да испланираш свадба за помалку од 24 часа.

Па, би рекол дека повеќе беше храбар потег. За романтика ми недостасуваа свеќи, и а надвор дуваше ветер“; рече овој наш новинар во тоа време,а сега тој и Цаци се родители на прекрасна ќеркичка.

Александар објави необична приказна- слика со своите колешки и колеги, но Цаци не е на неа.

„Евакуација“, пишува на сликата на која екипата Сител е сликана пред просториите на редакцијата во Градскиот парк, за време на дојавите за б ом-би.

Previous articleЕлегантни, а Марина во фустан со шлиц, Алачки и неговата љубов во специјално издание- празник на душата (ФОТО)
Next articleОва е вистината приказна за песната „Чаје шукарие“, еве што сакала Есма да порача преку неа