Home Live Ова е сестрата на Живкица, Анита- Ми чуваш грб од кога знам...

Ова е сестрата на Живкица, Анита- Ми чуваш грб од кога знам за себе, три деца се растат полесно со сестра како тебе (ФОТО)

Во една перилика, пред новогодишните празници, водителката Живкица Каленикова има изјавено дека потајно верува во Дедо Мраз“, објави во една прилика Точка.мк

Живкица тогаш посака Дедо мраз да донесе Годинава повеќе чист воздух и да ни ги наполни срцата со љубов и разбирање. Во новогодишното украсување на домот учествува целото семејство.

– Тоа е една традиција која многу ја сакаме и ништо нема поубаво од првото утро во новата година и трчањето кон елката да видиме колку сме биле добри во старата и со што не наградил Дедо Мраз“, рекла Живкица, а мислела на подароците под елка за Нова година.

Исто така, изјавила дека сите, целото семејство уќествува во новогодишното украсување на домот, таа, сопругот и нивните три деца, ќерката Ана, и снивоитр Марко и Даријан.

– Да, и апсолутно е така позабавно, како растат децата внимаваат повеќе и нема простор за паника од расчупана елка“, рекла таа.

По подолга пауза, повторно се врати дома во МРТВ, во новото „Жилет“ шоу, а за својата емисија, таа во Женски магазин изјави:

– „Жилет“ е на еден начин продолжување на „Тунел“, Жиле Т-како Тунел или Токшоу. Се’ си има врска. Сето она што го направив со „Тунел“ сметам дека не треба да се прекине , зборувањето на теми кои се однесуваат на секој сегмент од животот , зборувајќи за социјално ранливите категории, реалните проблем со кои луѓето се соочуваат.

Познатите и нивните животни приказни кои се сосема понекогаш различни од сликата која ја имаме за нив кога ги гледаме и слушаме. Имаме и музика, бидејќи таа е составен дел од нашите животи, и замислете да немаше музика како би ни било.

Минатата година беше тешка за Живкица и за нејзиниото семејство на приватен план, таа ја загуби својата мајка, а неколку емсеци подоцна, се упокои и таткото на Живкица.

– За некои работи, некогаш не добиваме одговор. Годините и животното искуство не’ менуваат сите како како личности, па така веројатно и мене.

Стануваме помудри и позрели , но мислам дека си го задржав детето во себе, желбата постојано да истражувам, учам, и на крајот да му се радувам на живототи покрај тоа што не знаеме што ни носи следниот ден.

Е, токму тоа животно искуство направи да созреам преку ноќ, да научам за минливоста на животот. И важноста колку треба да бидеме свесни дека секои нов ден ни е добредојден.

И треба со позитива и со убави луѓе да си го минеме. Кога се тука вашите родители, без оглед колку години да имате и дали и самите сте родител имате едно чувство на припадност, чувство дека секогаш е тука некој е за вас, безрезервно, и ве сака најмногу на светот.

Кога замина мајка ми, ненадејно како да го изгубив тлото под нозете, особено што бевме многу биски. Грижата и љубовта за мене и мојата сестра потоа, и нашите деца беше нешто на што сум горда, а што имавме мајка и баба како неа.

Нашата Нанче беше посебна. И татко ми се предаде некако, и не можеше да ја најде смислата на животот без неа. Можеби нивната голема љубов и поврзаност го направи своето.

И како велат, во животот ќе добиете тежина и товар онолку колку што некој од горе смета дека можете да издржите.

Многу е тешко, но веројатно тоа што вистина сум многу позитивен човек ми помага, а најмногу ме мотивираат моите деца, сопругот, семејството да продолжам понатаму, бидејќи тоа е кругот на животот.

Јас сум среќна што сум плод на една голема љубов и имам премногу љубов да дадам на моите најблиски“; изјави Живкуца на почетокот од оваа година, поотчно во месец март.

Живкица вчера на својот Фејсбук профил објавила слики со својата сестра која е вика Анта и до неа упатила доста емотивна порака. Откако останаа без обајцата родители, ти си се поддршка и утеха една на друга.

– Го знам на памет секој детал за твоето доаѓање на овој свет иако си постара од мене, мама тоа толку описно го раскажуваше секоја година од ново и ново и никогаш не и беше мака да го направи тоа.

Иако оваа година ги нема, нема снег како годината кога си родена но си ја повторив приказната, сфатив колку работи се сменети и ги нема ама и си реков добро е, се имаме една со друга.

Ми чуваш грб од кога знам за себе, дури и три деца се растат полесно со сестра како тебе. Среќна ти 50-ка умнице и вреднице моја , следната 50-ка нека ни биде со радост, смеа и боја“, напишала Живкица за својата сестра.

Previous articleЗа да имате нозе како Вера Мештеровиќ, треба многу да се потите, водителката директно си покажа (ФОТО)
Next articleГрадоначалникот на Гази Баба ја поддржа оваа наша пејачка, се појави на забава кај неа дотеран, со сопругата (ФОТО)