Home Live Перо Камиказа емотивно се огласи за Аки Рахимовски- ова е најмалку што...

Перо Камиказа емотивно се огласи за Аки Рахимовски- ова е најмалку што можевме за него

Вест која го потресе целито регион, на 22 јануари оваа година е упокојувањето на Аки Рахимовски, пејач на групата Парни ваљак од Загреб, инаки наш познат скопјанец.

За загубата на легендарниот скопјанец е објавено на официјалните страници на Парни ваљак.

„За малку нежност на сѐ ќе се согласам, за малку нежност за да можам да заспијам“, се стихови од негова песна со кои официјалната страница на Парни ваљак се простува од Аки Рахимовски.

Рахимовски е роден во Ниш во 1955 година, но набрзо неговото семејство се пресели во Скопје, каде тој ја започна својата рок кариера, а подоцна, благодарение на неговиот вонсериски глас, го презеде микрофонот во Парни ваљак.

Уште на седумгодишна возраст започнал да учи музика – клавир, неговиот татко бил наставник по музика, а како тинејџер ќе биде дел од неколку рок и поп состави во Скопје, како во Крвни браќа и Тор.

Во 1975 година се запознава со гитаристите и композитори Хусени Хасанефедиќ – Хус и Јурица Паѓен, заедно ја формираа групата Парни валјак, која набрзо ќе стане конкуренција на тогаш неприкосновената Бијело дугме.

Со Парни ваљак со децении ќе ги освојува срцата на публиката, со оваа група ќе сними десетици албуми продадени во стотици илјаден тираж или, во вкупен тираж од неколку милиони примероци, и ќе има стотици и стотици концерти во поранешна Југославија и надвор од земјата.

Вкупно 16 студиски албуми, 5 албуми во живо, 14 сингл-плочи , 4 компилации и две двд-изданија се бележат со гласот на Рахимовски. Во извесен период Аки Рахимовски имаше и соло кариера и свои дискографски изданија.

За неговиот приватен живот малку се знаеше, имаше зад себе два брака, и две деца – син и ќерка. Пред три години пов трет пат стана татко, со Словенката Барбара Весел добија ќерка,

Се истакнуваше со вонсериски глас и настап на сцената. На Аки Рахимовски утрото на 22 јануари му се слошило, а се упокоил во болница во Ново Место, Словенија.

Инаку, пријатели со Аки биле членовите на групата „Меморија“, кои во јуни годинава одржале концерт насловен матура, и собрале матуранти од повеќе генерации, во Скопје.

Меморија“ најавија дека ова ќе биде нивен последен концерт, по оној во 2017 година во Метрополис Арената. Знаејќи со колку вложена љубов Поце, Ристо, Перо, Цале, Тино, Бане и Давор ни го приредија ова доживување, сигурно дека ќе се зберат пак.

И самиот Ристо Самарџиев кој инаку изненади и со изведбата на неговата „Таму кај што си“ рече „Да живееме за музиката, и ќе се збереме пак“. Идејата со душа сите му ја прифатија“, објави Женски магазин тогаш.

Поени плус на оваа убава и носталгична матурска забава ѝ даде гостувањето на „Ласт ескпедишн“ и Енко со „Шефе“, но и „Некст тајм“ со „Ја излези Ѓурѓо“. За почит е трубјутот за Влатко Илиевски и песната „Кога патувам“ која Ристо Самарџиев ја отпеа заедно со „Морал“ и со „Меморија“.

Во чест на Аки Рахимовски, се пушти на бим, па се отпеа неговата „Јесен у мени“. За жал, Сеат Јакупи од „Конкорд“ не дојде на концерот поради болест, но во неговата „Високи штикли“ на сцената се појави Венко Серафифимовски., стои во тексот.

„Меморија“ ја преработиле песната „Јесен у мени“ од Аки Рахимовски, и ја свиреле на нивниот концерт во Арената Борис Трајковски кој се одржал пред неколку месеци, во Скопје како што напишавме погоре. Оваа снимка, Перо Камиказа ја сподели на Фејсбук и напиша:

– Најмалку што можевме, е да му оддадеме почит на нашиот Аки Рахимовски, музичка легенда и човек со големо срце!

„Јесен у мени“ во изведба на Меморија и публиката во Арена Борис Трајковски. Вечна ти слава маестро!“ Видоеото од овој настап можете да го видите ТУКА.

Previous articleБрено, не ти доликува ова како ѕвезда од вашиот калибар – Фановите за првпат разочарани од пејачката
Next articleПреку ден во слатко издание, а навечер стегната во кожно, еве со што се слади Елена од „Живот со Стил“