Home Live Ова е последната слика на Синиша Михајловиќ во јавност (ФОТО)

Ова е последната слика на Синиша Михајловиќ во јавност (ФОТО)

Некогашниот југословенски виртуоз, играчот на Црвена Sвезда, Синиша Михајловиќ, се упокои денес, откако не успеа по трет пат да се избори со леукемијата.

„Газета дело Спорт“, како и познатиот новинар Фабрицио Романо објавија дека српскиот тренер Синиша Михајловиќ го загубил животот на 53-годишна возраст, откако ја загуби битката со леукемијата.

Михајловиќ се упокоил во болница во Италија, додека покрај него било семејството, откако во претходните денови му се влошила здравствената состојба по тешката битка со опасната болест.

Српскиот тренер од 2019 година се бореше со леукемијата, која ја победи двапати, но опасната болест повторно се врати и овој пат Михајловиќ не излезе како победник.

Михајловиќ својата фудбалерска кариера ја почна во Борово во 1986 година, по што играше за Војводина и Црвена Звезда пред да се пресели во Италија каде што ги носеше дресовите на Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Како тренер работеше во Фиорентина, Катанија, Србија, Сампдорија, Милан, Торино и неговиот последен ангажман беше во Болоња.

Се уште се паметат сликите и снимките кога фудбалерите на Болоња, чиј тренер беше, доаѓаа под прозорот на болницата каде беше хоспитализиран и го извикуваа неговото име.

Вчера и денес, медиумите пренесуваа штури информации дека неговата состојба со болеста се влошувала.

Неговиот менаџер и доктор не ја потврдуваа оваа информација, а последна вест беше дека членовите на семејството се повлекле од социјалните мрежи.

Сепак, денес стигна најнепосакуваната вест од Италија, за сите кои го обожуваа фудбалскиот виртуоз, кој знаеше и од преку 40 метри да ги тресе противничките мрежи.

Колку голем човек е Миха, покажа пред десетина дена, кога се појави на промоцијата на книгата „Убавината е бесценета“ од неговиот поранешен тренер Зденек Земан.

На Синиша Михајловиќ не му беше лесно, но сакаше да му даде поддршка на човекот од кој научи многу.

Најтрогателен беше моментот кога се појави Синиша Михајловиќ. Земан и Миха се поздравија, а потоа се прегрнаа… Таа прегратка траеше долго, додека избувна голем и долг аплауз.

На Твитер денес, се појави слика од ова последно јавно појавување на Синиша Михајловиќ.

Previous articleЗбогум Синиша Михајловиќ – сите во неверување од веста која денес пристигна од Италија
Next articleСе огласија од семејството на Михајловиќ: Ова е прерано и неправедно…